Мило ми е што мислиш на мене. Се радувам секогаш кога ќе ми пишеш порака за добро утро, за убав ден, за добра ноќ. Подарено внимание, убав збор и искажани емоции на мене многу ми значат.
Само еднаш се сакало, само еднаш, вистински, искрено, невино, чисто... Еднаш и секогаш, засекогаш, ќе те сакам на свој начин. Секогаш! А да си простиме, знам дека никогаш вистински нема. Ни сама себе не можам да си простам, камо ли од тебе да го очекувам тоа А тебе, ти простувам! Јас бев таа поради кој ти постана таков. Ти простувам и морам да продолжам..Без тебе, засекогаш со тебе во срцево
И оваа ноќ ќе заспијам мислејќи на тебе. Ќе ја гушкам перницата наместо тебе. Ги бројам деновите за да те видам. Ситно е ситно. Уште малку остана. Едвај чекам да ги видам твоите најубави очи. Убаво спиј сонце мое и мисли на мене!
Види! Ти си едно прекрасно суштество, прекрасен човек, предобар!Ваков како тебе досега не сум запознала, некој кој се грижел толку за мене, кој знам дека ме сака и знам дека се би направил за мене, се што е во твоја моќ...Фала ти за се што направи и што правиш за мене, што секогаш ги слушаш моите глупости и жалења и дури кога сите се против мене ти си тој на кој можам да се потпрам и би сакала и ти да се потпираш на мене иако не сакаш бидејќи си машко, но те разбирам. Понекогаш толку ме разнежнуваш што ми се плаче од среќа. Ти си тој кој секогаш бил искрен со мене, толку си посебен за мене, во моето срце секогаш ќе имаш посебно место,Хмм..и што да ти кажам друго обожавам кога јас ќе кажам некоја глупост и некој мој филм, а ти паѓаш од смеа хаахах знаеш дека сум будалче. Само ќе те молам никогаш немој да престанеш да се смееш... иако сега пократко ќе се гледаме..Знај дека многу ми значиш и те обожавам и те сакам бескрајнооо...Се би направила за тебе исто како што ти правиш за мене секогаш. И секогаш ќе бидам тука за тебе!
Се воздржувам да не ти пишам... А сѐ повеќе ми фалиш... Но, морам да ги кријам чувствата, се однесувам најпријателски, ти велам дека те сметам за најдобар другар. А бура од емоции ми го распарчува срцето, но едно знам, а тоа е дека не смеам да дозволам да те оддалечам од мене. Туку баш напротив, морам сѐ да направам за што повеќе да те придобијам. А веќе не знам што да правам, не знам што е правилно. Не сакам да погрешам.
Зошто си краток на комплименти? Значи кога најмногу ми треба твое мислење ( во шопинг) ти велиш фино е Не е фер спрема мене .... А знаеш неодлучна дека сум.... Кажи бре топ ти стои, ко за тебе створено... а не само фино е. Не знам дали ти се свиѓа или не... (ако му го кажам ова нема да дојде со мене никогаш више) Али ипак те сакам највише
Sto I da kazam nitu IMA smisla nitu IMA znachenje. Koga mislite ke gi pretocham vo zborovi dobivam monolog Dovolno te poznavam za da premolcam se sto me zdoboluva.
Ми текнува на дијалогот кој се состоеше од: Јас,ти и другарка ми. Џоа ќе се мириме јас и ти а другарка ми сведок Тоа небаре беше како парница за развод а не обична помирувачка Од која денес значи неможам а да не ги покажам забите со полна насмевка до уши (можеби и преку уши ) кога ќе ми текне Ти "промрмла" нешто од типот да заборавам на минато аа јас како јас веднаш знаев погрешно да сфатам за лесно да ти се налутам со изговор, кој место на тебе јас го пренасочив кон другака ми, кој гласеше: "Зарем не свати?? Убаво си кажа детето секој да си го фати својот пат!!" Таа веднаш чудно ме погледна (од типот што и е на оваа ), а ти веднаш ја отвори устата говорејќи ми " Нее грешно ме свати, кога спомнав минато мислев на тоа да заборавиш на лошото а не на нас!" Добро одсега ќе си знам! Ама и ти да си знаеш доколку сакаш пак да се помириш со мене да си ги сврзеш речениците подобро Како и да е... шала на страна..Се би дала АМА БАШ СЕ само да се врати тој миг сега и повторно да се смириме како и тогаш Болат спомени болат... Мислев дека е само сон тоа што те среќавам после толку доолго време. Како последица од тоа што не останало ни трошка надеж од сомнежот дека ќе останеш во минатото од моето детство..Да..Бевме сосем деца кога те сретнав за прв пат, се сакавме цело време како што растевме. Ме изненади тој миг дека сеуште си ме сакал и покрај долга разделба... Последно јас те напуштив знам но изненади ме повторно на истиот тој начин
Уште не можам да се помирам со фактот дека ти ги кажав тие зборови. Се почувствував глупаво кога ми го постави после тоа прашање. Ненамерно ти ја снижив самодовербата. Ама ти не се ни налути, зошто ме познаваш, и знаеш колку ме боли да те видам натажен, а и зошто ме сакаш. Само посакав во тој миг да те гушнам најсилно, да ти се извинам, и да ти повторам колку ми значиш, дека те сакам таков каков што си.
Со тебе се будам и со тебе заспивам. Било да си ми на рацеве на дофат или не.. и кога те нема тука си... мисливе ми ги имаш одамна освоено, а под кожава живее секој твој здив. Велат секој си има свој посебен човек на светов.. а ти си мојот one of a kind. Тој ден, на самиот крај од една година, се ветивме еден на друг. За до крајот на овој живот. И во секој нареден. Таму ќе бидам.
И додека пред мене се трупаат проблемите кои мислиш крај немаат, имам некаква морничава смиреност знаеш ли? Штом ти помина, таа тешкотија и психичка тортура се ќе помоне си шепотам сама навечер за полесно да заспијам...
Како беше бе она на правилно место во погрешно време, така ли беше не знам. Но знам дека ние сме го утнале времето, кога јас имам некој ти немаш, кога ти имаш некоја јас немам. Сега ти немаш јас имам, пак погрешно време, на погрешно место. Дали некогаш ќе можеме вистински да бидеме заедно. Срцето ми трепере, трема ме фаќа, од нервоза само пристите си ги пукав, кога седам до тебе јас сум како на трње да седам, не можам еден салмен муабет да направам. Тешко е ама јас се откажав, ќе ми останеш во срцето како прва љубов.