Прво, престани да ми правиш хаоси во глава. А не знам како, кога само погледов да ми легне на тебе, се шашрдисувам. Второ. Кај мене во речник, денови кога врне се денови за лежење во кревет и гушкање. Следат санкции за непослушност. Да си запишеш и научиш. (и дајбожедаврнецеланедела)
Вчера насамо братучетка ти за тебе ми рече: ,,Кога гледам како се грижи на сите другари и фамилија да им погоди, како е достапен во секое време за сите, колку добра душа има, отсекогаш си мислам блазе си и на девојката/жената што ќе го има покрај себе". Се насмевна и ни посака среќа за одлуката. И без да ме потсетат знам колку вредна личност имам до мене, ама убаво ми дојдоа пофалните зборови за тебе. Едвај чекам да почнеме да го пишуваме новото поглавје во нашиот заеднички живот
Кога ми е тешко, кога од сѐ ми е преку глава, кога не ми се учи, кога имам трема, во глава ми одѕвонуваат твоите зборови, твојата верба во мене дека ќе успеам, дека ќе бидам успешна во професијата кога ќе се вработам, ми даваат поттик да не потклекнувам, да продолжам да се борам и да си ја остварам својата животна цел. Кога се двоумев меѓу два факултети каде да се запишам, тебе ти се обратив за совет и не згрешив што те послушав. Очигледно премногу добро ме знаеш, па секогаш добивам вистински одговор/совет од тебе кога се двоумам за нешто. Дури во моментот не секогаш ми се допаѓа твојот совет, но секогаш те слушам. Добро е што не сум тврдоглава и што не си терам по свое, бидејќи би згрешила. Слушајќи те секогаш, покасно гледам дека за сѐ си бил во право и дека ќе сум погрешела ако не сум те послушала. Среќна сум што те имам за другар толку години, а уште посреќна би била кога би ми бил и повеќе од другар. Кого да гушкам кога ќе заминеш? Во чија прегратка да се чувствувам толку спокојно, толку среќно? Чија прегратка ќе ми ја зголемува самодовербата? Чија прегратка ќе ме прави уште похрабра? Премногу ќе ми фалиш...
Нека е секогаш вака. Можеме заедно се, држејќи те за рака сум посигурна во се што треба да се случува
Ти се ближи роденден..досега секојпат сум била пресреќна во вакви моменти, кога ги одбројував часовите до Твојот ден ама овој пат е различно. Јас и ти веќе не сме истите луѓе, ме повреди многу иако не си го мислел тоа ама кај мене лошо се одрази. Не знам како ќе седиме јас и ти еден спроти друг неколку саати, ќе биде тешко..
Добар си. Лош си. Паметен си. Вреден си ... Се се... ама кога ќе уплескаш перфектна вечер и несакајќи ќе ме понижеш и спуштиш толку ниско .. ми иде со штакиве да те мавам меѓу нозе
Мислам дека почна да ми се засвиѓуваш. Некако се навикнав на долгиве муабети, ептен ми е убаво што можеме за се да збориме и што секогаш имаш време за мене. Иако мислев пријател ќе ми бидеш. Ама некако се се смени кога видов дека си твитал за мене, како да почнав на друг начин да те гледам. Ама ајде ќе се правам уште некое време рамнодушна, помачи се за тоа кафе.
Ти си ми како клуч кој ја отклучи врата која ме држеше затворена долго време во едно исто ниво од животот. Сега сум на ново ниво благодарение на тебе. Ти благодарам што постоиш и што се појави во мојот живот.
Никогаш ништо убаво од мене за тебе нема да слушнеш....ете толку бев јадна да бидам со човек за кој кога ќе ме прашаа не можев да се сетам на ништо убаво....Штета за мене и моето изгубено време штета што на овој начин морав да научам дека не секој маж е човек...
Среќен нека ти е роденденот.. Те видов вчера и ти ме виде ти го заприметив погледот беше изненаден што ме виде во очите осетив дека сакаше да ме видиш сакав и јас... Намерно ја завртив главата зошто секунда фалеше да испуштам солза... НЕСАКАВ ДА ГИ ВИДИШ МОИТЕ СОЛЗИ...!!!!
И кога мислев дека не може полошо, се појави ти. Без никакви ветувања, мислев дека конечно се појави некој различен. И навистина испадна поразличен од сите кои досега ги знам...ме повреди на начин на кој не ни сонував дека можеш да го направиш тоа. Дозволи стравот од обврски да го упропасти она што го имаме. Очекуваш да те чекам, да го чекам денот кога ќе се средиш за да почнеме одново но тоа нема да се случи. Ќе ми треба време целосно да те заборавам, ама ја имам најголемата лекција во животот. Ќе те памтам како најдобрата лекција во мојот живот, а во исто време и најлошата.
За да и докажеш колку ја "сакаш" и дека не е точно тоа што го видела и купи телефон. Утре пак по старо, пак ќе ја изневеруваш. Браво љубов на ниво