Понекогаш стварно преувеличувам... Не понекогаш, те лажам, секогаш кога не е нешто како јас што сум замислила дека треба да биде. Од мравка слон правам. Срам ме фаќа искрено од себе, добро што не ти кажувам што размислувам, како се лутам за ситница, туку мудро си преќутувам... Кога би знаел што сѐ ми се мота во глава, срамот би ме изел. Стварно време е да се променам Овој месец почнав да менувам некои работи. Си ја подигам малку по малку самодовербата, почнувам малку по малку да ги менувам лошите навики и почнувам да работам на себе усовршување. Така и ќе продолжам и во наредните месеци. Уште ова ми фали да го вклучам во планот за промени, да не се лутам за ситници кога не ми е нешто по кејф, да не збеснувам во себе кога нешто нема да испадне така како што сакам и да имам поголемо разбирање и трпение кога си ти во прашање, да не барам влакно во јајце. Кога ова би успеала да го променам кај себе, ќе бидам совршена
Можно ли е и после толку години...љубовта за тебе се повеќе и повеќе да се зголемува?! Можно е...го одбрав најдоброто и највредното нешто...те одбрав тебе љубов моја...за да ми бидеш вечна среќа
Poslije tebe da ti javim Da nemam kog da zavolim A htjela sam te za godina sto A bilo je unaprijed gotovo .....
Го најдов ова сосема случајно, сега кога веќе пресушија стиховите за тебе во мене..... Нека трепка... зошто така сум....ете така.... „Дел од Среќа“ - Јован Илиески Кога ќе си дојдеше од работа, го терав да си легне. Му ја поставував вечерата и чекав да ми го пофали јадењето и тоа колку сум му го погодила и да ме бакне в чело пред да почне да јаде. Потем, ќе си легневме. Ќе ги соблечев старите алиштиња на мене и ќе облеков веќе испрана пижама. Него ќе му ги дадев старите и ќе го исклучев светлото, пред да се пресоблечам. Не сакав да ми ја гледа снагата, оти не е негова. Ќе се приберев во постелата и ќе му го одбегнував барањето да го уклучам светлото повторно. Ќе ми ја ставеше својата рака на мојата половина, завртен на мојата страна. И со години, не знам како не ме научи, ќе му велев дека ми е топло, да ја тргне. Па дури и назиме. Тој ќе се завртеше на својата страна од креветот, а јас на мојата страна од реалноста. Пред да ги склопев очите, секогаш ќе го слушав неговото гласно кркорење, кое ми навлегуваше во нервите, затоа што неговиот глас не ми беше омилениот звук за слушање. Болката во ушите ќе ми се престореше во болката во срцето која ми гниеше. Но, веќе се научив - и болката не ја чувствувам. Веќе се научив, ама совеста не ми бега. Кога ќе ги склопам очите, освен неговото кркорење, си ја слушам и совеста како ми шепка дека тој не е човекот на мојот живот. Не му гледам љубов во очите, иако чинам ме љуби. Не му гледам топлина во срцето, иако чинам вака ноќе ме топли. Кога ќе сме голи во постела, најмалку сакам да сме голи. Кога ќе сме на ручек заедно, сеедно ми е дали стои до мене или не. Научив да живеам механички и да си простувам за се`. Да си простувам пред совеста да ми прошепоти ноќе, дека тој не е оној со кој треба да го поминам овој единствен век, па и помалку од век - што го имам за живеење. Ама, и` велев на совеста да преќути. Ја замолчував, велејќи и` „И мајка не се омажи за човекот што го љубеше, што знаеш ти за љубов.“ И некогаш ќе ме оставеше, некогаш пак, ќе ме тромозеше уште повеќе. Не знаеше низ каков пекол минувам и како другарките ми кажуваат дека се бескрајно среќни, И дека се будат покрај насмевката која им значи цел свет. А мене мајка - ми велеше дека јас сум била нејзината причина за живот. Ми велеше дека вистинската среќа ја пронашла откако ме родила. Па така и јас. Си велев, овие мои другарки не знаат за среќа. Ајде, издржи. - си велев на себе.- Ќе родам и јас едно чедо, за кое ќе живеам, за кое ќе аргатувам, поради кое ќе ми биде сеедно дали човекот до мене е тука или не. Ќе родам чедо, и ќе си го викам Среќа. Ќе родам чедо, со човекот кој не е дел од таа среќа. И ќе продолжам да дишам. Ќе продолжам да живеам. Ветувам.
Ни 5 дена не поминаа, а ти веќе пак сакаш да ме видиш, зар ти фалам. Како толку кратко, а толку се зближивме и навикнавме еден на друг? Дури почнувам да паничам, се навикнав на муабетиве по цел ден. Некако и ти премногу се приврзе за мене, дури не учиш за да седиш и пишуваш по цел ден со мене, немој така, иако ми се свиѓа целово внимание сепак мислам и за твое добро, битни ти се испитите. Уствари, имам некое calming чувство и интуиција што ми вика, уживај, биди среќна што вакво човече имаш до себе, вреди многу. Можеби после сите неубави работи последниве месеци што ми се случуваа, ти си ми наградата.
Понекогаш,некој глас во мене ми вели дека не си само ти виновен што не успеавме... Да,колку што си ти виновен,толку сум и јас,и јас често те туркав од себе,иако те сакав најмногу на свет... Да се врати назад времето,ех да се врати...мислам дека повторно би била со тебе,ама овојпат без најмала грижа на совест,и се само за нас....
Ти си ми дом, семејство и мир, но сепак нешто недостасува... Не сакам да е така, сакам да бидам сигурна во своите чувства. Ама не сака, проклето нека е, не сака. Сакам да не можам да дишам без тебе, да не сакам да се разбудам без тебе, да си ми секоја насмевка и воздишка. Ама проклето нека е, не сака.
Ги читам мислењата кои ги пишував за тебе и сфаќам полека не се пронаоѓам во нив. Како да ги пишувала некоја друга јас. Сепак знам дека можеш да ме пронајдеш во строфата тука е кажано сѐ. а што и да се деси ја и ти сме Black и White засекогаш а после се во странци да се претвориме не никогаш Знам ќе не може да сме другари после се, се смени се чим се разделивме Спомените ми носат наше време беше секогаш до мене. Сите жени не се исти тоа го сфатив ради тебе Ти си пријател пред се најдобар во мојот ред Ти ме чуваше ко White а јас бев изгубен ко Black ............. Ти ме научи како да се справувам со мојот бед Сакам да знаеш ти си ми ко среќна ѕвезда
Нема ден нешто да не ме потсети на тебе.... некакво зборче, емотиконче, боја на коса, отворање на порака ... многу работи. И уште не можам да сфатам и прифатам дека е така како што е. Мислев дека ако сум позафатен, ќе немам време да мислам тебе...нема врска... Едно нешто знам...знаеш и ти... иако веќе нема значење.
Мислев дека нема веќе да ми пишуваш, но пак пиша. Не ја разбирам потребата да ми пишеш, да инсистираш да се видиме кога имаш се што сакаш и знаеш дека нема да прифатам ? Кога ќе престанеш, веројатно кога ќе те блокирам...
Значии неможам да ти одолеам додека возиш ми доаѓаа да ти скокнаам ,неможам да одолеам ниту на тој поглед кој ми го фрлаш под око, ниту на таа рака која ме држи и покрај тоа што возиш
А колку би било се поубаво кога ти во реалноста би бил мојот Херој... Утрово те сонував,се беше многу убаво,ме гушкаше толку многу силно како некогаш,и бевме толку многу насмеани како што не сме биле никогаш во реалноста... Да,се гушкавме премногу силно,ама ретко се смеевме,посебно ти...ама на сонот се беше поинаку,плус и ме спаси од некој што сакаше да ми наштети.... Се разбудив со насмевка,не растревожена како друг пат...уф бе,колку пати ветувам дека ќе престанам да те спомнувам...