Оди си веќе, биди подалеку од мене зошто гледам дека колку и глупости да направиш јас и понатаму ќе те сакам. А идиот си, и поголем идиот од тебе нема. Кој незнае да го задржи она кое го сака, незнае да се бори за она кое го сака. Не мене не ми треба таков. Ама зошто проклето така се чувствувам. Зошто имам некое чудно чувство. Дали само јас си фантазирам или тоа е навистина така? Незнам навистина, само сакам побрзо да дознаам..
Велиш дека штом не сум те сакала веќе, морало да има некој друг... И да, во право си... Има некој друг...Некој што некаде чека да се сретнеме...Некој што е се' што од секогаш сум сакала да го имам покрај себе... Некој што ќе ми даде се' што ти никогаш нема... Тој некој постои во моите фантазии... Тој некој мислев дека си ти, но гадно се излажав... Немам желба веќе да се прилагодувам на тебе, заслужувам да сум среќна
Намали со кафињата и цигарите, гледаш дека си го уништуваш здравјето и упорно си тераш со глава во ѕид. Кафињата и цигарите нема да ти го олеснат заминувањето, не биди тврдоглав, не претерувај. Со толку кафиња на ден и цигара врз цигара нема да ти стане полесно.
Кај те најдов, со што те заслужив? Жал ми е што мораше да го поминеш периодов заради мене и фала ти што не ме остави ни за секунда сама. Твојата смиреност и поддршка беа клучен фактор да си го зачувам разумот. Едиствен си!
Четири дена те немам видено и знам дека повеќе не можам да издржам. Се надевам утрешниот план ќе ни се оствари, бидејќи фалиш. И тоа многу, сите овие денови. И не само навечер кога сум сама со своите мисли, фалиш и наутро кога ќе се разбудам, и попладне кога сум зафатена. Секоја секунда те мислам.
Ајде да оставиме се и да заминеме, да си се преселиме Спојлер: Тука Да бидеме среќни, да уживаме во живот исполнет со љубов. Ме гуши околинава, настаните, луѓето, минатото, се гушам од се што не опкружува...
Единствено ми е жал што никогаш немаше доверба во мене, што никогаш не поверува дека некој може толку да сака, што никогаш не поверува дека не би те повредила, што никогаш не поверува дека за љубов човек и во кутија живее, што никогаш нема да знаш дека дооолго после таа љубов јас се уште не сум те предала, нити била со некој... Амма тоа е само зошто ти не знаеше да сакаш некого така знам, зошто ти не би бил верен на емоциите , зошто ти не би се борел така... Затоа не веруваше... ама помина....
Ти пишувам зошто знам дека нема да прочиташ.... а само ти ќе знаеш...:/ 7години љубов си ми заради тебе триста проблеми во животот си направив и скроз си го испустив... Знаеш дека те сакам... неможеме никогаш да бидеме заедно веќе ти си со друга јас со друг основавме семејство сега е касно за се... Поминаа 4 години од последниот обид за наше успевање ти си крив ТИ НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО ХРАБАР!!! ДА МИ РЕЧЕШЕ ДОЈДИ СО МЕНЕ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОЈДЕВ ВЕРУВАЈ ЌЕ ДОЈДЕВ ЌЕ ОСТАВЕВ СЕ...:/ ама ти беше мал нели за женење... Не ми се лути што се омажив немав избор верувај ми знаеш низ каков тежок период поминував нема поткрепа а твојата помош доцна ја понуди веќе се гледавме и добро знаеш зошто не прекинав зошто после ќе ти беше тебе страм да му се испулиш него во лице сега него му е...Јас не ти се лутам што се ожени секој продолжува по патот не ти се лутам ама те сакам и ми е криво што не сум јас на тоа место како и дента кога ја правев свадбата што сакав да си ти до мене.. Штета за нас... Те немам видено од зимото те видов помина со колата јас бев сама знам дека ти ме имаш видено повеќе пати.... На сликите не ми личиш многу среќен се сеќаваш што ти кажав за нејзе еден ден ќе ме спомнуваш дека бев во право ако изгледа како наивно мирно женче.. :/ Те сонувам и со денови неспијам размислувам за тебе.. ЈАС НЕ СУМ СРЕЌНА секој ден сум навредувана и понижувана и брецкана заслужив поубава среќа знам те заслужив тебе... Зошто ме фати на инает зошто на сите им си раскажувал.. тоа ме налути што ко ми ја понуди шансата и кога ти кажав најдов некој што ми значи повеќе од тебе што ме сака (те лажев лута бев) требаше да ти одговорам кога ме праша кој е тој ако не тајна ако можи да знам ко сега се сеќавам и не ти пишав го деактивирав профилот и толку беше... Требаше да разговараме.. Ама последниот пат кога ми кажа дека ме сакаш и мене ама дека чувствуваш како и нејзе да ја засакуваш се сеќаваш? Јас се сеќавам ми рече дека нема како мене друга и дека само мене можиш да ми кажиш памтам се.. Сакаше да ме гушнеш и ме гушна сакаше и нешто повеќе но недоби осетив како достоинството и гордоста да ми ги зеде со предходниот пат затоа не ти дозволив ништо ми рече таа е болна зато не се видовме денеска.. Знаш што осетив осетив дека ќе се заљубиш ама дека нема да ме заборавиш и дека ќе ти бидам само љубовница ништо повеќе а јас сакав да ти бидам се тоа што требаше да ти бидам ќе ти готвев нели сакаше ти да пробаш нешто мое готвено (никгоаш не проба) ќе ти перев ќе ти читев деца сто ќе ти родев само да ми речеше решен сум да оставам се за тебе... само тоа да ми го речеше женска ти беше ионака прво јас ти бев женска ти се предомисли да избегаш со мене само заради што те додаде на фб и од обична утеха стана нешто повеќе?Истата вечер ко ми ги кажуваше маките дека си заглавен 500евра дека не ти дале плата имав толку пари и можев да ти ги дадам ама и да немав ќе земев кредит само за да ти помогнам ама несакав да се увредиш со тоа што ќе ти речам да ти дадам... Само тебе во животот сум те сакала и еве 7 години тлееш во мене како некое жарче и незгаснуваш.. На денешен ден се видовме вечерта седевме на ѕидчето горе ти ме чекаше таму кога ти кажав што поминав кога тебе те немаше и колку многу те сакам плачев од срце плачев ти ме гушна и не ме пушти 15 минути 15минути јас плачев на твоето рамо цело лето знаеш низ шо поминавме и како се криевме зар дозволи на крајот да се зафркни се.. Зошто? Зошто сето тоа го дозволи а знаеш дека само со тебе бев тоа што треба да бидам жена, домаќинка, љубов. мајка се... сега сум сето тоа ама без љубов.. :/ Никогаш нема да те заборавам дури ни кога ќе умрам...Знам дека нема да прочиташ никогаш и никогаш нема да знаеш што чувствувам зошто секој контакт со тебе е неверство а јас несакам неверства во брак се плашам од Бог ама ако е грев и да се сака друг човек тогаш и тоа е некој вид на неверство.. верна невера. :/
Посакувам да не беше толку често отсутен од дома,да не работеше толку мн.Знам дека се што правиш правиш за нас три.За да имаме се што ќе посакаме.Но,верувај несакам ништо ,сакам само да си почесто дома до нас.Уште една досадна недела заминува....
Допрва ќе дознавам дали вреди ризикот за тебе. Ако ме повредиш, ќе ти ги откинам јајцата и ќе ги прикачам на клучеви како еден вид трофеј.