Тебе веќе ништо не сакам да ти кажам....ама сакам да кажам на сите кој ме читаа цела една година,сите кој делеа слично приказни ко мојата сите кој се надеваа дека нешто ќе се смени и даваа втора шанса по седми пат....НИШТО нема да се смени кој не успеал да ве цени од самиот почеток тоа нема да го промени понатаму и ДА секој може без секого.Ние сме ЖЕНИ и тоа никогаш не треба да го потценуваме бидеејчи не постои ништо толку цврсто како ЖЕНА!
Ти се радувам. Те сонувам. Те пеам. Те мислам. Те копнеам. Те посакувам. Те љубам. Ме разгалуваш, се топам. Среќна сум и кога сонувам и кога сум будна. Ме смееш. Се смееме безвезе и наубаво на свет ни е. Многу сум среќна што својот мир го наоѓаш во моја закрила. Таму заспиваш и се будиш, а јас будно сонувам над тебе. Таму се криеш од неправди и разочарувања. Таму си спокоен и безбеден кога светлата на градот гаснат. Таму е неизвалкано, недопрено од ниедна нечистотија на светов. Таму себично те чувам само за себе.
А се повеќе и повеќе ме прашуваат за тебе,како сосила да сакаат да те вратат во мојот живот... А можат ли???? Толку блиску сме,а во исто време толку многу далечни,како никогаш до сега. Велат,тоа што не те убива,те прави само посилна личност. Се прашувам дали воопшто некогаш сум била силна во врска со тебе,и сфаќам дека посилна и не можев да бидам... Тежок и голем е товарот од нас двајца,товар кој го носам долго време...
Многу сакав и вечерва да спијам на гради кај тебе и онака да се подразбудиш и сонливо да ме бакнеш на чело. Е тогаш се чувствувам најбезбедно на цел свет.
Ти си љубов моја, те молам прости ми Многу сум среќна со тебе, времето што го минавме заедно иако беше малку сепак ми значеше најмногу на цел свет. Во твојата прегратка најдов среќа, мир, спокој што ништо друго повеќе не ми е потребно. Само што некогаш глупаво реагирам, можеби не треба толку. Ама верувај дека за толку кратко време се приврзав многу кон тебе, те засакав најискрено на цел свет, не би сакала да се одалечиме, ниту пак да те изгубам за вакви глупости. А знам дека те нервирам и тебе ама не можам некогаш, кога ќе добијам нешто што сум го сакала страв ми е да не го изгубам. Ти ветувам дека нема веќе да правам така, нема да има кавги и натегања меѓу нас. Ти си ми се, ми требаш не само денес или утре, туку засекогаш, те сакам
Мислиш не знам дека таа не ти е братучедка,туку нешто повеќе? Мислиш ќе ме вртиш? Ха ха ха Не, бе душо, ти си продадена душа. Машка курва-слободно ќе го земам за право тој збор. Друг не те ни опишува.
Годините минат, сеќавањата скоро и да ги нема и а наеднаш мејл, краток текст. Како порака од минатото, од некој друг живот, од нечие туѓо минато, до некоја друга јас. Кратко, дистанцирано и претпазливо. Само да се дознае дали е жив и здрав оној на другата страна. Си се оженил, си станал очув на три деца... и така не сакаше никогаш да имаш сопствени. Со среќа нека ти е.
Не знам која е потребата од сето ова, зошто ми правиш вака, вреди ли? Не сум погрешила ништо, а ме повредуваш премногу со својот однос, се однесуваш како повеќе да не ти требам, срцето ми се кине. Те молам не дозволувај да се одалечиме еден од друг, се плашам дека повеќе нема да те сакам толку како сега, а ми требаш. Во тебе видов се што барав цел живот пријател, брат, татко, маж. Те молам не го руши тоа што почнавме да го градиме.
Јас и ти...далеку од сите.. само тоа сакам. Едвај чекам одмор да дојде Па романтики, па да ми готвиш, (дека јас не знам затоа) па од кревет на маса... па може и под туш и на тераса па табла да играме, да шетаме , на шопинг... Абе се сум смислила јас, уште да ни се исполни Годинава на време ќе му кажам дека не сакам со друштво