Давид... Уф какви чувства лежат во мене. Не ми е ова исповед како обично туку ќе кажам нешта кои ти самиот ги знаеш многу добро... Ама немам веќе ни начин да ги покажам. Зборовите нас не ни се важни веќе... Зборовите се безначајни и заборавливи. Споредно е се, кога си до мене. Целото ова време со тебе ми е како да гледам филм, не можам да верувам дека животот ми го направи совршен. Сакам деца да ти родам, сакам на иста парцела да не закопаат, сакам засекогаш да си припаѓаме еден на друг. Сигурна сум дека ти си мојата друга половина - без тебе се чувствувам како срцево да ми е поделено на две и едната половина да е кај тебе. Колку нежност имам за тебе, Давид... За никого не сум имала ни приближно.
Ми викаш Дечко да си најдам, ми викаш да не те чекам. Добро, не те чекам и никогаш никого нема да чекам. Избришав те од секаде и не сакам да те видам. Инаку фала ти, сепак за тоа што ме искористуваше , фала ти што ми докажа дека не треба да верувам на никого, чекај, јас на никого не верував но си реков, со тебе сакам да бидам и фала ти што ме сјеба. Од една страна добро е што не се надевав многу, сепак секогаш си беше таинствен. Не давав надеж на никого и ете кога ти дадов тебе, па да кажам добро ме заеба. Но нека, јас ќе си продолжам каде што застанав а на тебе хепи лајф. Ќе кажеш, ќе си помислиш и ќе се заебеш.
Една песна, едно заедничко место направи да затреперам за момент, по тебе. Влегов во маркет, имав упатени погледи од еден муштерија, само ја наведнав главата и помислив на тебе, а колку што забележав, убав беше. Да не бев во ваква состојба, можеби ќе му возвратев, имав забележано од порано дека ме мерка ама пуста јас бев денес без желба за живот со бушава коса, старите патики, облечена во стара маица и тренерки, сирота јас, нема грешка, само барам изговори. Не, не се предавам се уште, нема да потклекнам повторно и да заплачам за тебе. Ќе те помислувам иако планираш нешто со другата личност, ама нема да го подгазам ветеното, не те барам никогаш повеќе, нема да те видам никогаш повеќе, ниту да те слушнам Ќе викам на глас, ќе пеам, ќе се смеам ама солза, никогаш повеќе. А чувствата, кога тогаш, како така, ќе ги скротам.
Добро е што научив барем малку да бидам трпелива. Но, во главата разни сценарија ми поминуваа овие денови... А не сакав да си признаам дека можеби го имаш истиот проблем со виберот како и јас. Си велев не е можно, ама истото ни се случува... Само што јас по сто пати го отворав, нервирајќи се во себе, а ти преоптоварен со обврски не си го отворил со денови... Виберот си се однесува како сака, сака само проблеми да прави таму кај што нема. Месинџер ретко користам пошто знае да ме зафркава, очигледно треба и виберот да го оставам, само инстаграм сега за сега работи како што треба и за слики и за допишување... Една твоја порака ми го врати старото расположение, ми ја врати насмевката. Добро е што не си се променил. Сакам што поскоро да те видам и да те изгушкам, премногу ми недостасуваше овие неколку дена.
Одлично ти стои тоа одело со зашиени копчиња, чии конци не можат да се видат на површината. Ефтини се рабовите, наѕира р'ѓа. Зошто сакаш повторно да се враќаме на истите улици, да виориме знамиња? Со каква цел сето тоа, навистина? Не те мразев никогаш. Само сфатив дека не сме добри еден за друг и затоа се збогував со тебе. Понекогаш мислам дека ми недостасуваш, но потоа сфаќам дека ми недостасува само идејата на тоа што сме биле некогаш. Спомените и после шест години се свежи и вивидни. Само кога би знаел колку...
Досадно е. И монотоно. Со тебе. Немам што да разговарам. Знам на секс мислиш често. Ок е тоа.. ама не сум сигурна дека ова ќе продолжи баш.
Толку многу ми удоволуваш што не знам како би ти се оддолжила за цела оваа добрина. Со што ли заслужив да ме третираш како капка на дланка? Само криво ми е зошто се нервираш за нешто што се случило и не можеме да го смениме. Ете така требало да биде, прифати веќе штом не можеме да дејствуваме. Трпение спасение...Да, тешко и нервозно е да се чека ама на крај кога ќе дојде она слаткото ќе заборавиме на сите проблеми и на големо ќе прославиме. Ти ветувам дека за некој месец ќе се смееш за тоа што сега се нервираш. Многу ми значиш и те сакам, и знај дека ќе продолжам да ти бидам стимул и најголема поддршка.
Ова не сум јас, премногу храбра во овие ноќни часови сум станала... Не знам што си помисли, ама малку ми е срам, што покажав малку повеќе емоции од што требаше... А воедно се плашам да не се оддалечиш од мене. По одговорот ми изгледаше дека не ме имаш разбрано „погрешно“, ама ќе видиме како понатаму ќе се однесуваш. Дај Боже да тргне на подобро работата. Може во право се тие што велат кој ризикува тој и добива.
Ја сакам твојата смеа, муабети, начинот на кој ме засмејуваш. Ја сакам и твојата прегратка и кога ми ги топлиш стапалата навечер во постела. Го сакам начинот на кој се грижиш за мене и јас за тебе.
Имам нова љубов, знај.. мислам, не ми е љубов ама ми се допаѓа. Вистината е, двајца ми се допаѓаат ама едниот посебно. Нема веднаш да оставам место за нив, да изберам еден од нив, јас не сум како тебе веднаш да трчам по други само за да не бидам сама, од инает или нешто трето. Не сакам повторно да избрзам и да правам грешки од што сум повредена. Ете, што се правам за тебе. Ама тебе не ти е гајле, а и јас сум близу тоа да ми биде сеедно. Cheers my love.
Ти си сопруг за каков не би ни сонувала ако те немав, тек па каков татко ќе бидеш, не можам ни да замислам Ти нас две ќе не чуваш ко принцези рече, ние ко крал ќе те гледаме и сакаме цел живот ! ! ! Те сакам љубов!