Помини си најубаво.И кога ќе се вратиш повторно..помини си најубаво.Давај повеќе љубов, на сите им треба.
Минатата година на овој ден врнеше дожд се гушев од болка за прв пат бевме скарани. Вечерта конечно ми пиша за миг се израдував, но кога ми кажа дека заминуваш на подолг период бев скршена, не можев цела вечер да спијам. Утрото на работа бев како изгубена седев во судницата но само физички бев присутна чекав да ми пишеш да се видиме, но ти замина без поздрав. Кога се врати веќе ништо не беше исто. За разлика од лани денес сум среќна и сигурна дека повеќе не чувствувам ништо спрема тебе, ми стана одбивен како да не си бил дел од мојот живот, како никогаш да не сум те познавала. Всушност и не сум те познавала, цело време носеше маска, конечно го покажа вистинското лице. Зошто ми пиша синоќа, не очекувај одговор од мене мртва сум јас за тебе. Избриши го виберот и така само за мене го користиш не ти е потребен веќе ...
Ти благодарам што ме сакаш и чуваш, повеќе и од самиот себе и што ме правиш најсреќната жена на светот. Ти благодарам што сум ти единствена и најсакана љубов во твојот живот. Не знам колку пати му се имам заблагодарено на Бог што ми овозможи да запознам човек како што си ти. Малку ќе ми биде еден живот да ти се одолжам за сите прекрасни моменти подарени од тебе. Без тебе, ќе ме нема ни мене. Те сака и засекогаш ќе те сака, твоето малечко зајаче САКАНАТА ЖЕНА, Е НАЈУБАВАТА ЖЕНА!
Ми се врати во животов кога најмногу ми требаш. Ми ги подаруваш најубавите ноќи и најубавите утра. За мене е бесценето, после се што се деси, пак да се будам покрај тебе. Многу сум разочарана од животот, од љубовта, од тоа што сум оставена сама на себе. Да не беше ти сега ќе се пореметив. Наместо тоа, ти ми дозволуваш да заспијам кај тебе на гради и да ти се разбудам тука. Тоа е бесценето за мене. Не сакам никогаш повеќе да те изгубам. Не сакам животот да ми те земе. Нека се спои униврзумот во наша полза. Нека се случи чудо да останаме засекогаш заедно.
Спојлер Песнава ја имам слушано како ептен мала, ми останала во сеќавање од тогаш.Ко да сум знаела дека нема да те бива
Вчера повторно ми докажа дека ти значам повеќе од сѐ, дека за ништо не ме менуваш. И не ми е важно нечие мислење од луѓе кои не знаат за љубов. Јас многу добро знам колку ти значам. И уште нешто би ти кажала, само не со зборови.
Сабота попладне, надвор почнале летни горештини, на радио го пуштаат Marc Demarco a јас во широк фустан со висечки менѓуши и бушава пунџа пеглам бели кошули. На трпезариската маса де, зашто 6 месеци се токмам да купам даска за пеглање. А ти ми се смееш, додека го мешкаш сосот за шпагетите и ми расправаш за последната книга на Исак Асимов што си ја прочитал. Никогаш не ќе речев дека може да е волку лесно. И природно, ко цел живот вака да сме си го прошле. Фала ти, што покрај тебе секој ден учам по малкуцка и за себе, и за светот.
Како човек кој игра на берзата, човек кој работи со пари и тендери, човек кој знае што е скапо и добро, човек кој изјави дека е најдобро што неа ја поседуваш очекувам да знаеш дека дека скапите работи вредат многу, дека за да котираш високо на берзата мора да вреди капиталот кој го поседуваш, а поседувањето на селски и градски капитал никогаш не било и нема да биде исто, затоа џабе сите понижувања кои ми ги додели!
Не тие првпат да ми го скршиш срцето, да ми ги срушиш сите надежи и соништа што ги имав за нас. Боли, премногу е тешко, но јас научив да живеам со болка и загуба на оние кои ги сакам.