На моменти се прашувам дали е готово, дали толку брзо заврши? А дали воопшто беше почнато, имаше ли почеток ова што го имавме? Велат се што е убаво кратко трае. Но, нели нашето беше најубаво, нели ќе траеше засекогаш? Или јас само се залажував, бев слепа и глува додека ти наоѓаше изговори. Ми имаше ветено нешто и само едно ме интересира, дали навистина го мислеше тоа? Ќе го добијам ли некогаш овој одговор или сепак се што добив беа тие мигови исполнети со среќа и смеа, минати со тебе. Не беа многу, но ќе останат врежани во моево срце засекогаш. Не стигнав да ти го кажам ова, немав доволно време да искажам што чувствувам за тебе, но само сакам да знаеш дека те сакам и се прашувам дали и ти го почувствува тоа кон мене. Многу работи останаа недоречени, се надевам дека ќе ти ги кажам некогаш, во иднина, ако има продолжение оваа наша кратка приказна... Или сепак е крај?
Дали е можно целата љубов и добрина да е собрана во еден човек? Правиш невозможни работи, секогаш знаеш да ме извлечеш од бедно расположение, да ме припиеш во твоите гради, да ме погалиш и да ми кажеш дека се ќе биде добро. А, и како не би било покрај тебе, ти кој секогаш знаеш да ме насмееш до солзи, да ме охрабриш, да ми дадеш поддршка и да ме истрпиш кога сум неподнослива. Ти, со душа полна добрина и со очи како срна. Те сакам и ќе те сакам се додека постојам.
Додека молам за твојата љубов, ми годеше малото внимание од твојот колега. Не бев јас таа која го започна муабетот, туку тој. Зарем му дадов надеж?? Како гром од ведро небо добив предлог за прошетка. Како да ја прифатам поканата, кога не можам да си го направам тоа себе си, не можам ни тебе да ти го направам тоа зашто знам дека не би ти било сѐ едно да имам нешто со твој другар, колега... Ќе се чувствувам лошо, бидејќи сѐ уште те сакам. Ете не би можела да бидам со некој кој е твој другар/колега плус е 7 години постар..... Да беше тој некој кој не го познаваш, иако те сакам, сепак мислам би ја прифатила поканата, би дала шанса на некој друг. А сега едноставно не знам како да му одговорам, а никој да не биде повреден.
Би ти кажала дека уште еден скандал ќе значи крај. И оп, ти сабајле го направи. Уште очи неотворени. А не можам да ставам крај зашто ќе се уништиш. Да, повеќе мислам на тебе него на себе. Ако прекиниме ти ќе пропадниш скроз. Ама до каде со сомнежите? До каде? Милион пати ти имам покажано лојалност и пак не ми веруваш. Не знам како веќе. Нека се случи нешто. Некое чудо нека направи небото и да ни тргне како што треба. Не сакам да се мачиме вака. Ти таму јас овде. Дојди си...
Не бе ја глупа сум и никад нема да ја научам лекцијата што почнува на буква С. Па добро бе човек, 15 години се знаеме, до толку немаш храброст да се поздравиш со мене? Океј ајде, ќе сфатам можда нејќеш да контактираме веќе сум used to it. Ама зашто па МЕНЕ ме прашуваш сега за обврски на факултет од сите други 150 луѓе со кои секојдневно си се поздравуваш и комуницираш. Не си ми јасен..гони се.
Те видов денеска со неа во болница фатени за рака, незнам зошто сеуште се нервирам и зошто сеуште имам надеж...
Ме нервираш едно правиш друго збориш. Но тоа збореното убаво звучи ама не си загреан доволно ти за тоа. Штета. Ми даде пас од фб и сеа? И онака се си избришал пиц пец си сторил. Ок Ама зошто кога кажеш те сакам ми фалиш така нешто ме погодува во гради? Тоа е чудо. Зоштооо, знае некој да ми објасни?? Имам надеж за бившиот кој во секој момент можно е да се ожени. Ама со него не смеам. Така јакп ме заеба.
Уште еден ден и уште една ноќ без тебе. На здравје, нема што да ми ја пополни празнината. Ми останува само да се надевам на подобри денови за мене, cheers to that.
Ти живееше за да ме омаловажиш на сите можни начини ..... Ти беше замка на моментот ... Најпогрешниот за мене ..... Затоа те молам денес нека е последен пат кога си споменал дека наликуваме во нешто .... Зошто цела оваа борба што ја водам и самотијата и храброста ќе изгубат смисла ако ги споредам со тебе ....
Никогаш не проба да ме разбереш... Иако се направив за тебе, против сите отидов за да бидам со тебе, а ми кажуваа каков идиот си.... И сама гледав, ама се правев слепа... Твојата себичност ме убиваше секој ден, твојот инает ме дотолчи... И сега што? Остана странец за мене.... Не се труди залудно... Завршив со тебе.....
Планираш да ми кажеш што се случува или сега уште и заминувањево го извади од никаде, како претходно да не знаеше дека ќе треба да си заминеш??
Да сакав трето дете ќе си го родев, говедо едно неизлезено од пубертет. Реши си ги проблемите во твојата глава и не ми ги калеми мене, како да ми се малку овие што ги имам. Глеј си го твојот живот и не ми кажувај како да го терам мојот. Стока машка
Си доаѓаш, не можеш без мене. И мило ми е. Зашто таква сум. Ќе навикнев без тебе и магијата ќе изчезнеше. Ако, дојди си. Заедно ќе градиме иднина. Душа моја си..