Јас после тебе: и ладна и слаба и скршена и изгубена и со рој сомнежи во себе и со наведната глава и со вештачка насмевка... Ама јас после тебе ги запознав мажите... Ама јас после тебе почнав да ја ценам грижата, и прашањата : јадеше ли? Ама јас после тебе почнав да ги ценам оние што сакаа и последниот денар да го потрошат за мене... Ама јас после тебе почнав да ги ценам оние што не се смееја кога бев тажна јас... Ама јас после тебе почнав да ги ценам долгите разговори, мажите кои оставаа се за да уживаат во нив... Ама јас после тебе почнав да ги ценам првите пораки наутро и оние последните за заспивање... Ама јас после тебе почнав да ги ценам оние кои повторуваат:„ау зар сега ќе се откажеш...“ Ама јас после тебе почнав да ги ценам цветовите, кафињата, скриените погледи и сјајот со кој ме гледаа... Ама јас после тебе почнав да ги ценам изјавите дека нема друга како мене, и ете луди се , па не се откажуваат лесно од мене... Ама јас после тебе почнав да ги ценам посакувачките погледи, кои ме потсетуваа дека сум жена... Ама јас после тебе почнав да ги ценам либералните мажи, слободоумните, интелегентните... Ама јас после тебе почнав да ги ценам оние кои виделе многу, а тоа многу би сакале да го сокријат во моите соништа... Ама јас после тебе почнав да ги ценам мажите кои паметат каде ме виделе, како сум мирисала... и кои го повторуваат без срам тоа.... на кои дрско му недостига тоа... Ама јас после тебе почнав да уживам во солзите на машкото лице, кое не се срами да рече те сакам додека те допира... Ама јас после тебе сватив дека вредам се ова.... се што се потруди да направиш да заборавам дека сум... Фала ти што сврати во мојот живот... фала ти што ми пикажа дека грешам кога мислам дека сите сме исти... не сме и нема да бидеме никогаш!
Понекогаш градењето став во сопствената глава за некого е преизбрзан пред да направиш разговор со таа личност и подоцна ги разгледаш причините за да изградиш мислење за таа личност.
Ме греат зборовите од твоето семејство и блиски пријатели кога ќе ми речат дека забележале колку си посреќен, насмеан и заљубен откако си со мене. Мило ми е кога знам дека некој е среќен и расположен заради мене. Ќе се трудам секогаш да те правам среќен, како ти што ме правиш мене. Како само не погодиле тие Аморови стрели од корен не променија двајцата.
Што се случува со тебе?Ме заборави или си најде друга преку ноќ , а ја не сум известена за тоа? Зошто ме игнорираш, пак ли те прифаќаат бубачките? Не ти пишувам, не ти ѕвонам ниту јас, да видам кога ќе се сетиш на мене. А колку само нови работи имам да ти кажуам, ама штета изгледа ништо не те интересира тебе, како сум. што се случува.
Сакам да те видам, ми неостигаш а само една недела помина од последниот пат кога се видовме, ми недостигаш, сакам да те гушнам. Ми фалиш.
Не знам зошто, но имам чувство дека овојпат веќе нема назад. Имам чувство дека веќе нема да ме бараш, нема да се обидуваме ништо да поправиме затоа што крајот е тука. Во еден миг ми недостигаш премногу, но во друг миг сфаќам дека никогаш нема да можам да ти простам за се и не би сакала да се убедувам себеси дека со текот на времето ќе заборавам, простам и ќе започнам да ти верувам повторно, затоа што знам дека нема. Нешто во мене ме спречува да преминам преку се и да ти дозволам повторно да ме имаш покрај себе. Жал ми е, но тоа е вистината. Можеби навистина се каеш, но се што можам да ти подарам се сеќавањата од тие убави денови минати заедно
Понекогаш се прашувам дали е сон што најдов личност каква што отсекогаш посакував. Со една твоја прегратка ги смируваш сите немири во мене, со еден бакнеш правиш да ми трепери срцето исто како првиот пат кога ме бакна. Со тебе се чувствувам сакано, битно, заштитено. Знаеш да ми го подигнеш расположението од 0 до 100 кога сме заедно. Ти си ми непресушен извор на среќа. А она што најмногу ми ја грее душава е кога ќе те насмеам од срце. Сакам да бидеш среќен како што ти ме правиш мене. Никогаш нема да се разделиме бидејќи нашата љубов е посилна од се'. Те сакам бесконечно бесконечности.
Дали навистина сум јас причината да бидеш толку среќен? Дали навистина јас сум таа што неизмерно ја сакаш, од која не можеш да се одвоиш при секоја прегратка? Јас ли сум таа што имаше толкава среќа да најде личност со толку меко срце како тебе? Кога те гледам среќен, кога ќе ме потсетиш чива сум, ми се исполнува срцето... Мило ми е што сум ти причина да се насмееш, што како што велиш сум успеала да те сменам во подобра личност и од ден на ден ме засакуваш повеќе. Ми рече еднаш не ме оставај, толку ти се навикнав, како да се знаеме од многу одамна, не можам да се замислам сега без тебе. Ветувам дека ќе бидам тука, за тебе