Реков те заборавив, но не, знаеш првпат во животот засакав некого толку многу, но ете не било судено да бидеме заедно, сакам да ти се јавам, да те видам, но невозможно е! Толку многу работи сакам да ти кажам но за жал никогаш нема да ти ги кажам.... Да знаеш колку само те сакав иако не покажував доволно. С
Кажав дека ќе ми пишеш и ми пиша, но знаеш што не ме замарај, оди замарај ги тие тие со кои разговараш секој ден, јас не ти требам, барем веќе не. Остави ме на мира кај се нервирам од што те гледам па уште и да си пишувам со тебе не не, толку беше. Имам си друг, а на тебе ти само посакувам поголема среќа од мене. Да имав храброст би ти го кажала, но јас да не те навредам ништо не ти кажувам.
Да имаше доволно силни зборови со кои можам да го доловам ова што го чувствувам... Не знам дали има, не знам дали можам. Ни на небо ни на земја сум деновиве. Одново се родив. Ти се радувам се` повеќе со секој изминат ден. Волшебни утра, денови како од бајка. Злато мое, долго те чекав. Твојот глас од другата страна на телефонот, срцево што лудува додека се спремам да те видам, парфемот што го носам само за тебе, ноќите кога не спијам само затоа што реалноста е поубава од секој сон. Од целата тага и осаменост нема ни трага. Ти ме излечи со твоето присуство. Присуство потребно како воздух, како вода. Кога и да тропнам на твојата врата, ме пречекуваат твоите очи, питоми, сини како пролетното небо. За миг забораваме на се` друго. А важно ли е што било друго кога се имаме? Кога знаеме дека го издржавме најтешкиот предизвик, огромната далечина, деновите долги како години. Важно ли е што било друго кога јас знам дека веќе нема да одиш, кога имаме толку планови за нашата иднина, толку планови за нас, Важни ли се осудувачките погледи и зборови кога знаеме дека рака во рака чекориме заедно, поцврсти од карпа, непобедливи? Знаев, од оваа битка ќе излеземе како победници. Посилни од кога било, поблиски од кога било. Само нека трае, нека трае оваа убавина
365 денови минале а јас уште ги чувствувам болките по телото, крвта која ја плукав, стравот од звисност од толку тешки терапии и солзите, солзите кои се слеваа кога прв пат го видов твоето себично лице... 365 денови, а секој од нив чекор поблиску до дното кое си бил, а секој од нив по еден слој од тебе откриваше, а секој од нив со грешката како шамар ме соочуваше... 365 денови кои погледот ми го замрзнаа, кои си сите зла ме запознаа, ама кои ми покажаа како молкум омразата од тој ден расне секој миг... 365 денови по кои ни ликот не ти го паметам, по кои нити во сонот не ми свратуваш, по кои те споредувам со последните, по кои смешен, небитен, мал и празен си, по кои ништо веќе не ме боли... 365 денови а јас уште ги чувствувам болките по телото, крвта која ја плукав, стравот од звисност од толку тешки терапии и солзите, солзите кои се слеваа кога прв пат го видов твоето себично лице, а јас уште ја чувствувам омразата и гадењето посилни од кога и да е!
Те знам со години, а многу доцна навистина те запознав. Благодарам што ми го смени животот, што ме сакаш, благодарам за најубавите моменти во мојот живот.Верувај, никогаш нема да се откажам од нас.
А бе порано ке си дојдеш а ?! Сречооо моја бе Навистина ли доаѓаш? Стварно нели? Помина времето, така ли? Заврши чекањето одбројувањето а? Не ми се верува. Како цел век да помина ми се чинит. Кога ке помислам дека задутре ке те видам, допрам, гушнам, љубам... целата треперам, ко заљубена тинејџерка Аааах, тешко тебе еј
Сакам да си мој. Тешко ми е што имам потреба од поголема доза љубов. Сакам милувања, прегратки, сочни допири, топли погледи. Сакам кога спиеме еден покрај друг телата да ни станат едно, како змија да се преплетат нашите екстремитети со главите спремни за бакнеж и сето тоа да наликува на еден мал хаос, хаос што го сакаме. Сакам вистински да се заљубам и вистински да бидам љубена.
Толку време помина откако почна се...а како да стоиме во место. Од една страна сум среќна што те запознав од друга тажна што ми стана проблем голем. Не знам веќе ништо освен дека кога ќе ти ги погледнам најубавите зелени очи, заборавам и на лутина и на се...
I need you right now. I'm fucking dying inside, fighting my deepest emotions, wishing you were here. It's fucking terrible knowing that you're so far away, doing God knows what while I'm siting home on Saturday night, thinking about you. I hate you and love you in the same time. I'm praying to God to send me a message, to tell me if this is real, if we are real. I'm drowning in my dark side over and over again. Come and save me like you did the first time. Just fucking come to me.
Искрено,посакувам да почуствуваш вистинска љубов која ќе ти ја излечи душата и ќе ти го стопи мразот во неа. Жално е кога некој е толку празен.Само те жалам и ти посакувам да почуствуваш љубов, бидејќи само оној кој нема љубов во него е полн со гнев и повредува други.
.......А што да ти кажам?што остана недокажано??? Денес можеше да биде убав ден за двајцата,ама не беше,денес си ги навратив сите спомени за нас и љубоморно ги чував во глава цел ден,на никој не кажав дека денес започна се,денес велам како да почнало нешто ново меѓу нас,а не е така,се остана во минатото,не сакав ни тука да пишам за тебе,ама морав.... И тогаш беше 18 ти Март и сега е,ама тогаш беше пред 13 години,јас и ти сами на школската клупа во твојата училница...ме бакна,неизбежно беше тоа после нашето константно дружење уште од Септември...треперев како лист на ветер,не ми се веруваше еј....јас со тебе,со детето што го видов и се заљубив на прв поглед.. Наивни бевме,а посебно јас,живеевме во преубава бајка,бајка која ти почна да ја претвораш во кошмар,полека но сигурно.... И ако ме праша некој каков те сакам повеќе,без сомнеж би одговорила тогаш...ама не се враќа тоа време,нели. Со тебе пораснав физички,но не созреав никогаш доволно кога се работеше за тебе,секогаш ми беше слаба точка. Знаеш,периодов ме акна пак од земја многу силно,си кажав доста е патење по тебе,направи непромислени и гадни постапки кои ме зачудија малку,реков дека ми се гади од тебе,ама види ме,уште наивно помислувам на тебе. Сите ми велат ќе се појави некој кој ќе ме сака и направи среќна повеќе од тебе,но ми се смачи од таа приказна,каде е тој некој,каде е,зошто не успева во тоа што ме залажуваат другите? Во сите што се појавиле те препознавав и барав тебе,толку силно си ми врежан под кожа,што и да речам ми се гадиш или те мразам-ќе излажам... Вечерва требаше да излезам на кафе со другарка ми и дечко и,ги одбив во последен момент,не сакав да им бидам лошо друштво,и знаеш што? Ми се јави другарка ми,и ми кажа дека со друштвото си на соседната маса до неа,ха,колку иронично си се поздравил со неа и си прашал јас каде сум,бидејќи знаеш дека сме неразделни,и таа ти одговорила дека сум дома. Зошто не се јави,макар и другарски,јасно е дека не сме заедно и дека ги прокоцкавме сите шанси,а три ни даде животот... Нели ќе беше тука за мене секогаш и во секое време?а проклето те нема,и проклето фалиш...
Знаеш што боли најмногу? Тоа што имавме многу помалку, а сепак... имавме многу повеќе. Многу повеќе среќа, многу повеќе убави моменти, многу, многу повеќе мали радости. Жалосно...