Од прв до последен збор од песнава...ти ги посветувам тебе... ...тебе...љубов моја единствена... ...тебе...љубов моја најсакана... ...тебе...љубов моја вечна...
Проклето нека е од кај ми се појави во животот, знам дека никогаш повторно нема да бидеме заедно и пак пропуштам одлична прилика поради тебе. Веќе неколку пати го одбива дечкото последен момент пред да излеземе јас наоѓам изговори и му откажувам, само поради стравот да не биде исто како со тебе да не се повтори се, се ме подсеќа на тебе секој негов збор очите нешто одвнатре ме кочи. Ете се договореме за денес да се видиме, но не можам пак ќе му откажам.
Утре конечно да те видам Вечност ми се видоа деновиве дур се вратиш конечно. Ама затоа утре ќе те изгушкам, да надохнадам за деновиве што не можевме да се видиме.
@La.RagazzaMisteriosa Знам дека темава не е за советување ама сепак сакав да те посоветувам да одиш на дејтот. Верувај дека знам како ти е, затоа што минував низ истото еден период (па можеби и уште трае, а не сум свесна за тоа), ама животот поминува додека ние стоиме во место. Не дозволувај веќе да се најдеш во истата точка во која си била пред неколку денови, месеци или години. Направи се што е потребно за да се придвижиш надвор од радиусот на таа точка и ќе видиш дека убави нешта те чекаат А ова до него, за да не биде избришан постов: Добра сум
Неколку месеци не сум ти го разгледувала профилот....синоќа го сторив тоа,си ја сменил профилната конечно,4 години ти беше истата.... Ама си се огрдел малку со таа косата,под хитно да се истрижеш,не ти стои тебе подолга коса ич,ама ич И не осеќав ништо за тебе,забележав само што ми беше огрден физички и толку
Ја уништуваш љубовта поради таа твоја ГЕРМАНИЈА. ЗОшто мораше да одиш? те нема да се јавиш,немам веќе сили да ти пишувам да ми се јавиш,да те слушнам како си....а,мене како ми е?сите парови околку мене ќе бидат вечерва,а јас? и одма добивам прашања,зошто не одиш со него?зошто не те зеде? зошто не дојде со тебе СК?? Нека те прашаат тебе ЗОШТО,ти го имаш тој одговор не јас...Ми рече : Да пробам...Е,па Б пробај,јас немам нерви повеќе. Едвај те молев да дојдиш кај мене,ќе си најдеше работа,ќе бевме заедно...Но,терај си го филмот,можи јас погрешив со мојата идеја.Си имаш твоја цел,јас своја, Заминав да работам на мојата,немам време повеќе за чекање. Едвај чекав да дојди одмоеов да си дојдам да се видиме,а ти замина Германија....нормално таа ти е поважна. Се надевам ќе сфатиш на време.. Сакаш јави се,сакаш не.
Денес ќе те прегрнам, ќе те почуствувам, ќе те бакнам. Денес ќе те видам повторно. Денес ќе уживам со тебе покрај мене. Денес е мојот и твојот ден, нашиот. Сакам да застане времето, да не одбројуваат часовите кога ќе треба да заминам повторно од тебе. Ти си... сон, ти си близу до совршенство, ти си.. нешто најпрекрасно. Мој почеток, моја среќа, моја љубов, мој свет. Да бидам искрена, се двоумев пред да започнам со тебе, но сега воопшто не се каам. Where have you been all this time?
Сакам да те гушнам и да се изгубам во тебе. Да заспиеме испреплетени и така да се разбудиме... Сакам да те гледам почесто. Обврските не разделија. Ми недостигаш.
Петок 13ти ми го направивте различен. Ми беше мило во секој случај, иако овој чекор што го направи денес беше лош.Знам, секој би се плашел.Ќе одржувам контакт со брат ти, чисто пријателски како што и беше.