Што би и рекол.. Бевме љубовници, сега не може да бидеме пријатели, фасцинацијата заврши... Се надевам дека си нашла нешто што ке те исполни позитивно. Последно од мене за таа личност.
Не ми се верува дека си го направил тоа. Зарем толку ниско се имаш спуштено? Мислев дека со мене ти е убаво, и дека нема да се дрзнеш никогаш да отидеш, со некоја толку ниска.. Знаеш дека не знам да глумам, се што ти кажав го мислев, никогаш повеќе нема да има нешто помеѓу нас, никогаш. Во мојот живот одамна нема место за такви подли луѓе, како тебе.. И извини многу ама не знаев дека со вистината те извреѓав..
Само да знаеш мастика не се џвака со отворена уста И извади ги веќе еднаш од тебе наочарите за сонце. И,многу си убав бре,ух и таа голема муцка како ти стои
Овој пат навистина сакам да успееме. Навистина сакам да го исполниме она за коешто мечтаеме неколку години уназад. Знам дека го посакуваш со цела душа и знам дека ќе успееш како и секогаш. Ова е одлична шанса за тебе, за мене, за нас двајцата.. Верувај дека ќе дадам се од себе за да успееме овој пат. Ти си моја гордост, моја најголема мотивација и водилка. Те сакам!
идиот. мене ми зборуваш. ваљда само јас ги гледам фоктите од нас. Таака си направил. Волкот крзно менува,но не и карактер. Волу еден. Пак ли ќе почнеш да излегуваш со сите што че ти се пружат како пред меене што било,па сега со мене ти здосади немаш како да мењаваш жени ко чорапи. Простаку еден. Изјазни се што сакаш и како планираш а не да вртиш муабети. Идиот.
Преку ден обврски, факултет, „мешање“ со луѓе и чувствувам дека полесно ми е барем малку, се насмевнувам со тешко срце, мислите ми се окупираат со некои други нешта. Но, најтешко ми е навечер, кога немам обврски, кога сум сама со себе, па во мислите ми доаѓаш ти и се чувствувам лошо при помислата дека уште малку ќе заминеш. Толку далеку... Колку и да ми е тешко, ти посакувам да бидеш среќен каде и да си... Седам и размислувам, се присетувам на секојдневно многу лоши вести (смрт, тешки сообраќајки, болести, борба за живот...) и сфаќам дека најважно ми е да си здрав и жив каде и да си, а далечината колку и да е тешка, ќе морам да бидам силна и да издржам. Далечината во километри нема да дозволам да ме скрши, важно ми е без разлика после колку време да можам повторно да те видам, да те допрам и најсилно да те гушнам, важно ми е да си здрав и жив, сѐ друго ќе издржам. Прегратките за испраќање се најсилни, најдолги и најискрени. Никогаш толкуууу силноо ме немаш гушнато како минатата недела. Знам дека ти е многу тешко, ама ти сам си го избра тој пат. Посакувам во последен момент да се предомислиш и да не заминеш или таму да те фати носталгија, па за кратко да се вратиш назад засекогаш. Некои ми велат да те заборавам, да престанам да те сакам... Знаеш што? На моменти кога ми е претешко, сакам да те извадам од срцето, но проблемот е што не можам да ти најдам некоја маана поради која би престанала да те сакам. Седам, размислувам, те анализирам детално, секој твој збор, секоја твоја постапка, но залудно, не можам да ти најдам никаква забелешка, туку напротив се вљубувам уште повеќе во твојата добрина. Анализирајќи те, сфаќам колку сум несовршена, колку имам маани, но сум среќна што си ме прифатил таква каква што сум и што нашето пријателство трае толку долго.
Дали се сеќаваш кога прв пат се сретнавме, и кога ме гледаше, правејќи се дека не ме гледаш и кога јас те гледав, како да не те гледам ... Се сеќавам. Никој, никогаш пред тебе (а и после тебе) не успеал да ми предизвика таков оган. Пред некој ден, низ муабет Д. ми рече: „Смири се и само затвори ги очите. Замисли го пред тебе и кажи му се' што ти лежи на душа. Потоа ќе си начисто со себе.“ И пробав. И не успеав. Освен да изустам: „Се плашиш ли?“.