Ги бројам деновите до твојот роденден, а ти си далеку... Нема да можам да те гушнам, но ќе можам да те видам и слушнам и да ти посакам да бидеш најсреќен каде и да си. Добро е што живееме во 21 век, што ли ќе правев без вибер, месинџер... Како ќе издржев без да ти пишам, без да те видам, без да те слушнам... Вака барем малку ми е полесно.
Знаеш да ме извадиш од такт а веќе следниот момент да ми го направиш најубав. Имам чувства за тебе, не можам да ги опишам, ми значиш на некој чуден начин, ги кријам од тебе но ти си свесен за она што го чувствувам иако јас не признавам, но вака кога те нема, посакувам да ти се јавам и да вреснам на глас дека горам по тебе. Но што би рекол ти - егото ми било големо. Гордоста не ми дозволува да го направам она очигледното и да не се мачиме повеќе, не знам да ги кажам соодветните зборови за да ја доловам ситуацијата и сето она што го чувствувам за тебе. Не можам и не сакам да бидам директна, повеќе би рекла дека се работи за она првото, бидејќи животот ме научи не секогаш да го кажувам она што го чувствувам на личноста. Не мислам и дека ќе го искористиш тоа, всушност би го искористил во позитивна смисла, но порано бев изгорена кога играв на тој начин, и еве сега се мачам јас да го направам очигледниот чекор. Немој да го изгубиме она што го посакуваме и двајцата, дај ми знак дека не се лажам што ти верувам. Вистина е, имам многу пречки додека пристигнам до тебе, и би рекла дека најголемата сум јас, па после сите останати пречки. Да сумираме, премногу ми значиш, а јас сум толку комплицирана што не знам да се опуштам и да уживам во она што следува.
Пољуби ме и буди ту Да склопим очи на твом топлом рамену Пољуби ме и буди ту Нек срце лупа као да је први пут Пољуби ме помоли се Све свијече свјета нек се за нас упале... Остани, ову ноч кад сви ми пријете, остани Загрли ме као дјете, остани Кад сва си љубав моја само ти Остани, да ме чуваш када заспу анџели...
Уште еднаш ми докажа дека можам да сметам на тебе, да се потрпам на тебе, и дека секој ризик вреди што би го направила во иднина за тебе. Не ми дозволуваш никогаш, од ништо да се откажам, се бориш за мене и не се предаваш. Навистина не знам со што те заслужувам но едно е јасно, ќе се борам со тебе, додека не успееме.
Знаеш,беден си вака. Не мислев дека можеш да спаднеш на волку ниско ниво или пак не сум те запознала добро..
Сликата од тебе бледее. Излези конечно од мисливе и не ми доаѓај на сон. Не вредиш. Се додека ги имам најблиските до мене и нивната поддршка се ќе можам да пребродам. Сум изгубила поважна личност, таа болка не се губи никогаш и се би дала уште еднаш да ја гушнам. А ти, ти беше само еден човек кој беше присутен во мал дел од мојот живот. Таков и ќе останеш.
Ти си мојата мотивација, ме мотивираш да бидам уште подобра и поуспешна. Ти благодарам што постоиш и што си секогаш тука за мене. Ти си светлина во секој мрак. Ти си посебен
Добро што не избразав, инаку ќе те повредев без причина. Без да ти спомнам ниту еден збор ти ми објасни се. Значи морам да го контролирам јазикот да не ми биде побрз од мозокот. Те сакам најмногу.