Ти си прекрасен, сон за секоја девојка, ама не, не можам... се уште не можам. Залудно се обидуваш, не можам.
Сакам да ти готвам, сакам да те мирисам, сакам да те гушкам, да се смееш дур те смеам, да ти заспивам на рамо, сакам да те сакам... Се дури дишам!
Би пишувал бесконечно за тебе,но нема потреба.Дали судбината ке си поигра со нас,или уште повеќе ке не зближи?Незнам повеќе што да мислам за нас,само сакам среќа и радости.....
Многу си незаинтересиран за мене. Така ми изгледа. Ај менуваш лозинки. Ок. Приватна ствар. По неколку пати во пола саат ме прашуваш како сум што правам. Забораваш. Не ме ставаш на акал 2%. Ок. Денес бев на лекар. Ти заборави. Секогаш се ти е досадно. Не реагираш никако. Ако не сме заедно. Далечина си е далечина. Ама можеш да ме прашаш како поминав. Ти ништо. И затпа реков дека доручкувам. Јас бев во болницата . Мислев ќе ми кажеш нешто во стилот на :нели требаше сега да си на болница? Дали сме еден за друг. Воопшто?? Нешто студена е ситуацијава. Само пререкуваш нешто. Контра. Иии да. Не сакаш двајцата да сме на одмор сами. Затоа што си имал лошо искуство и ти било досадно кога ти и најдругар ти сте биле двајцата на одмор. Ех fubar:
Шминките ми ги пресмета во 5кила месоо??? Spoiler: ..... .....АХАХАХАХАХАХАХАХ леле луѓе ќе пукнам од смеа хахахахахахахахахаха
Се што е прекумерно е многу.. Многу работа, многу пиење, многу јадење... многу поминати саати со луѓе што ти го одземаат времето .. многу внимание поделено на луѓе што утре нема да бидат таму за тебе... Несвесно ги туркаш подалеку од себе тие што животот би го дале за тебе.. пази.. моментот нема реприза Тоа што живеам и дишам поради тебе и твојата добрина, не значи ништо ако не го негуваш... Ќе овене споменот на добрината, посветеноста ... ќе го заменат игнорантноста и незаинтересираноста ... а тогаш стандардно дел од мене се откинува и почнувам да мразам се што мрда.. Така било отсекогаш..
Те молам НЕ ОДИИИИ, НЕ ЗАМИНУВАЈ Се плашев дека еден ден ќе го слушнам ова, како да ти кажам остани, кога сѐ ти е организирано, ме распарчи... Добро е што те видов, што ако заминеше без да те видам... Ти благодарам за прекрасно поминатото време, а таа прегратка за збогум, никогаш нема да ја заборавам, толку силна, толку топла, но заминуваш... Не се знае на колку време ќе доаѓаш, кога повторно ќе те видам... Морам да те заборавам, а како? Боли, проклето боли... Сите еден по еден заминувате... Се трудам да ги задржам солзите, душата ме боли, срцето ми крвари... НЕ ЗАМИНУВАЈ, НЕЕЕ ОДИИИ
Ти благодарам што ми си грб и поткрепа и ме трпиш цели 2 год. и 8 месеци. Пред тебе животот ми беше тежок пекол,ти ми вети дека ќе ме спасиш од “ѓаволот” и го стори тоа го исполни твоето ветување, и за тоа ќе ти бидам благодарна цел мој живот.
Еве уживај сега со неа, а не можам да ти посакам среќа кога знаеш дека јас сум несреќна. Нели не сакаше ништо, нели не сакаше врска а? Гниј гнидо а јас сум се стегнала и не сакам да дадам никому шанса... мрш.
Кога знаеш дека сум ранета.... Кога знаеш дека штитот мој попушта ... Кога знаеш дека ова е луксузот кој најмногу ми треба...
Ми недостигаш. Колку и да си зафатен знам дека таму ме правиш горда. Една прегратка по еднаш дневно ми е доволно, а после што сакаш прави си.
Ми фалиш секој ден, ми фалат разговорите со тебе, советите кои би ми ги дал. Ми фалиш затоа што премногу време поминувавме заедно, ми фалиш затоа што сакам да видиш во каква личност станав денес. Се надевам само дека си горд на она што го постигнав до сега. Сето ова што го правам, целиот труд што го вложувам е токму поради тоа, да бидеш горд на она што сум денес. Тоа што сум денес е благодарејќи на тебе. Не е многу, но сепак се трудам да успеам и да бидам што е можно подобра личност. Ти благодарам за се што направи за мене, а направи и премногу, повеќе одколку што беше потребно.
Сега те разбирам. Истата случка е само улогите се заменети. Штета за мене. Правам како што ми правеше ти мене. Што да не, а? само еден кога сака малку е а ти мене веќе не