Ми се гади од тебе се заситив и тоа не си тука 2 месеца. Досаден си ми. Некако ме нервораш не можам да те поднесам. Зошто? Зошто? Зошто? А пак помислувам на бившиот за кој со сигурнпст знам дека не сме еден за друг. Да. Да. Да.
Здраво! После толку време...Ми фалат нашите доолги разговори.Се навикнав сепак долго време беше.Баш слушнав за тебе пред некој ден, и искрено мило ми е.Штета, со се ја уништивме нашата комуникација.Детски мозок,времето не се враќа.Се најдобро.
Баш ми е убаво што утре ќе се видиме, сакам да те изгушкам, едвај чекам...но после тој разговор вчера јас сум со мисла во глава дека или си ме изневерил со некоја или ќе ме изневериш. И да беше шала тој муабет, не ми се допадна. Зошто како се повеќе те запознавам, се толку дознавам колку си само лош. И сам си кажуваш дека си расипан. Не знам и покрај се веќе некој период си присутен во мојот живот, стана дел од моето секојдневие... Времето ќе покаже се иако имам 100 прашања, а ниеден одговор во врска со тебе...
Времеплов, препрочитував наши стари разговори. Сега сфаќам колку работите се промените, а и ние повеќе не сме истите. Сум заборавила колку искрени и емотивни пораки сум ти пишувала....Каде е тоа време и зошто не можам да го вратам? Годините поминуваат, а ние пак се чекаме на нашето место и се потсетуваме на се што поминало.....
Џабе ти сите функции Џабе ти сите успеси Џабе ти однесувањето на конте Џабе ти сите скапи облеки Џабе верувај се е џабе никако не може тие човек да те направат ... Џабе кога под нив се крие ништо... Една голема мувла од човек без емоции ...
Мислев дека кога ке дојде времето при крај, одма ке одат деновите. Ама не беееее....тие се должат и се должаат и се доооолжааат ....
Да ме прободеше со нож, немаше толку да ме заболат колку овие зборови што ги кажа сега. Иако можеби и не се толку негативни, можеби несвесно си се заразил јако со мене. Само криво ми е што се што мислев, се било вистина, додека ми кажуваше дека преувеличувам. Којзнае што ќе излезе од оваа работа...
Не би ти кажала ништо туку би плачела дури имам солзи. Ама не смеам. Морам да ти сум поддршка, да те бодрам и да успееме. И да ги бројам деновите дури да си дојдеш. Веќе ми фалиш...