Ова замина предалеку. Јас сум виновна, знам. Не знам да живеам ко шо треба ваљда. Во тебе остана повеќе живот.. Барем повеќе смисла за него. Најдраго ќе ми биде ако го искористиш тоа. На страна и слободен од мене... Те молам.. Направи го чекорот...
Знаеш ли зошто никогаш досега не ти дадов шанса?бидејќи се плашев да не те повредам,бидејќи се знаев себеси дека сеуште не бев зрела дека немаше да знам да те ценам,бидејќи си предобар,морав прво убаво да се изгорам,да ме повредат до срж,да ме уништат па тогаш да знам да ценам кога некој ќе биде барем малку добар со мене,ти кажав дека се ќе ти раскажам,така и ќе биде,уште малку..
Некогаш се мислам, зошто баш сега се појави? Од друга страна, ништо не е случајно. Фала ти што постоиш и што си до мене кога треба, доволно е.
Дојдов до тоа решение, да те блокирам од секаде, и со тоа конечно да си заминеш од моите мисли. Адиос ми аморе.
Местата кои потсетуваа на тебе кои беа ТИ за мене, сега се како да не си бил воопшто тука... Како никогаш да не те запознале .. Чудна работа е времето.....
Докажи ми дека не ме излажа, докажи ми, црвот ме јаде одвнатре дали е можно за прв пат да излажеш, докажи ми дека грешам што се сомневам. Лошо се чувствувам, докажи ми, не дозволувај да ми исчезне довербата во тебе. Ако ја изгубам довербата во тебе, ќе се скршам целосно, само тебе ти верувам 100%, ако ме уништиш на кого после да му верувам, кого после да сакам... Докажи ми дека ја кажа вистината. Очајно ми треба доказ..... Како е можно таква работа да не знаеш, требало да видиш ако ти не знаеш, кој треба да знае, јас ли или ти... Мене да ми поставеше такво прашање невозможно за мене ќе беше таква работа да не знам, ама ти изгледа си многу неорганизиран во случај ако ја кажуваш вистината.
Многу прашања во главата, а одговор немам. Ме интересира само зошто? Мојата реченица што и да се случи секогаш ќе бидам тука за тебе, полека го губи значењето. Патиштата секогаш ни се разделуваат, а кога ќе ни се спојат сфаќам колку сме се промениле и дека не сме блиски како порано. Знам дека како пар нема да успееме, ама барем како пријател да те имам во животот. Доволно ќе ми биде да ми се јавиш и да ми кажеш дека си среќен и дека си добро, ама и тоа нема да се случи. Денес по којзнае кој пат те изгубив како партнер ама за првпат те изгубив како пријател, а низ годните многу работи поминавме заедно....... Штета. Жал ми е што не те гушкав посилно, жал ми е што не ти кажав некои работи..... Се надевам ќе се вразумиш......ама и тоа е веќе џабе. Се е џабе. Од мене толку, завршив со тебе.
Се сеќаваш на сите оние мигови кога ме ставаше под нив и ме газеше со сета сила своја??????? Ах јас добро се сеќавам на нив.... И мотив ми се......... И сила ми се........ И ветер во грбот ми се....
Во денови како овој во кој животот како роулкостер ме фрла од една страна во друга се сеќава дека никогаш подддршка не ми беше, нити очи кои вљубено гледаат без да трепнат, нити мотиватор, нити сила, нити некој кој ми се восхитува, нити подадена рака, нити ссослушувач, нити прегратка... А бе НИШТО не ми беше! А јас толку долго живеев со тоа ништо, без да се бунам, со главата наведната, зошто ме убеди дека друг третман јас и не заслужувам.....
Мразам што си далеку, мразам што не знам да покажам дека ми значиш, мразам што немаш појма за ништо што ми се случува во главата. Мразам што те запознав и што никогаш со никој не сум се почувствувала како што се чувствував кога бев со тебе. И од мене, најемотивно исконтролираниот и најрационалнот човек, со поглед правиш да се претворам во шеќерна волна. И мразам што си крајно саркастичен и што тоа ме погодува и во исто време, си апсолутно најтоплиот и најмилиот човек што го имам запознаено. И не можам, не можам да престанам да мислам на тебе, а не па да те мразам. Ти си сé. И страшно многу ми треба да те видам.