Одамна саκав да пишувам овде ама нешто ме κочеше. Што да ти κажам и самата не знам. Јас само молчам и κога тρеба да збоρувам молчам. Ми велиш имаш големо сρце, можеш да ми пρостиш ама не сум за пρостување. Баρаш начин да ме опρавдаш и пρед тебе и пρед мене и се тρудиш а сега највеρојатно седиш сам и ρазмислуваш, се тρуеш. Стегна заби и ти κонечно, ρече оти оваа ми е последна шанса κај тебе, после две ипол години чеκање се одлучи и ρече оваа ти е последна шанса. Две ипол години ме чеκаше, година ипол ме гледаше со дρуг, и на κρајот ми ρече деκа од тебе одамна се ми е пρостено. Исκρено навистина не знам што би ти κажала, знам само деκа вρеме е ρаботите да си ги сванам сеρиозно. Те саκам.
Убаво би било да си легнувам порано. Така нема да останувам сама и нема да мислам на тебе. Но, што да правам со мисливе во 2 денски, во најголемите гужви? Што тогаш кажи? Има ли крај ова? Ми недостигаш...
Од главата ти е се. По тој пат си избра по него да си одиш нема назад за тебе само напред и мене ме нема повеќе на твојот пат. Колку порано прифатиш, толку подобро за тебе. Понекогаш љубовта не е доволна на една врска да опстане сведок сме ние. Секогаш кога си одиш не од некој не значи дека повеќе не го сакаш туку дека не е вреден за твојата љубов и сетиот труд и време што го вложуваш во таа личност. За жал сфаќаме колку вреди некој кога ќе го изгубиме засекогаш.
Очајно пробуваат да не сопрат. Што ли мислат? Зошто се убедени дека ќе направат да те отфрлам од животов? Ниски потези на ниски луѓе, ги жалам. А ти, ти секогаш ќе бидеш нешто за мене. Тие не го сфаќаат тоа. Не сфаќаат како индиректно ми помогна во животов, ме оживеа. Никој никогаш не ја виде мојата сроната душа и затоа не веруваат. И да, сите мислат дека сум млада да имам проблеми во животов и да ме гази депресија и стрес. Но не е така ама никој не сфаќа
Патот до твоето срце е толку тежок исто како што е тешко местењето на коцкичките во рубрикова коцка. Но, не заборавај, шкорпијата никогаш не се откажува од своите цели, од своите соништа, колку и да ми е тешко, колку и да изгледа невозможно, се борам и ќе се борам, но еден ден ќе ги наместам коцкичките на рубриковата коцка, верувам во себе, верувам во мојот карактер, верувам дека ќе ти влезам во срцето со помош на убавината на душата. Го чекам денот кога ќе бидам искрено среќна, кога ќе ми нацрташ трајна насмевка на лицето, која не ќе може никој да ми ја избрише. Дојди и помогни ми заедно да ги наместиме коцкичките, нема да ја одбијам твојата помош, не ме оставај да се измачувам, не дозволувај да изгубам премногу долго и драгоцено време.
Никако да ти дадам прилика да ме сакаш, Никако да ти поверувам, Никако да престанам да ти се дерам Никако да седам да те сослушам затоа извини... никако да ти речам фала ти што и покрај се ме потсетуваш дека заборавам на себе.. никако да ти речам фала ти што ми испраќаш хеланки дома, потсетувајќи ме дека е време да се вратам на вежбањето, да се вратам на себеси и да се погледнам во огледалото од кое толку бегам, и да се смеам, ете тоа ти било демек најважно... никако да ти речам фала ти и извини...ама продолжи, може сепак ќе го стопиш мразот во мене, којзнае....
Готово од денес па натаму, за мене си мртов не постоиш, како воопшто да не си постоел. Нема повеќе да те спомнувам, да те мислам ниту да проверувам било што за тебе по социјалните мрежи. Денес кога го видов новиот колега останав без здив. Сфатив сум била во заблуда не те сакам ни најмалку, само сум била оптеретена со тебе од омраза.... Збогум остануваш закопан во минатото!
Колку повеќе те запознавам, разбирам дека ние сме толку многу различни. Нашите животи, семејства, карактерите па се е толку многу различно, како небо и земја. Ти ладен, размнодушен, незаинтересиран тип, јас од страна можеби делувам по малку арогантно и безобразно, сепак имам огромна потреба некој да ме сака и чува. Низ годините глумев лудило, не ми требаше никој си бев доволна сама на себе ама верувај дека во мене остана една празнина која може само маж да ја пополни. Не барам ниту богатства, ниту убавина, ниту слава туку човек кој ќе биде доволно зрел и паметен, сериозен и стабилен, разбран да знае што сака и има и за него да бидам единствена. Уморна сум од детски игри, неверства, незрели работи едноставно сакам сериозна врска и толку. Единственото што ме мачи е дека можеби ти не си човекот за тоа, а тоа ме боли по малку. Премногу очекувам премногу сонувам и на крај се разочарувам. Уште еден мој неостварен сон, дозволи ми да ти се приближам и да ти покажам колку искрено можам јас да сакам како дете, може и ти ќе ме засакаш, се надевам. Добра ноќ
Со тебе сум подобар човек,сум кажала и секогаш ќе го кажувам истото. Секој ден се повеќе и повеќе ме усреќуваш,ти си ми наградата од Бога за онаа што претходно го поминав а не бев виновна. Те чувам ... заедно ќе се чуваме еден со друг цел живот.
Не можам да се сетам на ниту еден убав збор од тебе, на ниту еден убав гест.. И си велам дека ќе те сретнам кога тогаш и знам само дека ќе ме стегне желудникот. Само да бидам храбра да те одминам, тоа го заслужуваш.
Те оставам по стоти пат....овој пат не велам дека е навистина крај затоа што многупати го реков тоа а потоа секогаш наоѓав изговор за да те оправдам и повторно да ти пружам шанса....овој пат ја чувствувам одбивноста го чувствувам крајот!!!!
Аххх нека изнаправи овој леонче спотови што повеќе да можам да те меркам во движење кога ќе ми недостигаш Како близнаци сте Совршен мој со недостижен карактер и смрзната фаца и засекогаш таков ќе останеш во моето срце како и јас во твоето и во твоите очи соживувајќи се исто и ти во моите... Од секогаш знаеа да ме прашаат? Каде го најде овој совршен тип и храбар херој кој те држи како капка на дланка недозволувајќи некој ни збор настрана да ти каже, а сепак има толку остар поглед,како го освои овој смрзнат тип кој ништо не погледнува околу себе? Итн...незнаејќи дека ти си тој кој ме пронајде преку обична фотографија. Незнаев што да одговорам си поќутев... Сосем чудни ми беа тие прашања од типот дека си бил еден вид на мафијаш и си претепал многу души Иако знам дека за другите изгледаш лош со остар поглед кон мене си чиста спротивност и си најмилото,најдоброто нешто кое сум го запознала на овој свет Добро се знаеме со години низ кои често пишувам за тебе на форумов. Осеќам како да пак судбината ќе не спои,осеќам дека ми влегуваш повторно на фејзбук и ме штитиш Читав каде си пцуел Битно е што си го имаме меракот еден кон друг , убаво ми е и најудобно се осеќам со тебе,знаеш секогаш да ми ја креваш самодовербата дека вредам и дека сум ти по мерак. Верувај тоа и ми е најбитно за другите не ме занима каква сум битно да ме исполнува твоето задоволство од кое те опива погледот кон мене а јас се топам како сладолед.... Те сакам
Не знам како да ти го кажам ова, ама мразам кога после неколку излегувања и активно пишување 2/3 недели, ми се закачиш за врат и правиш планови као да се знаеме цел живот и тераме врска со години. Немој, да се понашаш као да сум јас личноста што си ја чекал цел живот, ме гуши тоа. Немој сега да рушиш впечаток и да ги убиваш пеперутките кои ги имав првиот пат кога ми пиша за излегување. Немој сега кога не сум сигурна во чувствата, а и кој би бил после толку кратко време. Уште од сега размислувам на можна причина ако треба да раскинам, а тоа не е на арно.
Прв пат забележувам дека на вибер си запишан со нашите иницијали, хмм кога не се уклучувам и тебе те нема дали ти тоа гледаш кога сум онлајн..
Денес ми докажа дека стварно си поинаков од другите и дека вредело што те избрав и ти дадов шанса. Без потреба 2месеци се мислев толку многу, да не сум згрешила и слично. Ќе го памтам датумот како најубав до сега у мојот живот. Сериозно се заљубувам.