Ќе те гушнам илјада пати, ќе те бакнам илјада пати, ќе ти изнакажам илјада зборови, ама нема да биде доволно да ти возвратам за подршката што ми ја пружаш. Знаеш да ме насмееш кога ми е најтешко, со една прегратка го гасиш гневот насобран во мене. Колку добрина и љубов има во тоа твое срце? Неизмерно те сакам, знаеш
Ти благодарам што беше до мене кога сите ме напуштија. Ти благодарам што веруваш во мене кога никој не верува, дури ни самата јас. Понекогаш си мислам дека си ми излезен од соништата во реалноста, бидејќи ти си онаков човек каков што отсекогаш посакував покрај мене. Ти благодарам што постоиш, те сакам повеќе од се'.
Биди среќен, те молам. Ако нешто во животов не би издржала тоа би било да знам дека некој кој сум го љубела толку многу, сега веќе не живее доволно, не се смее и не се радува само затоа што мене веќе ме нема. Те молам живеј го секој ден онака како никогаш да не си изгубил ништо, ниту дел од себе ниту дел од мене. Не сакам да се каеш некогаш затоа што си ги истрошил најубавите години од животот во разочарување за личност која си заминала. Не би можела да ја издржам тежината на твоите каења на мојов грб, затоа што би биле многу потешки од оние кои веќе си ги имам врз себе. И не заборавај, смеј се и радувај се на животот додека ја чекаш личноста во чии очи ќе пронајдеш спокој и безброј среќи исткаени од љубовта која ќе ја споделувате. И не губи надеж, и таа брза за да ти се фрли во прегратка. Дочекај ја со расширени раце и насмевка на лице, затоа што со неа ме освои и мене. И не заборавај, секогаш ќе те сакам.
Не знаев дека можам да бидам толку силна и толку ранлива во исто време. Но едно ме научи,дека не треба да верувам на личности од твојот тип - молчаливи а злобни. Терај.
Твојата дволичност и самоувереност дека си најдобар за жал јас ја учев на крвавиот пат... Тоа дека си височество кое сум го измолувала за нешто е лекција за која ќе се каам во следните три животи.... Ама пак затоа сега можам да изразам сочуство на сите оние кои очекуваат искрен збор од тебе, на сите оние кои ги гледаш во очи и мислат дека ги почитуваш, на сите оние кои веруваат во тебе... Сочувствувам со нив и гласно се смеам, нека им е со лесно !
Ти кажав што сакав. Таква сум јас, ако не е по мое ќе те извреѓам, се ќе ти речам ама те сакам до небото и назад. Ти кажав се што сакав, но не и што мислев. А тоа што го мислам е дека сакам да сме среќни сега секогаш и во вечни векови. Сакам да сум со тебе засекогаш, зашто си еден во милион. Сакам да ни се вратат оние мигови кога бевме стварно среќни. Сакам да се вратиме старите ние. Си го сакам назад мачето мое. Сакам да ми простиш и да почниме од нула. Те молам...
Идиот, таман ќе си речам готовo го нема, се појавуваш, пак си ја пробуваш среќата ме викаш кај тебе, кога ќе ти покажам кај ти е местото навреден, ме прашуваш ''што ти е на тебе'', човече дали си нормален свести се! Немам намера да се понижувам, дај изгуби ми се од животот! Денес дознав колегата што ме свиѓа бил братучед на зет ти.
Што ти е последниве неколку дена? Не можам да те препознаам, ти не беше ваков... Дали некаде нешто погрешив? Дали можеби претерав? Подобро кажи ми што имаш да ми кажеш, но не ми премолчувај. Вака повеќе ме повредуваш. Не можам да те трпам ваков, биди како порано. Ветувам дека ќе бидам потрпелива колку што можам повеќе, само нека биде сѐ како порано. Последниве неколку дена ми се многу ужасни, психички се чувствувам уморна. Потребен си ми.
Иако ми признаваш дека ти требам, дека ме мислиш, дека заспиваш мислеќи на мене, дека можеш цел ден да го поминеш со мене на тоа наше место, денес сепак вистински го почувствував тоа. Почувствував како се смируваш во мојата прегратка, како допирите ти го враќаат мирот. Не сакам да се грижиш за ништо, се е минливо. Но, едно знај, секогаш ќе сум тука за тебе, да ти пружам рака, љубов, спокој. Во тоа биди сигурен.