Те сакам...затоа што си посебен...затоа што си мој...затоа што ја имаш најскапоцената душа...која што со ниедни пари на светот не се купува...
Како на филм исто.. Се јавуваш да ни честиташ,си дознал дека чекаме бебе. И девојка ти била бремена. Терминот и е во Декември,исти ден како и мојот. Истата болница дури. Низ смеа кажуваш дека ќе донесеш букет и за мене.Од самата помисла се наежив. Уште ме молиш да ја земам со мене на курс. Ох,навистина не ми треба ова.
Велиш сум те заборавила, така е срце готово те заборавив! Не го очекуваше тоа мислеше вечно ќе те сакам, ќе чекам да пишеш или било што, дека секогаш ќе попуштам. Паметно што се извинуваш што сметаш, навистина сметаш досаден си, нема што да ми пишуваш, остави ме да си го живеам животот. Секогаш ќе бидам вака дрска спрема тебе навикни се, ми се гади од тебе. Ја нема онаа наивна и добра девојка која покрај се, се однесуваше фино спрема тебе.
Велат дека човек кога е вљубен не се штеди,дава се од себе за саканата личност...умее да сака безусловно,понекогаш и во тишина и од далеку... На сите можни начини те сакав,се колнев и ветував сама на себе дека ќе те сакам бесконечно и доживотно,ех...па и како не би мислела така кога повеќе од една деценија само за тебе знаеја срцето и разумот. Иако не заслужи толкава љубов,срцето секогаш се одлучуваше за тебе,а разумот паѓаше во втор план. Ама,знаеш што,и покрај сите ниски удари што ми ги зададe,јас те сакав исто како првиот ден,јас сум виновна што секогаш ти верував и те ставав тебе на прво место... Деновиве се трудам да исправам многу грешки,се трудам да почнам да живеам како досега да сум немала болки,сакам да успеам во тоа,и полека сфаќам дека си одиш од срцево. Можеби лажам,милион пати сум рекла дека си одиш,ама после месеци или години,ти пак ќе ми се појавеше. Ама,сега се е поинаку поодлучна сум,сфаќам дека не сме за заедно и толку,и мило ми е што не ме боли,воопшто не ме боли,ионака потрошив добар дел од животот на тебе,те сакав со цело мое битие. Не се каам,сепак имавме и убави моменти...сите спомени ги фрлив,ги искинав и изгорев,ама,оние најдрагите сепак ќе ги чувам во срцето,тие ќе бидат тука да ме потсетат на најголемата љубов,не често,туку многу години подоцна кога ќе бидам нечија сопруга,и мајка на други деца Ете,таква била нашата приказна. Збогум...до некои други времиња!
Ете, ми се докажа дека кога некој сака да те види ќе најде време и ќе ги прејде сите изговори. Те измачив дур договоривме дејт ама го прејде првиот тест. Не очекував толку брзо после се периодов да најдам некој што толку ми одговара. Што и да е резултатот на крај, сепак среќна сум што добив шанса пред се да запознаам личност како тебе.
Уште ти ми фалиш со детските игри и таман да ги зезнам сите испити Ма дај остави ме бре човеку веќе на мир, иди си замарај некоја друга
Не знам веќе што ми се дешава во главава, не знам ни кај терам ни што правам. Само во врска со една работа сум сигурна. Сакам да сум со тебе, те сакам и многу ми фалиш. Но, ми треба време малце периодов, што помалу комуникација со тебе тоа мислам подобро. Може и грешам, ама не знам. Дали поради тоа што проклето ми фалиш, па ваква ладно се понашам со сите. Толку ладно се понашам, што можно е и тебе да те повредам. Веќе и почнав, ама тоа е до главата моја. Ми треба време да се приберам.
Како успеа да донесеш топлина во толку ладен свет?Никоја до сега го нема ова направено,продолжи лејди добро ти оди.
Чувам те, не дам ником да те дира на длану си, моја тајна урезана... Чувам те, где год кренем имам те на длану си, моја линија живота, љубави...
Паметот не ми е на место поради тебе, ми ги окупираш мисливе. Само ако го паднам колоквиумов убаво ќе ти покажам.
Сакам да ти кажам сето она што не сакаш да го слушнеш. Дека судбината се обидува да не спои, колку и да бегаме од тоа. Секогаш кога сакам да оладам и да продолжам напред, се појавуваш ти и ме враќаш кон тебе. Еве и сега. Зошто пак мораше да те видам, колку и да се кријам... Се води до тебе. Се е поврзано со тебе. Особено мојата одлука. Конечна храбра одлука. Јас одлучив за мене. Се борев доволно и ќе ти дадам уште една шанса кога се ова ќе заврши. Направив се што можев да го расчистам патот меѓу нас, за да судбината не се мачи повеќе. Ќе видам колку его ќе остане во тебе. Се надевам дека нема да се плашиш повеќе. Јас помеѓу тебе и стравот погоди кој избрав? Тебе, нас. Имам надеж и сеуште ме води интуицијата од првиот ден кога те сретнав и кога во твоите очи го најдов тоа што очајно го барав. Се пронајдов себе. Ти се појави кога најмногу ми требаше, кога бев во најголемата заблуда и најголемите срања во животот. Ти ми ги отвори очите и ме научи дека животот е сега. Само жал ми се што мораше да ме видиш во такви изданија, толку очајна и мизерна. Толку на дното. Жал ми е што наместо да се одлучам кога требаше, јас чекав право време. Право време за мене, без да се запрашам дали е право и за тебе. Јас расчистив со моите мисли. Колку само сакам сега да ти се јавам и да ти го кажам ова. Но знам дека нема да можам. Нема да ми дозволиш. Ти не сакаш да сум толку директна. Да, но не можам поинаку. Во тоа сме различни јас ти. Јас играм отворено, ти затворено. Единствено што сакам е да се пронајдеш пред да биде доцна. И да почекаш за она што задоцнив јас. Да почекаш уште малку. Добра ноќ.
Како некоја традиција стана да ме бараш секогаш на полна месечина, сакајќи или несакајќи, се погодува и ми е многу интересно, а појма немаш со што се поистоветувам ( ник, ова-она, ја сакам месечината)... па леле колку е убава, леле вака, погледни ја... Навистина малку си досаден со празните муабети, па small talks на кои веќе сум го кажала петпати одговорот, што како...многу мизерно, многу. Ама мило ми е дека едно ти е јасно- завршено е меѓу нас, и толку мило ми е што барем смогнав сили после сѐ што ми приреди минатата година да можам да направам пет минути муабет без да те отерам у три лепе, а си заслужил и многу повеќе од тоа. Го задржав достоинството и еволуирав, а ти го знаеш тоа.