Мислам на тебе. Сонувам за тебе. Ја замислувам нашата повторна средба, во нашето градче. Уште малце миличок
Можеш да бидиш груб и суров.Да ме убиваш одново со секој поглед.Да ми го кршиш срцето Да ме турниш,да ме згазиш.Твоја сум,целосно.Твоја играчка,твоја марионетка.Ама никогаш не можеш да ме натераш да не те сакам.Секое твое движење,секој твој здив,сите твои игри...ме излудуваш.Глумиш најдобро,твојата суровост знаеш да ја доведеш на завиден степен.Живеам за моментите кога ќе те видам,за моментите кога молчешкум тргнуваш по мене,за моментите кога од очите се чита :те сакам,за моментите кога си најдобар на цел свет. Тука сум,секогаш околу тебе.Упорна до денот кога ќе ме земеш в пегратка Засекогаш тука,твојот ангел чувар.
Уште има време, уштеееее.... Овој февруарко ко од место да не мрдат. А другиве години додека да трепнеш ке го снемаше. Интересно
Да ми се јавиш сабајле, да ми речиш ти донесов пишманија и чај дојди земи ги. Да се избарџаме цели, да пиеме чај, да се гушкаме и од задутре ко ништо да не било. Толку.
Започна денот во кој на никој и ништо знам дека немам што да простам, сем себе... Започна денот во кој конечно треба да си простам себе за се што добив покрај тебе , а не заслужив, и за се што не добив, а имаше цел да го цементира моето деградирање.... Започна денот во кој конечно треба да си простам за казната сама што си ја изреков... Започна денот во кој по толку солзи, бес, докажување, психијатри, писхички војни треба да си ја признаам својата вредност и конечно без ниту еден разменет збор веќе со тебе да продолжам напред... Започна денот во кој на никој и ништо нема што да простам, сем себе дека сум сакала толку погрешна личност, сем себе дека сум била слепа при очи....
Што и да е одговорот на моето прашање, ако. Подобро, отколку да чекам со часови одговор на порака, а на крај да добијам seen, подобро отколку еден ден да ме направиш да се осетам ко 3 метра над небо, а друг ден да ме спуштиш и да се осеќам мизерно. Додека е уште почеток, нели главата на змијата се сече на почеток. Можеби ќе е позитивно, можеби ќе е негативно, но подобро отколку да се измачувам и да ги мозгам твоите измешани сигнали...
Спојлер Година дена после ова што сум го напишала за тебе во темава, пак си ми дел од животот. И секој муабет со тебе ме прави неверојатно среќна, иако и двајцата знаеме колку е ова погрешно. Многу си ми сладок што се грижиш толку многу за мене, и кога ми зборуваш дека не сакаш да бидам тажна никогаш. Во такви моменти знам што чувствуваш за мене, и не ми се потребни зборови. Ама нашево е толку многу комплицирано, и знам дека ќе мора да го направам оној муабет дека е подобро да останеме friends со тебе во моментот кога ќе бидам психички посилна .Не сакам, верувај ми, воопшто, ама таква е реалноста. Ама во овој период од мојов живот кога ми треба најмногу подршка, мило ми е што си тука за мене макар и виртуелно. И што ми измамуваш насмевка на лицето кога ми е најтешко.
И денес пак пишувам за тебе овде. Се чувствувам како да ја имам целата тежина на светот на својот грб.. Одбивам да разговарам за тебе, затоа што секогаш завршува со караница со соговорникот а се уште ме боли, затоа пишувам овде со надеж дека ќе ми олесни повеќе. Остави длабок траг во мојот живот, голема лузна, зборови кои не се забораваат, моменти кои не се забораваат ми излегуваат пред очи и наеднаш пуштам крик од плач. Свесна сум доволно дека не заслужуваш, за се ми е доволно јасно, гледам и што правиш ама ете... љубов не се искоренува од срцето за толку краток период. Тука те напуштам со надеж дека нема повеќе да пролеам солза за тебе ниту пак да пишам еден единствен збор. Не можам повеќе, си го расипав здравјето поради тебе. Биди среќен, се надевам и јас ќе бидам наскоро. Збогум.
И денес многу ми фалиш. И денес сакам да те гушнам. И денес сакам да легнам и заспијам до тебе. Но ти и денес си далеку од мене. А ќе ми недостигаш и утре, знам. Ајде злато дојди си што побргу!
Фалеш ми многу, ама пуста гордост ..Ќе те гледам ама ќе патам и никогаш нема да дознаеш дека патам.. "Жена си и крв да ти капне од срцето има да кажуваш дека со кaрмин си се измачкала.."