Во мислите се навраќам на секој твој кажан збор, на секоја твоја постапка, на секоја твоја прегратка, на секој преубав миг поминат со тебе... Боли, солзи течат, се прашувам како ќе издржам без тебе... Не можам да ти најдам ни една маана, најдобар и секогаш искрен пријател каков што не би можела ни да замислам, затоа и те засакав, поради твојот карактер... Затоа е невозможно да престанам да те сакам. Затоа толку ми е тешко. Те сакам повеќе од пријател, за таков човек вреди да се борам. Ти си уникатен, никогаш не би можела да најдам ни приближно совршен како тебе. Не оди те молам потребен си ми...
Знаеш дека подобро беше така иако потајно посакувам да се јавиш. Веројатно и ти си малку изненаден и збунет.
Ти се колнам дека престанав да мислам на тебе...подобро ми беше,бев на чисто со сама себе се до пред два дена,не сум сигурна ни дали те видов,дали всушност беше ти,службената кола во ист ден покрај мене помина дури трипати,и толку ми требаше да се вознемирам...се прашувам еве уште дали беше тоа ти,ако беше зарем заслужив да ме одминиш без да застанеш,без да свирнеш барем од кола Во иднина,те молам не ми се појавувај пред очи...и ќе бидам подобра пак,си ветив,овој пат морам....