Те сакам сеуште. Трепериш. Видов. Тррперев и треперам. Те мислам. Јави ми се сакам да те прегрнам. Не ги слушај другите . Срцето. Него . Знам ме сакаш. И затоа дојде . Затоа вчера ме изгледа. Ти недостигам. Инатот на страна.
Не знам што би ти кажала. Згрешив премногу. Само те молам за прошка. Онаа вистинска, искрена. Врати ми се, зашто ми зема дел од душава. Ми зеде се. Се осеќам мртва одвнатре. Врати се уште овој пат.
Срцево распеано,мир во душата.. Секој ден се радувам со тебе, денот ми е прекраток .. А двете години поминати со тебе уште пократки..Како вчера да беше кога ти го подарив срцето. Секако дека треба уште некои коцкички да се наредат, со верба во Господ и тоа ќе биде. Тогаш конечно ќе можам да те гледам дури спиеш..
Дојди до мене, гушни ме силно, стуткај ме до тебе и покриј ме со ќебе. Бакни ме, играј си со мојата коса и нека ми замириса на твојот парфем. Кажувај ми убави зборови, потсети ме уште еднаш на кого припаѓам, а и ти. Дозволи ми така да заспијам, безбедна во твоја прегратка. Ќе спијам толку спокојно знаејќи дека ме чуваш додека срцето ми е полно. Потоа разбуди ме со нежен бакнеж, изненади ме со омиленото чоколадо... Па гушни ме пак. И пак. И по стоти пат. И не се наситувам од твоето гушкање и не дозволувај да се наситам. Никогаш не може да ми биде доста од тебе. Може ли на човек да му здосади од љубов? Ти си ми душа, дел од мене си, мое најмило
Ама,знам дека паметиш се во врска со нас,од прв до последен ден...еднаш те прашав,паметеше детали за кои не очекував... Ама,што вреди сега тоа? Имаш сеќавање за нас,ама немаш љубов,а јас да сакам и за двајцата не можам...изморена сум веќе...
Ќе ти кажев вчера ко на шала дека те сакам, но знам дека немаше да веруваш дека е првоаприлска лага, ќе знаеше дека тоа е вистина, а јас решив да не ти ги покажувам директно моите емоции, бидејќи може да има контра ефект, па затоа си се воздржав од првоаприлската „шега“. Те знам толку многу години, ти го знам карактерот и знам дека сѐ ќе беше поинаку во врска со нас, ако не си ставаш сѐ при срце што ќе мислат и што ќе кажат другите. Лесно те допираат туѓи коментари, не дозволувај туѓото мислење да ти го одредува твојот начин на живот. Не дозволувај никој со коментари да влијае врз твоите одлуки и избори во животот. Остај ги другите да зборуваат што сакаат.
Во темава, досега, пишував само кога јас бев преплавена со емоции, кога јас сакав, кога јас обожував, кога јас патев и страдав... Но ти заслужуваш да те спомнам овде. Ти благодарам, пред се, што кога бев скршена, ги остави емоциите на страна и ми беше верен пријател, трпелив слушател, поддршка на која не наидов ни кај многу поблиски личности од тебе. Ти благодарам што не престана да се грижиш за мене и кога со месеци те игнорирав, тебе, сите... Кога се затворив во четири ѕида. Кога одлучив книгите да бидат единствените пријатели кои ги удостоив со мое внимание. Ти благодарам што никогаш не се откажа од мене иако мал милион пати те молев да си одиш. Ти благодарам што и покрај сета болка која ти ја нанесов, сите лоши зборови кои ти ги кажав, сите непријатни моменти кои ти ги приредив...не ми ја пушти раката, напротив, после секој мој пад ти се поцврсто ја држеше за да накрај ме издигнеш... Можеби никогаш не ќе можам да ти возвратам на начин на кој ти постојано ми ја покажуваш и докажуваш твојата посветеност кон мене, но сакам да знаеш дека неизмерно многу те почитувам, те ценам и сакам. И навистина би сакала еден ден да те сакам како што заслужуваш.
Баш ми е мило шо љубовта ја сфаќаш ко жмурка. Те има па те нема, сакаш па не сакаш..ќе напраам пу за мене, пу за сите спас...не ме тестирај
Оној израз на лицето кога толку многу се смее што образите му се зацрвенуваат и не може да престане да се кикоти. Е тогаш посакувам да застане времето или барем побавно да тече, тој звук кога се смее и таа насмевка од уво до уво и до крајот на животот да ги гледам никогаш нема да ми здосадат.
А можевме да бидеме Бони и Клајд Си бил еден сељак , ама тежок сељак . И и се пуштал на една девојка и симнувал ѕвезди , и велел дека е посебна , не е како другите за една вечер , не е како спонзорушите ...и се до еден ден девојчето се собира на кафе со другарките и тогаш другарките мегусебно си раскажуваат кој им се пушта , и наеднаш сите дознаваат дека сељакот на сите им се пуштал и истото им го зборувал. И така сељакот ожена од оние за една вечер и спонзоруша .... А можевме да бидеме Бони и Клајд ...
Дојди. Пак. Надеж,верба. Знам ме сакаш,сеуште. Те кочат.ама зошто ги слушаш другите? Ами срцето? Знам, знам дека ти е до парите, знам </3 Ќе створиме, се, баш како што и планиравме. Ама... :/ Видов ластовички,две. Една по една летаа. Помислив на Нас. Да, на нас. Сакам да раззговараме, макар прегратка, ништо друго. Ги видов сликите со нејзе. Таа е среќна,а ама не и ти. Го знам тој поглед, ја знам таа душа. Ако не ме сакаш,зошто дојде? Знам,сакаше да ме видиш, знам. Трепереше,а и јас. Те сакам сеуште не знам зошто но не ни престанав иако ме повреди. :/ Со задоволство би се вратила со тебе,по се што се случи, а знаеш сите велат подобро што не сме заедно??? Зоштоооо? Знам, лошо е да ти влијае мајка,а си мајкар, мене ме ставаше на последно место. Ако не е форумов, нема кому да се сикажам,нема како да се исплачам. Дождот ни е симбол,мене и тебе. Две годинии поминаа како не сме заедно. Толку убав ден беше, сонце, учев па че ти правев изненадување,годишнина, и тоа 6та. Плачења, слабеење, болки во уво, почеток на канцер, а ти не знаеш, ккако ќе знаеш ме остави. Како да ти кажам? А сакам, дали вреди? Дали има некој да ме советува? Велат штом е во минатото за таму е,не ти си со мене секогаш, во срцево, само тебе те сакам. Другите не можам да ги погледнам. Не можам. Ти си ми првата љубов, онаа вистинстака, правата. Онаа што не се заборава. Ми недостигаш. Бев во твојата улица кај колешка од работа, таа не знае за нас- и не мора. Знаеш ли се ме потсеча на тебе. Ахх... ти си неизлечива рана. Сликите ми стојат да, сите. На цедиња, во албуми. Ќе ги изгорам кога че имам деца, или ти кога ќе се ожениш. Само тогаш че знам дека е крај. Знам, те сакам, и ти мене. Но... јави се. пиши ми. да се видиме..само една прегратка,онаа за збогум. Секогаш ке си во моето срце. Ти си тој што не се заборава. Ти си ми сонцето, после тебе не е ништо исто, само добро научив да глумам дека се е супер, ами јас сум празна во душава.
Сонце и детска врева околу мене,насред автомобилска гужва,чекам ред да преминам од другата страна на улицата држејќи ја внука ми за рака,оп оддеднаш и ти се појави пред мене,ми се насмевна кревајќи рака,ти климнав само со главата демек да те одпоздравам и како обични познаници се одминавме.... И еве,уште пред очи ми излегува твојата насмевка која убаво те краси,ама си такво арогантно и намќоресто створење што едвај еднаш на сто години знаеш да се насмееш....
Се си мислам дали да ти кажам ама упорно си ќутам да не ме надвладее стравот. Тамн се помирив со самотијата се појави ти, ми беше чудно, неописливо и не се надевав на вакво нешто. Не се надевав на тебе, не се надевав дека ќе го слушнам тој збор после толку години, толку време... Мислев дека сакањето има временски рок, мислев дека треба да се кочиш наместо да се препуштиш, мислев дека не постои машко скроено за мене...ама само си мислев. Среќна сум со тебе, од тука до месечината и назад, се препуштив без да размислувам што ќе се случи, никого не слушам освен својата интиуција и себе си. Среќна сум што ме избра мене и не се покајав што сум дел од тебе, дел од твоето мало срце. Ме привлекува твојата скромност и твојот хумор, кога знаеш да ме израдуваш со мали ситници, кога не се срамиш од мене, кога ме чуваш до себе. Што сака нека се случи важна ми е сегашноста со тебе и нека си остане на тоа. Те сакам навистина, те засакав.