Сеуште успеваш да ме допреш и кога си далеку од мене.. Ми ја допираш душава со секој збор.. Треперам од помислата дека веќе попуштам пред тебе, од помислата дека веројатноста да ти се фрлам во прегратка е се поголема. Иако разумов ми вели дека ќе погрешам ако се препуштам на емоциите, навистина не можам против овие чувства веќе. Знам дека оваа година се ќе се реши. Или ќе бидам до тебе или најдалеку од тебе ...
Пак никна ти. Ми се стемни коа видов порака од тебе. У право бил муабетот дека факбојс си предосеќаат коа ќе продужиш со живот и ќе те смараат. Ја на твое место да сум ќе се засрамам, нема да се појавам више. Ти уште ќе ми филозофираш што и како било. Па и уште ништо нема да смени сега. Е нема да смени, идиот си за мене, планети да ми симнеш, магнети да се наголташ, нема да имаш шанса да ми се приближиш.
Ти си моето прибежиште кога светот станува неподнослив. Во твоите прегратки го пронаоѓам мојот мир, кој скоро и да го нема кога не сум со тебе. Твојот глас е мелем за мојата душа. Знаеш да ме расположиш и кога сум најтажна. Душо моја, па никогаш не мислев дека ќе сретнам некој како тебе, а сме биле толку блиску. Никогаш не мислев дека мојата најголема љубов и сродна душа се наоѓа толку блиску во овој огромен свет. Тоа беше така додека ти не ме освои уште од прва. Ти си ми среќа, ти си ми се. Иако ни стана секојдневие, сепак секој ден едвај чекам да те видам, да те прегрнам, да те бакнам...
Многу ми фалеше, не можев веќе да издржам, а да не те видам Најубаво се гушкаш Премногу те сакам Кога би бил секој ден ваков или уште поубав, ќе нема посреќна од мене Ти ме правиш среќна, само со тебе имам вистинска, искрена насмевка, од очи може да ми се прочита колку сум среќна кога те гледам Еден и единствен си, несвесно ми влијаеш позитивно, ми ја зголемуваш самодовербата, ме правиш храбра. Не сум веќе она срамежливо девојче Уште многу работи би ти кажала, ама не се за во јавност Се надевам дека нема да треба да чекам повторно толку долго за да те видам
Морам да научам да бидам посилна, се распаѓам сега и се осеќам како целово тело да ми се топи и буквално сум неспособна да правам било што освен да плачам. Знам дека ти реков дека ќе заборавам ама не можам, не можам не знам зошто мораше нешто такво да се случи, не знам зошто мораше нешто такво да си кажеме... Буквално ќе се скршам колку повеќе време поминува толку повеќе мислам... Сакам само да бидам среќна со тебе не знам само зошто мислам и премислувам ствари... Се кршам.
Убаво е да се биде со тебе, до тебе, така да ме гледаш и да ми се насмевнеш. Да ме држиш за рака, да ме гушкаш. Часовите да ми поминуваат како секунди, само јас и ти.
Толку многу ми требаш кога ми е тешко, посакувам во тие моменти силно да те гушнам и да се исплачам на твоето рамо, колку би ми значел твој совет за проблемите во мојот живот. Знам дека во секое време можам да разговарам со тебе, знам дека секогаш си тука за мене. Но, срам ми е да зборувам за моите проблеми, незгодно ми е да те оптоварувам со мои проблеми. А толку очајно ми треба еден искрен, отворен разговор со тебе, само во тебе имам доверба за целосно да си ја отворам душата, без да се плашам дека нашиот муабет ќе стигне до некој друг. Тешко ми е кога сѐ собирам во себе, премногу тешко. Многу потребен си ми. Кога би собрала храброст да ти раскажам низ што сѐ поминувам и што сѐ доживувам и чувствувам, премногу ќе ми олесни, полесно ќе дишам, но сѐ уште не сум доволно храбра, за да си ја разголам душата пред тебе...
Со насмевка на лицето, а празна душа, ти реков мило ми е што завршивме вака! Тогаш видов солзи во твоите очи и заминав, се плашев повторно да не ме убедиш да останам... Ако останев ќе умрев од болка, затоа што секој пат се посилно ми го бодеше ножот во грб! Мило ми е што заминав...