Смешно ми е кога се лутиш, а немам појма зошто. Смешно ми е и што во меѓувреме се смеам на твоето стискање на заби додека се објаснуваш колку сум ти свет, а јас те нервирам. Многу смешно изгледаш, шо да правам. Дури убаво, накај секси. А не дека не си во право
А бе, каков пустош ми направи во срцето. А си велам, нема да зборувам и пишувам за тебе повеќе. Им ветувам на сите, а не го исполнувам тоа. Сите секој ден ме гледаат со солзи, им ветувам дека се последни а сама знам дека не се. Знаеш, се сетив на нашиот почеток, кога сосема случајно како започна се. Ти ме тешеше за една личност од минатото, ми помогна да го пребродам тоа, сега нема кој да ми помогне да те пребродам тебе. Ми беше пријател, подоцна ми стана партнер, сега ниту едното ниту другото не си ми. Денес погледнав подалеку, ме потсети на твојот пат кон твоето дома, поминав покрај нашите места, меѓу кое и паркчето. Го мразам тој град полн со спомени, мразам што не можам да отидам некаде без да се сетам на тебе. Ме прашаа дури како можам да имам силни емоции кон тебе а сум била силна личност и сум можела да пребродам се. Ете драги мој, тоа сум јас.
Прочитав еднаш дека бог не создал сите доволно силни за да го прифаќаме она што не можеме да го сменеме.Сега таа сила ми е потребна повеќе од било кога....за да го пребродам фактото дека ти веќе си среќен со друга....и нека си, така и треба да биде секој за себе среќа нека си пронајде кога заедно не можевме..
Среќен ли си или и тебе периодов само спомени ти враќа? Прашање на кое веројатно никогаш нема да добијам одговор... Подобро да останеше така како што беше со болен завршеток на љубовта, но не го остави така.. Ме остави во исчекување веројатно за цел живот само затоа што не можеше да се помириш да сме си лути еден на друг, да чувствуваме бес еден кон друг, да сме лути што заврши... Но не ми стана подобро со ваквиот крај. Бедно е чувството на упорно глумење дека не си ми ништо, кога си ми се.. Не излегуваш од глава ниту сега, ниту утре и веројатно се додека не добијам можност да ти го разјаснам секое е**но чувство кое ми го предизвика, да ти го објаснам сиот хаос кој ми го направи во животов откако се појави.. Бура ми направи, и тоа бура која трае веќе неколку години и сакам веќе да престане.. И ќе и ставам крај веќе, сакал ти или не годинава се ќе се реши..
2 години. Самотија. Осаменост. Не е ништо исто. Велам нема да пишувам за тебе. Но никој нема да те смени. Но штом си нашол среќа со друга. Ајде. Нека е така. Ама не верувам на тоа. И да тоа е таа, што кога одевме сомнежот. Пријателката. Знаев ама не признаваше. Може е за арно. Јас би се вратила кај тебе без око да ми трепне. Но зошто? Зошто сите ми викаат среќа што се тргна од него??? 5 години бевме заедно. Спомени. Среќа. Без кавга и без причина се разделивме. Жалам. Јас ќе пишувам за тебе. Знам. Но, не смеам да ти се вратам. Копнеам за прегратка. Твојата.
Правам се што бараш за да ти докажам дека овојпат се менувам, но како да не ти е доволно. Не знам како понатака, збунета сум. Дај ми знак за да продолжам да се борам, дај ми надеж. Не ме оставај и ти. Не биди како другите. Не ме напуштај.
Пак се вратив овде, пак ќе напишам за тебе, пак ќе си се утешам со нешто. Утрово после многу молење од друштво отидов во нашата слаткара, а го избегнував местото. Влегов, некое чудно чувство ме облеа, не се завртев назад за да ја видам нашата маса кај што лани ова време седевме таму и се смешкавме заљубени, ти јадеше сладолед, јас од мојата омилена торта и се сликавме. Знаев дека ќе се натажам пак. Ми навираа солзи. А уште си во срцето, длабоко закопан а јас со илјадници измешани чувства. И сега? На што сме? што сме јас и ти? Обични странци, едно обично ништо, не сме едно. Двајца, секој по свој пат и завртивме грб на љубовта. Морам да те пуштам, а уште ми тежиш, тука, длабоко во срцето.
Зошто прифатив да се видам со тебе, сакам но знам после тоа ќе ми биде потешко, ги отварам старите рани ... Толку работи имав што сакав да ти ги кажам и еве сега кога имам прилика незнам што воопшто би ти кажала...
Ти си најпрекрасното нешто што ми се случило во животот. Ти си мојот свет, мојата душа, моја среќа, моја љубов, мое се! До 133 миличок!
И пак дозволив да ме правиш будала, зошто се видов со тебе кога знам дека ѓубре како тебе не се менува... Како само можеш да помислиш да се осмелиш да ми кажеш само да се гледаме никој да не знае.. На што ти личам јас мислиш ќе дозволам некоја да ја шеташ да ти биде девојка сите да знаат, а јас играчка која е со тебе само кога ќе ти се присака... Никогаш нема да му бидам опција на некого се или ништо.. Да сакам со еден потег можам да ти го уништам животот...
Денес бев во Црква во твојата населба,ти поминав и пред куќа замисли.... Потајно очекував дека ќе те видам надвор,и во Црква се гледав накај вратата цело време да не случајно дојдеш,иако знам дека тежок атеист си,ама ете,сепак се надевав.... Аман,излези ми веќе еднаш од мисливе...
Јас само сакам да " го загубам дарот" кој ми остана после тебе... Јас само сакам да замине комплексот со кој ме накити уверувајќи ме дека не вредам доволно ... Ах... А сум вредела . Ах колку сум вредела... Штета што морав вака да научам колку сум вредела ... Затоа сега јас само сакам да замине последното што остана од тебе ..
Дечки темава не е за цитирање.. @EvAngelos последна опомена. Веќе неколку пати те бришам, а цитираш иста членка.
Da se vozimo do kasno, sve dok traje magija Ti pojačaj glasno muziku sa radija Ma neka znaju da smo zajedno k’o Jugoslavija Ovde nije važno ko za koga navija.