Да можеше да се врати времето тој 19 ти Јануари, па без размислување да ти кажев не! Воопшто да не те пуштав во мојот живот, се ќе беше поинаку. Премногу грешки направив поради тебе, се претворив во личност каква што никогаш неможев ниту да помислам дека бидам. Секогаш кога премногу се мислам донесувам погрешни одлуки...
Еднаш одамна рече дека ќе си тука за мене секогаш. Ништо ново, многу рекле така. Но, ти навистина си тука кога ми требаш. Колку и да сме скарани, пак си тука за мене. Фала ти. Денес останав присебна ради тебе. Можеби не знаеш и нема да ти покажам ама премногу ми значиш. Не сакам веќе да те губам, сакам секогаш да си до мене, а не само да си тука за мене.
Ме уништи. Длабоко сум повредена. Денес ја доби последната порака од мене, немаме веќе ништо заедничко. Дали тагуваш? Ти неможеш да ја осетиш таа горчина што ја имам јас. Собрав храброст и излегов да те видам, те гледав во очи, иако знаев дека синоќа ти друга девојка гледаше во очи, ја гушкаше и се забавуваше. Толку лесно ме замени ? Те прашав дали имаш да ми кажеш нешто, ти молчеше. Молчеше и несакаше да признаеш. Зошто не ми кажа? Зошто криеше од мене? Мислеше дека јас никогаш нема да дознаам? Се лажеш.. Вистината секогаш се дознава, не е битно како. Скршена сум, повредена. Немораше на тој начин, немораше така да биде. Дали си го исполни егото? Некои прашања никогаш нема да бидат одговорени.. Само да знаеш дека пред Вистината и боговите молчат.
Ете јас повторно ќе ја искажувам мојата болка на форуми зошто не можам на тебе да ти кажам. Прочитав некаде дека "доколку се вратиш на стара врска не очекувај работите да се променат, тоа е исто како да почнеш да ја читаш твојата омилена книга по втор пат и да очекуваш различен крај". Тоа е апсолутно точно. Се вратив со тебе, очекував се да тргне на подобро, ти ми ветуваше многу, а јас колку и да се колебав почнав да ти верувам. Првин бев среќна и на седмо небо што повторно сме заедно, потоа изгледа сфатив дека можеби сум згрешила што ти дадов шанса затоа што нешто ме јадеше од внатре, тоа беше сомнежот, се сомневав во секој твој збор. Во меѓувреме почнав да контактирам со еден тип што многу ми се допаѓаше, додека те чекав тебе по 5 саати да ми вратиш на пораката, со него испишувавме цели романи. И кога требаше да одлучам дали да започнам нешто ново со тој што ми го посветуваше целото внимание, јас повторно те одбрав тебе, бидејќи те сакам и бидејќи ми вети дека нема да ме повредиш повторно, бидејќи ме увери дека ме сакаш. И навистина тогаш ја чувствував твојата љубов, секој ден се повеќе ме грееше и бев мнооогу среќна што те одбрав повторно тебе. Овој пат не бев на седмо небо, туку мноогу повисоко. Ама што се случи? И јас се прашувам. Исто како претходната година, без ништо посебно да се случи ти одеднаш почна да се ладиш. Не го добивам истото внимание, не те добивам тебе, добивам само исто однесување како претходно. Цело време се караме. Гледаш секоја тема да ја свртиш накај расправија. Постојано ми повторуваш да правам што сакам. Постојано ми велиш дека немаш врме, простор, живци да се расправаш со мене. А јас кутрата повторно се прашувам зошто, каде погрешив, дали има друга, што се случува со него. Можеби една грешка повторив, тоа што ти дадов шанса, ама нема пак да трчам по тебе и да те молам за внимание, тој филм нема да го гледаш по втор пат. Ако сакаш да си одиш, слободно, те пуштам. Имаш право да правиш што сакаш, искористи го. Ако сакаш да останеш, остани, ама ништо нема да биде како порано. Ти ме смени, не сум веќе таа наивна што ти дозволува се. Ти ме научи да си се ценам себе си, да го ценам својот збор и цврсто да стојам зад својата одлука. Одлучи, ама верувај јас не сум веќе иста.
Извини што хистеришам од време на време. Знам дека не би ме трпел ама ПМС е работава. (Не му го кажувам да не си крене акции, подобро кога јас сум лутата)
Се надевам дека убаво си поминуваш сега во моментот,со толку многу луѓе околу тебе.Ми кажуваш дека ти значам,и дека имаме многу заеднички работи што досега не си ги имал со никоја,толку слични,дека ти е грижа за мене...а кога ќе ти пишам речиси секогаш,ја игнорираш пораката демек многу си"зафатен".Сепак како и да е, ми беше мило што се запознавме и поминавме некое време убаво,иако не верував дека некогаш и ќе те запознаам во живо.И лажна надеж ми даде,како далечината нема врска и такви муабети,но ќе пробам да се средам.Можеби и ќе се свестиш некогаш дека сум била подготвена да направам се за тебе,а тоа и ти го покажав.. НО кога ќе се свестиш,а знам дека тоа ке биде НАСКОРО, ке биде веќе доцна..премногу доцна..Имај убава вечер !!
Да ти речам about last night , да ти речам дека в уши ми остана овој делукс избор на песна, да ти речам дека и нникој како тебе не може да ме насмее, да ти речам, а бе како од Бетовен на овие задовлства се префрлаш, да ти речам продолжи...е само тоа... продолжи вака маче мое
Немав прилика да ти кажам, деновиве ти го истражувам однесувањето. Го гледам секој твој гест кон мене, дури и искреноста. Кога би завршила со ова истражување би ти кажала што мислам. Двоиш две добри карактеристики што не секое машко го има, барем јас не сум го сретнала. Ти благодарам што си мој, тоа со сигурност го знам.
Да можам цела вечност би лежела во твојата прегратка. Сакам заедно гушнати да спиеме, заедно цел ден да сме. Летото нека побрза, за да можеме да бидеме само јас и ти, и морето пред нас.
Кога си ти во прашање разочарувањето е неизбежно. Повторно истите двоумења и повторно истиот одговор го добивам за нив. Не, нема враќање назад затоа што се појасно ми станува дека ја донесов вистинската одлука кога решив да си заминам. Единствена грешка е што понекогаш знам да погледнам назад, но и тоа ќе заврши за кратко. Верувај дека ќе ме нема веќе никогаш, ниту до тебе ниту во минатото. Со многу вложен труд и уште поголема желба, ќе успеам да создадам нови врати за излез од тука. И потоа нема назад. Нов свет, нова реалност, нова иднина