Ова е крајот,нашиот крај.Навидум ко секој друг крај....не траеше долог ќе ми речат,и без тоа не те ценеше ќе додадат,заслужуваш да си среќна,тој веќе е со друга ( не е како тебе,не е толку паметна,не е толку убава) тоа не ни беше некаква врска....сите кажуваат нешто да ме одбранат и јас ги слушам, се смешкам....велам помина секој со неговата среќа,не ми е грижа ќе додадам....продолжувам со животот како тебе никогаш и да те немало,продолжувам затоа што не знам како да им објаснам.Како да им ги доловам сите допири,воздишки погледи како да им објаснам дека не ме боли крајот,ниту фактото дека си со некоја друга.Спомените се она од што се плашам спомените се она од што неможам да побегнам....а морам толку си должам на самата себе!
Конечно ја згасна и последната надеж во мене... Разбрав никогаш не си ме сакал, ништо не сум ти значела џабе се обвинував, без да прашам си ги добив одговорите на прашањата што ме мачеа... На кого сум го трошела времето, за кого сум се нарвирала, сум тагувала, заслужуваш нобелова за глума и лажење... Сега сум на чисто не се надевам повеќе дека пак ќе бидеме заедно. Ја жалам таа покрај тебе слепа при очи со колку ли само ја изневеруваш? Едно знај, горе над нас има некој кој гледа се и еден ден секој ќе си го добие заслуженото. Знам за некој месец кога ќе видиш колку сум успеала во животот позицијата на која сум ќе се вратиш, но тогаш нема да има место за таквите како тебе во мојот живот. Да не си се осмелил да ми пишеш...
Сакам да ти дишам во врат. Сакам да те гушкам. Вечерва посебно ми недостасуваш. Се си ми. Те сакам најмногу.
Признавам.... психијатар во облик на пријателка ми требаше за да те преживеам.... За да ги заборавам деновите во кои потребата за твој допир ме совладуваше, па плачев и молев и ти дозволував да ме нарекуваш лабилна, и недоволна за да ме доприш.... За да ги заборавам сите телефонски повици кои не се случија... За да ги заборавам миговите на бес , на гнев кога почнав да сваќам дека ме третираш како ѓубре... За да ги минам миговите на омраза кон себе, на себе казнување зошто не сум видела навремено, зошто сум дозволила да живеам без љубов... Признавам дека пеколот беше патот низ сите овие емоции, ама барем знам дека тоа што било со тебе не било љубов... И затоа да прославиме...денес точно месец од кога последен пат те видов, како иташ да купиш поклон за друга, итање кое не се случило никогаш за мене....а сега веќе и не треба.... И затоа да прославиме, затоа што низ овој пат во пеколот ти ме научи дека маж треба да ме доживува како награда и како нешто што се случува едннаш во животот.... Признавам.... психијатар во облик на пријателка ми требаше за да те преживеам....ама преживеав... ќе славам и 100 месеци без око да ти видам знам и тоа со истата ннасмевка ... зошто преживев и се уште верувам во љубовта како пред да те запознаам....
Бидејчи не видов тема "што би и кажале" че пишнам овдека. Пријателке,сепак се мислам во себе дали и пријателка да те наречам,и тоа ти е многу. Поминаа неколку месеци и си се мислам,нее не ми фалиш ни капка туку се мислам што човек сум бил јас. Сум бил човек со којнски живци што сум те трпел толку време. Напати ми е криво што сум бил добар предобар со тебе,што секој твој збор и се твое кажано ти го почитував,не ни помислував со збор да те повредам а камоли да кренам рака на тебе. Жално е,ама ме искористи до максимум на тоа поле,до најситно молекулче,ама тоа е назад нема. Ти ако имаше малку во главата че кажеше колку е доволно што ме почитува таква каква што сум,што не ме понижува со збор,насамо или измеџу луге и што не ни помислува рака на мене да крени. Се тоа го злоупотреби и за на крај да ми кажеш неси на мое финансиско ниво жално,болно али тоа е.
Уживам кога ти се отвораат зениците , додека зборуваш за работите кои ги сакаш.А ти, уживаш како мало прасе кога те галам, чешкам, боцкам и бакнувам ... и кога сум безгрижна. И најубаво ни е, во нашиот свет, кој се создава во меѓупросторот и така ни е комфорно.
Не можам да те разберам зошто пак ми пишуваш, остави ме еднаш засекогаш биди си со неа... Кога си со неа не постојам, а штом не си со веднаш пишуваш. Гледај си ги приоритетите... Биди среќен, не постоиш ти за мене, ниту јас за тебе... Вака ми создаваш само проблеми
Не знаеш колку душа ме заболува кога ќе те видам нерасположен. Знаеш дека многу добро те разбирам како ти е, сум поминала низ истото. Не сакам воопшто да помислуваш дека ќе те оставам. Со тебе сум и кога си среќен, кога ти треба тишина, кога сакаш со некого да разговараш и кога едноставно моето присуство те смирува. Знаеш и самиот колку многу ми значиш
И по стоти пат ме разочара.Сакам да си одиш веќе од моите мисли, од мојот живот!Само се молам да помине оваа зло што ме тера да те сакам, а знам дека си гад и не си за мене.
Обожавам кога мирисам на тебе, кога твојот парфем остава траги на моето тело и на мојата облека така чуствувам дека си покрај мене и кога не си.
Ај што ме разочаруваш. Ами што си огрознел нешто? Не беше таков! Маани наоѓаш а не кажуваш тоа што треба. Ок . Се вррти тркалото.
После ова те множам со 0. Фала богу расчистивме. И не нејќам да си ми другар, доволно видов негативност од тебе. Поздрав.