Денес ги видов твоите,на пешачки застанаа да поминам,татко ти ионака го знам,ама мајка ти никогаш не ја запознав од блиску Ама убава жена била бе
Толку ниско падна да почна и другарки со кои сум на кафе и сум ги тагнала на стори да ми ги заследуваш? Да не и нив ќе им се пушташ, па ќе искачаш и со нив? Еве се залетаа они со тебе да искочат после се шо знаат за тебе. Дај остај ме на мира и се што е поврзано со мене и мој живот остави. Иако е само април титула на сељак на 2018 имаш од мене. Аман, откачи се веќе. Бар остани малку човек у мои очи, не се брукај.
Сега ми е многу полесно од кога ти кажав дека ми недостигаш понекогаш. Секако дека не очекував истото од тебе да го кажеш, ама мене ми е полесно. Мило ми е што те насмеав, а едвај се воздржав да не ти кажам дека се уште те сакам. Сакам да знаеш, мислам, знам дека знаеш дека ќе ми го исполниш тоа што сакав да ми го ветиш - да успееш во животот. А јас, ќе стојам настрана и ќе се радувам, ќе те сакам тивко, во себе. Ама аман, исчезни од моите мисли, барем за момент.
Ме растопи денеска Не можам да се приберам од оваа бура од емоции во мене Најубаво, најмило суштество на светов си ми ти За ништо не те давам, ќе те чувам како капка вода на дланка
До колегата, ме изненади денес кога од далеку ме виде и дојде да ме поздравиш, изненадуваш секогаш кога ќе те видам ми се насмевнуваш, иако повеќе пати се имаме сретнато и си го кажал името јас сеуште не ти го знам.
Преубави, прекрасни моменти поминав со тебе овие 4 месеци од 2018. Тоа што се ставив на ризик и мене и моите чувства заради тебе, кога ти дадов повторно шанса сега за сега се исплати. Ме правиш многу среќна, како да газам по облаците, се чувствувам исполнето. Ама како да се плашам. Доаѓа лето, моето омилено, но овојпат ме плаши летото. Во целина претходното лето ми беше уништено од тебе, цел јуни, малку од јули и цел август си играше со мене, наместо да уживав јас се нервирав и плачев по тебе. Што ако и ова ми го претвориш во пекол, што ако ми го уништиш и ова лето и ме натераш да те чекам, да се нервирам за тебе, што ако повторно почнеш да ме лажеш?? Е од ова се плашам, можеби велиш дека ме сакаш, ама знам колку си всушност нестабилен. Само една подобра прилика да имаш веднаш ќе ме оставиш, а летото е време за нови доживувања, верувам дека ти ништо нема да пропуштиш. Јас ќе пропуштам уште едно лето да уживам во него. Свесна сум за се, свесна сум дека тоа ќе се случи, но и покрај тоа секој ден, се повеќе се зголемува мојата љубов спрема тебе, не можам да го спречам тоа. Ама се трудам да уживам додека трае, а не колку ќе трае. Можеби и малку се надевам дека ова лето ќе бидам со тебе, среќна и исполнета како што сум сега. Ама сепак нема да дозволам мојата надеж и моите желби да ме понесат и да заборавам дека си имам работа со идиот. Идиот што многу го сакам.
Мислев не сум доволно силна за некои ситуации, ама кога ги изговори тие две магични зборчиња ми даде сила и да полетам и планини да поместам. Мене ми изгледа како ти повеќе да ме тешиш, наместо јас тебе, ама мило ми е што си доволно храбр и за двајцата.
Колку само ми беше убав на сликата денес, така ме расони сабајле со убавиот поглед. Mи идеше да ти дојдам да ти се пикнам во прегратка
Едвај чекам да те гушнам и да ја осетам твојата топлина. Вака полу болна ќе ти дојдам ама гајле ми е ќе оздравам.
Во вакви денови, тмурни утра, кога душава ми плаче а разумот ми вели - не попуштај пред него, биди силна за него ... гушни ме. Само тоа ми треба. Сииииилно онака..да ми ги докршиш коските. Најсилно..
Со секој твој потег само успеваш да ме одалечуваш од себе, да престанам да се борам наместо да бидам тука покрај тебе кога ти е тешко па макар и на пријателска база. Продолжи така, на добар пат си да ми биде сеедно. И онака се изморев чекајќи те додека ти си од срање на срање.
Никогаш не си покрај мене кога си ми најпотребен!!!! Ме болеше душата поради тоа што не беше покрај мене за убави настани, немав со кого да ги споделам своите успеси и да се радувам на нив. И сега кога цел свет се срушува над мене, кога сум на дното, кога сум најслаба, кога сум препуштена сама на себе да се борам за своето семејство и за својата каква таква иднина те нема... а потребен си ми, да ме гушнеш за да се смирам, да ме држиш цврсто за рака, да знам дека не сум сама, дека ти ќе ми влеваш сила, поддршка за борба и испливување над сите проблеми. Никаде те нема, очигледно ме забораваш и не ти фалам штом не ме бараш. Ме нема ниту мене, оставам мојата тишина да зборува....
Како бе можеш да ми кажеш срце дојди кај мене. Немаш ни малку почит, дај одлучи што сакаш, неможе вака една ноќ со неа, другата ми велиш да се видиме ... Се додека има некоја во твојот живот немам намера да се плеткам со тебе, и да нема тешко дека би било нешто бидејќи оваа не е почетокот кога бев слепа сега добро те знам, знам како дишеш. Нема да се промениш, ти неможеш да бидеш со една девојка...