Велиш не ти се допаѓала промената кај мене, не сум ти се допаѓала каква сум станала И по којзнае кој пат ти попуштам, иако длабоко во себе не сакам, но морам. И пак се каам бидејќи убавото кај тебе толку ти трае Нема да ме земеш пак под свое, нема
А што да ти кажам кога веќе не прашуваш Дали туку Колку те сакам? И не, не лажам, те сакам најмногу. И знам дека дека и ти исто толку ме сакаш. Затоа не сакам веќе да те губам и добивам, сакам да се имаме секогаш.
Дај бе веќе еднаш пушти глас човеку, те нема со денови а реков сега јас не ти пишувам пак... Ми фали макар еден од глупите муабети што само јас и ти си ги разбираме ама повеќе од се кога само ќе ме погледнеш а те читам...и по тоа знаеш дека сум секогаш тука за тебе. Можда је глупо што ово пишем али без тебе не могу да дишем
Понекогаш си мислам што би било да те запознаев сега, овој нов човек... И најверојатно повторно би биле заедно, само сега би било се скоро па совршено... Ама џабе...Ти немаше никогаш да бидеш овој човек, да не ме запознаеше пред години... Ти никогаш немаше да бидеш овој човек, да не се разделевме...
Конечно ќе те видам и гушнам после 3 долги,предолги месеци. Цела ноќ не сум спиена од возбуда. Две години сме заедно мажу мој, но срцето и душата ми треперат како на нашата прва средба. Ти си живот мој, ти си душата моја, среќна сум што те имам. Фала ти за се што правиш за мене, фала ти што со твојата љубов ме спаси и излечи од депресијата. Како ли само ги броевме ден по ден, час по час. Но, помина... А тебе Господе, фала ти што ми го испрати него во животот мој. Среќна сум, премногу. Те сакам
Сигурна сум дека нема повеќе да ме бараш, виде колку ладнокрвно можам да се однесувам со тебе. Сфати дека веќе ништо не ме интересира во врска со тебе и дека никогаш нема да се видиме. Не сум јас ничија втора виолина,не дозволувам некој да се поигрува со мене. Се или ништо, не собирам нечии остатоци не се задоволувам со трошки.
Среќна сум што те имам само заради децата , а љубовта скоро и ја нема веќе за тебе се е веќе навика , не знам зашто не ти верувам веќе како порано , можеби виновникот е мајка ти , а можеби и некој друг , ама не е повеќе тоа што беше , го нема тоа чувство кое не тераше во исто време да мислиме еден на друг , да се милуваме и посакуваме , веќе се е еднострано , ти ме сакаш и посакуваш , јас веќе не т.е премногу ретко , а можеби и е период , можеби и проблемите влијаат , незнам . Незнам што да ти кажам , а да не те повредам . Сакам да чувствувам љубов за тебе исто како порано , ајде да идеме на страна од сите , само јас ти и децата , никој да не се меше меѓу нас .....
Посакувам да те сакам како некогаш, силно и безрезервно. Онака како што заслужуваш. Онака како што ти ме сакаш мене.
Епа ми се здосади више од одење по плацеви и одпади за коли, продавници за авто козметика, механичарски работилници и гаражи и разноразни муабети за коли Тоа што ја почитувам твојата пасија и покажувам интерес да те 24/7 сослушувам кога зборуваш за твојата најголема љубов не значи дека и мене исто така ми е страст. Ако целта ти е да ме направиш механичар, подобро однеси ме на пракса во некоја гаража одколку постојано само за тоа да збориме и слободен ден место да уживаме во природа, да бараме делови за твоите модифицирани коли
Не доаѓај и н сакам да дојдеш , а ако дојдеш ќе решиме некои работи за кои ни минута не би се покајала подоцна , преку глава ми е на второ место да ме ставаш после сите , не е фер после се што имам издржано и претрпено за тебе за ти на ваков начин да ми враќаш ...Те мислев за човек !!!!
До сега ми посветувале клише романтични српски песни иако воопшто не слушам такви, ми посветувале и некои си тралалајки поп песни ама никој не ми посветувал рок и метал песни. Уствари вака ми е јасно како успеа да ме освоиш и да ми се пикнеш под кожа, најразличен си од сите машки што ги знам до сега.
Да се вратам две години назад пак би те избрала тебе. И после се што се издешава, ти си толку посебен. Колку и да сме разделени, кога ќе се видиме е како да го продолжуваме она од вчера. Не знам зошто си дозволуваме да се немаме. Те посакувам секогаш вака до мене.
Јас стварно не можам да те разберам, се обидувам, но колку и да се трудам да разберам не можам ете. Уште од првиот момент знаев дека си комплициран, понаков, а јас тврдоглава, избувлива, каква комбинација.