Vidi mogla sam ja sa njim da odem i do kraja se zabavim pošteno da izludim se makar jednom, dvaput nedeljno Vidi mogla sam ja sa njim da odem i da istinu ni sebi ne priznam vidi mogla sam, luda sam što nisam, mogla sam..
Ме радува секој збор што го кажуваш од срце... Ме радуваш ти како ништо до сега, би пишувала милиони страни за нас, за тебе, за себе каков човек сум откако ти си во мојот живот. Љубов си ми
Наместо да се радуваш на денот што го означува најубавиот ден во животот, ти седиш намуртен смислувајќи кавги и нервози... За жалење си кога и тој еден ден не си татко
Се вљубив лудо во очите твои неможам да заспијам додека не отворам фотографија твоја и да ги гледам Среќна сум што те имам симпатично мое
Колку и да се караме...пак ќе се смириме...зошто се сакаме...зошто ја имаме најголемата и најискрената љубов што секој би ја посакал да му се случи во животот... Ете...за тоа си за мене единствен и посебен...и кога се караме...и сме лути еден на друг...се сакаме повеќе од било што на светот... Само ти можеш да ми предизвикаш солзи на очите...ама и само ти можеш да направиш да ја имам најубавата насмевка на лицето... Единствен мој...те сака твојата малечка и единствена..твоето СЕ...
Те сонував после долго време, случајно седнати на маса со друштво, ми раскажуваш како ќе си се селел. Насолзени бевме и двајцата во сонот, не смеевме да претераме бидејќи сме си никој и ништо во животите, си посакавме се најдобро. Се будам и гледам порака од тебе. Колку и да беше смешна причината пак си помислил на мене и покрај сите околности. Помина на 5 минути. Сјајот во очите не ни беше од тага, нити имаше солзи. Само две искрени насмевки..на толку и остануваме .
Нема никогаш да ја заборавам таа романтична вечер. Јас,ти и ѕвездите кои набргу се покажаа на небото додека стоевме прегрнати на тераса. Беше толку романтично гледајќи се во очи еден со друг. Ме гледаше толку мило како никој досега. Твојот здив слатко ме скокоткаше воедно и грееше во вратот,твојата прегратка најтопла на целиот свет ме стопли иако беше ладничко. А најмногу од се ме стоплија твоите слатки реченици Во секој смисол ме грееш сонце мое убаво Уште многу такви ноќи да ги имаме Те сакам
Дождот го сакав само кога бев со тебе,со тебе сакав да седам во кола потпрена со глава на твоето рамо и да слушам како врни... Вчера сосем случајно некој ме праша дали го сакам дождот,јас одговорив-Не.... Се прашувам дали би можела со друг да ги доживеам истите ситуации како со тебе,се прашувам дали ќе пуштам некој да го заземе целосно твоето место во срцево?
Цела недела ми пишуваш, последните два дена(во средата) се договоривме да излеземе на кафе саботава и престана да ми пишуваш. Мсм кој к*р ти е?! Но после ми стана јасно зошто не ми побара ни број. Сакаше одмазда? Епа ја доби... Фала ти затоа што дознав какво гомно си навреме и што ме тресна од земја. Ама знаеш што? Пак кје станам и ќе те отсакам како што се затрескав во тебе!