Nema koj da mi gi gree nozete navecer koga kje si legnam sama Ni nedostasuvas do neboto i edvaj cekame da dojdes
Многу зборови останаа некажани од моја страна. Всушност, имав ли можност некогаш да ги кажам? Ме игнорираше и ме третираше како улично куче додека ти мене ми беше се' на светот...додека те редев и пред самата себе, додека си ја наоѓав целата среќа на овој свет во твоите очи... Оди и живеј си го твојот клошарски живот додека јас се обидувам да постанам најдобрата верзија на себеси. Ќе се сретнеме некогаш пак, сеуште ќе го имаш тој сјај во очите, сеуште ќе ја имаш најубавата насмевка на светот. Но знаеш што? Јас нема да сум веќе истата. Јас нема да го имам тој сјај и таа насмевка кога ќе те видам. За мене ти ќе бидеш само еден обичен човек. Човек на кој некогаш сум му ја дала душата. И да, ми беше тешко. Плачев денови и ноќи. И чудно е тоа како сите чувства кон тебе наеднаш исчезнаа. Исто како што исчезна и ти, без ни збор, тивко и сигурно. Ги нема веќе. Те нема и тебе. Оствари си ги сите соништа, сеуште верувам во тебе. Добра ноќ, каде и да си.
Не заслужуваш мое внимание. Оди каде сакаш, прави што сакаш, биди со која сакаш. Јас завршив со тебе.
Ја имаш најтоплата прегратка на светов.. ..најсмирувачкиот глас ... ..и невиден талент да ме расплачеш со 2 збора .. или да ме расположиш со еден допир Ти си моето
Се запрашав дали е можно толку долго да те сакам, се прашав дали моево сакање не е навика, но пеперутките во стомакот кои ги чувствувам и ден денес како кога првпат се вљубив во тебе, ми докажуваат дека не е навика, туку сѐ уште има љубовен жар во моето срце кој пламти и ми ги разбранува чувствата. Жар кој не ѝ дозволува на мојата љубов кон тебе да премине во навика, не ѝ дозволува да избледи, туку продолжува да ме охрабрува да се борам за тебе.
Те сакам Не знам дали се доволни овие два збора за да ги опишам чувствата што горат во мене. Затоа мислам дека денеска ти покажав. И нема да престанам да ти покажувам и докажувам.
До кога ќе тераш со твоево незаинтересирано однесување? Се премисли ли, не сакаш ли повеќе да бидеме заедно? Јас ти бев само нејзина бледа копија и моментална утеха? Не сакаш ли да ме видиш повеќе? Ја сакаш ли сеуште неа или пак некоја трета? Но, зошто толку се трудеше, а сега наеднаш се' згасна? Зошто? Имам уште толку многу неразјаснети прашања што ти нема да ми ги одговориш.Чувствувам и бес, и тага, но ги чувам длабоко во себе. Ги чувам и ги кријам зад лажната насмевка затоа што морам да останам силна. Да бидам спремна и да ги издржам предизвиците и препреките кои ги носи животот. А сепак те сакам...
Страшно влијаат твоите пријатели на тебе, не се прави со сила нешто што не си, сепак те знам многу добро И навистина посакувам се помеѓу нас да биде како што треба, како порано..
Едвај чекам да се вратиш љубов, едвај чекам да ти се фрлам во прегратка на аеродром! Многууу ми недостигаш , многу!
Вергламе у место цело време. И шо дека секој ден се караме ко будали некои и на крај ниеден не признава дека е крив? Нигде не тера работава. И довербата си ја снема кај мене, ништо не е исто.