Пола час ти објаснував каков маж сакам, и емотивец и силен и доминантен и слаб на една жена, и горд на таа слабост и на тоа дека таа е негова, зборував, зборував, зборував а ти со најмалото движење на прстите ме соочи со реалноста колку навистина сакам таков... Фала ти!
Времето не лечи ништо. По којзнае кој пат јас не можам да заспијам зашто ти ми се вртиш во глава. И некако уверена сум дека една средба би решила се. Едно враќање таму... еден разговор, повик, порака. Уште еднаш ти и јас. Нека се случи и тоа, а потоа исчезни од телово. Како канцер ми го јадеш секој атом и не ми дозволуваш да сум среќна. Ми тежат овие емоции и морам некако да ги кажам. Ми тежи тоа што завршивме недокажани. Сеуште ми тежиш ти.
Не ми се верува дека стигнав до нивото да ми е сеедно за тебе,за нас... Малку ми е глупаво ова чувство,а истовремено се чувствувам слободна и олеснета,како да сум симнала цел товар од грб,товар кој беше потежок и од планина.... Со тебе ми беа најубавите моменти,ама и најтажните,сите овие години само ти ме креваше до облаци и само ти ме трескаше од земја,толку силно што едвај ќе соберев сили да се опоравам.... И,знаеш што? Велат не можеш да мразиш некој кој си го сакала повеќе од се,нема да те мразам никогаш,ама ќе те паметам како личност на која ги потрошив најдобрите години од животот.... После тебе,тешко ќе ми биде да засакам некој толку силно и да му верувам,тешко ќе се опоравам од твоите траги,бев заробена во твоите канџи долги години... Те пуштам...оди си... Знам дека премногу се истрошив за тебе,емотивно ме испразни,ама и покрај се,можеби ќе најдам некој кој ќе ме научи пак да сакам,едно знам,нема никој и никогаш да сакам на истиот начин како тебе,ама заслужив нели???? Не беше ништо до мене,ама да можев,верувај дека поинаква приказна би напишала за нас... ЗбогумА
Сето ова, не го постигнав благодарение на мојот труд како што велиш ти, го постигнав благодарение на твојата неизмерна поддршка и љубов. Не само тоа и лошиот период го пребродив благодарение на твојата подадена рака. Ти благодарам што си до мене и со мене во се. Ти благодарам што постоиш во мојот живот!
И се што сакав некогаш да ти речам... Ете го рекол веќе некој ... Нека трепка овде сега кога времето покажа се!
Многу пати знам да ти се налутам во себе, за некоја ситница. Не сум ти рекла ништо, но во себе сум била лута и тебе, но и себе... Денес, седнав и размислив, се запрашав дали сум во право. Размислив за сѐ, размислив трезвено, објективно, не субјективно, не дозволив да ги вмешам чувствата додека размислувам. Сфатив дека непотребно ти се лутам, сфатив дека знам од мравка да направам слон, сфатив дека и кога е невозможно сакам да сум во центарот на вниманието... Сфатив дека колку повеќе те сакам, толку повеќе сум љубоморна на сите... Не знам дали ваква сум поради тоа што сум шкорпија или поради тоа што сум жена (девојка) или во прашање е нешто трето... Велат дека премногу сме комплицирани ние жените, за жал ќе морам да се согласам, знаеме многу филмови да исценираме и таму каде што нема проблем да го направиме. Среќна сум кога сум лута, што знам да премолчам, инаку кај ќе ни биде крајот, само би те оддалечила од мене непотребно. Од друга страна велат дека шкорпиите сме многу љубоморни, во право се и за тоа. Морам да бидам искрена и да признаам дека не познавам шкорпија која не е љубоморна. Ние шкорпиите сакаме сѐ да биде по наше, како што ние сме си замислиле, сакаме да бидеме во центарот на вниманието (да бидеме ѕвезди на сцената), ако не брзо се лутиме и се чувствуваме повредени и како сите бродови да ни потонале. Тврдоглави сме, мислиме дека само ние сме во право, а дека сите други грешат. Премногу ми беше важно прееска да размислам објективно, но тоа што го сфатив, тешко ми е да си го признаам, чувствата не ми дозволуваат да прифатам дека јас не сум во право кога ти се лутам. Но и кога ти се лутам премногу те сакам, невозможно е да биде спротивно. И кога ти се лутам за тебе би направила сѐ.
Спојлер Повторно јас, дури срам ме фаќа Веќе нема никогаш да ти се лутам за ништо, зашто повторно ми измами насмевка на лицето , која се обидувам да ја скријам од другите. Ми го тестираш трпението, но ќе продолжам да бидам трпелива. Дојди да те изгушкам