Дојди заедно да побегнеме од сѐ и да заборавиме на сите, без да се грижиме кој што ќе рече. Да одиме во некоја планинска куќичка, во која каминот ќе ја разгори љубовта и со заљубен поглед ќе го гледаме снежниот танц на снегулките балерини. И на двајцата ни треба еден таков одмор далеку од сите. Да не ги броиме деновите, туку да им се препуштиме само на убавите мигови и да останеме што подолго во таа снежна планинска идила.
Ме правиш пресреќна Кога ме прашуваат зошто се смешкам и сум расположена, не знам што да им кажам... едноставно не можам да опишам со обични зборови. Толку пријатни изненадувања ми приредуваш во последно време, што навистина покрај тебе се чувствувам како принцеза
Пак ме фати носталгија посакав да можам на миг да го вратам времето, снегот ми буди спомени, ме потсеќа на тебе, на се што поминавме на првата ноќ кога се видовме колку само ме чекаше. На убавите мигови поминати заедно и да повеќе не боли навикнав на фактот дека те нема...
Ако мислиш дека се предадов, се лажеш! Утре ја го возвраќам ударот Има да се најадеш снег, ко јас денес Те сакам најмногу
Фала ти за сета поддршка која ми ја нудиш. Што можам да се потпрам на тебе, што знаеш да ме подигнеш.Обично беше обратно, знаеш, ама чуден е животов и подготвува секакви сопки и бариери. Фала ти што си со мене. Среќна 7 .Поминавме многу заедно, а допрва да минеме само убавини
Изгледа ќе треба во март да влезам среќна што поминале овие 2месеци тортура и да му речам на народот конечно го исфрлив ѓубрето од животот т.е тебе. Душата ми ја извади више или опрај се или толку беше. Enough it's enough
Ееееееее толку денови те сакав, повеќе од себе, а никогаш не видов дека во овие , тешките ти со прст не би мрднал.... Жално...жално за мене.. Ама иако не те сакам.. учам, секој ден учам...посебно во ваквите...
Знаеш дека многу не сакам разменување нежности на јавни места. Но, ти мораш барем раката да ми ја држиш под маса и ни една минута не ме испушташ. Така ме гледаш без да трепнеш и не сакаш да ме пуштиш да си одам. Убаво е денот да се помине со тебе.
Ми се смачи веќе од оваа неизвесност. Во еден момент правиш да се чувствувам како да лебдам во облаци, а веќе во наредниот се однесуваш како да не постојам во твојот живот. Само сакам да ми кажеш што што се случува со нас, во што е проблемот? Не барам друго, само мислам дека заслужив барем одговор на прашањево...
Јас никогаш не ти ја купив таа блуза за роденден што ја гледав со денови од излогот,а колку време помина од тогаш....често поминував од таму и те замислував како ќе ти стои. Ќе ти купам блуза кога ќе се вратиш,нема да биде истата,но ќе ти купам. Едвај чекам да се вратиш,и бројам,бројам и ќе нема посреќна од мене. Поминаа 3 и пол месеци од твоето заминување,а до твоето враќање само уште 14 дена
Си се разубавел последно време или ми се чини бидејќи те немам видено? Не можев да ти се изнагледам на сликите. Тие очи, носето, усните, ќе те изедам бе И уште колку пати треба да ти кажам дека сум среќна што те имам? Кога сум лута на секого, единствено што ме смирува е помислата дека некој мисли на мене, дека сум твоја причина да бидеш среќен. Секој пат кога си наоѓам маани на себе, ме потсетуваш колку вредам и дека за тебе сум најубавата личност. Би ти кажала уште многу, ама не се доволни зборови...