Уште една таква ноќ, врела, загушлива.. Уште една солза ми се слеа по лицето.. Не си сакал да ме повредиш, а не знаеш дека секој твој обичен збор ме боли.
Сосем случајно го купив првото мало деталче. Прв успомен и сеќавање ќе ни биде, ќе го чувам секогаш ветувам. Среќна сум што те имам
Само барам тишина. Една глава и уши што слушаат внимателно. А, јас да си ја потпрам главата на твоето рамо или гради. Ти да ме прицврстиш силно во тебе со прегратка. Толку.
Пред една година.. точно на овој ден ми кажа дека ме свиѓаш... а сега каде си? која ја лажеш сега дека ја сакаш? знаеш што ќе ти кажам? дека не знаеш да сакаш и едноставно ТЕ МРАЗАМ ама онака од дното на душата .. тешко на таа што ќе ти поверува на твоите зборови „Те сакам''
Фала за вчера и фала за се што ми даваш од себе. Би ги дочекала со тебе сите зајдисонца, би ги започнала сите лета и не би ги завршила никогаш. Нека трае ова што го имаме сега и доволно ми е за среќа.
Колку е убаво ова да си имаш некој што ти е поддршка и те поддржува и инспирира за многу работи. Мило ми е штом и јас така сум ти влијаела, ти благодарам што деновиве толку ме охрабри за се. Среќа е што те најдов.
Верувам во судбина, верувам во она "така било пишано". Ама не можам да верувам во тоа дека не е пишано да сме заедно. Не сакам да верувам. Ти си створен за мене, иако јас за тебе не сум.
Зарем можно е човек толку длабоко да ги чува чуствата, да биде затворен во себе? Тврд ко орев, а уствари толку кршлив... Значи после 5 години јас те дознавам каков си вистински...Кој знае како ти било кога сме се карале.... Знаев дека нешто те мачи од дома... Жал ми е што ти го расипаја роденденот, ама се ќе се среди, ќе видиш. Еве два дена си на гости кај мене... Секогаш ќе бидам тука за тебе ама тоа не значи дека ако вечер изгуби Португалија дека ќе те поштедам од зезанции . А јас сум во период така да ти мора да ме поштедиш ако изгуби Шпанија Те сакам најмногу
Епа не си фер Побара од мене да бидам трпелива и толерантна додека да помине шоуто. Ете помина. Па побара повторно да бидам трпелива и толерантна додека ги собереш сите делови и конечно ја склопиш таа твојата бомба од кола. Ете ја склопи. Сега пак да бидам трпелива додека траела сезоната, после да бидам трпелива додека ги спремаш колите за следната сезона? До кога бе пријател? Па стварно си опседнат. Ми се здосади више. Ич не си забавен во последно време
Е конечно ти текна да пишеш. Како бе дозволив да се заљубам во тебе?! Прв пат после толку време се чувствувам среќна, фала ти.
Само не ми се појавувај пред очи, секое твое присуство ме боли... почекај барем да те забораам пред повторно да се појавиш пред мене иако знам дека тоа е невозможно...
Почнав да размислувам за тебе повеќе отколку што е потребно и за тоа што сѐ следува и воопшто не ми се допаѓа. Сакам што сум со тебе, но не сакам постојано да те мислам, ми го рушиш мирот.