Од една страна ми е допаѓа твојата дистанца пошто и јас не би сакала да брзам. Од друга страна ако си сериозен би сакала да го докажеш тоа. Не се плашам и срамам од ништо, искрено би сакала да се обидеме. Долго време сум сама и искрено во последно време покрај сите проблеми единствен што успеваш да изнудиш насмевка на моето лице си ти. Звучам како заљубена тинејџерка знам ама едноставно тие некои работи ме прават среќна, има промени кај мене сите ја забележаа. Немој да ме повредиш и растажиш те молам, не би го поднела тоа кога еднаш ќе се врзам за некого после тежок ми е секој момент без него.
Лесно ми е да си седам вака со компјутерот и да си правам муабет самата со себе без никакви последици да носам за тоа што го кажувам и без непотребни расправии и негативна енергија и затоа ти пишувам тука да ми олесни на душава мене а да не ти биде тешко тебе, во ниеден универзум да не дознаеш колку страдам заради ова, во ниеден универзум да не бидеш ти оној кој ќе се растажи заради мојата болка. А зошто сакам да те заштитам од тоа? Затоа што си во право. Сосема си во право. И те поддржувам и ја почитувам твојата одлука. И тебе како личност. И сум толку слаба и инфериорна кога си ти во прашање. И ти го давам сето останато од мене со сета љубов и доверба. И те сакам, и ќе те сакам, и сите ќе ги одјебам за тебе без сомнеж. Ти си ми се’ што имам на светов. И се тресам од страв дека ќе те загубам поради нешто кое не можам да го контролирам. Се тресам од страв бидејќи кога те нема тебе јас сум целосно сама. И си ми потребен повеќе од што можеш да замислиш. Никогаш нема да заборавам што ми кажа.
Падна и првата кавга, супер, си се покажа. Како тоа лутење за такви банални работи. Ако имаш проблеми со љубомората, довербата што бараш со мене не знам. Ако продолжиш вака брзо ќе добиеш црвен картон од мојот живот, нема многу вакви испади да трпам. Кај време немаш за мене, за се изговори, па уште и љубомора.
Толку трпеливо ми објаснуваш, ме разбираш кога ти се жалам за банални работи, ме охрабруваш, ме поучуваш и ме ислушуваш со внимание. Единствен си кој разбира колку ми е тешко, а не ме тапкаш по рамо и велиш дека ќе биде. Ме потсетуваш да верувам во себе, ме смируваш, ми даваш сила. Јас сум таков среќник што си ми партнер, најголем Божји благослов .
Мене паметот каде ми иде од таа пуста љубомора, далечина, и недоверба што ја имам во тебе благодарение на претходни личности кои ми биле дел од животов, а ти низ што се минуваш. Би си врзала таков еден шамар да се опаметам малку. Не заборавај што и да е ќе помине, заедно се ќе пребродиме, ќе се избориме за нас, за нашата иднина и нашата љубов. Те сакам, ти си ми се мое.
Ако јаките жени се пеперутки чии крила раснеле со секоја следна болка и борба и победа Еве како завршуваат тие штом паднат во рацете на маж како тебе...
Знам дека зборовите не може ни да се мерат со делата, но толку ли е тешко да се каже „И ти мене ми фалиш“?
Кога и да го слушнам или прочитам твоето име, насмевка ми се исцртува на лицето, гледам никој да не ме забележи за да не добијам прашања, на кои не би сакала да дадам одговор. Премногу ми фалиш, ми фалат твоите прегратки кои не можам да ги споредам со ничии други.
Ал ночас далекооо си,далекоо сии после продолжува неко те други има Нееее те немаво тоа сум сигурна 100%(засега)