Ќе ме бараш и нема да ме најдеш.Конечно собрав храброст да се решам да бидам слободна девојка и да се покажам во најдоброто мое светло.Со тебе на моменти бев принцеза на моменти не бев тоа што сум. И признавам дека те засакав лудо и таа лудост ми ги обзеде нозете и рацете и целото тело и не гледав ништо освен да бидам со тебе. Ти не си човекот што беше, што го засакав.Не си и затоа би ти рекла збогум.Заслужувам некој да ме третира преубаво оти сакам да бидам ценета и почитувана.Рече простор си немал од мене не си дишел.Јас сум те гушела со тоа што сакав да бидам со тебе да ме планираш а со тоа излезе дека јас тебе те напнувам а сакав само за овие денови како нормален пар да отидееме на забавата и да пееме и да се радувам.Сакав да се радувам !!Како што знаеше да ме израдуваш да скокам како мало детенце ама не тебе сето тоа ти било напорно.Од една страна викаш јас тебе те барам ти си со мене а од друга страна сакам со другарите. Ете ти ги другарите.Сега рајат шетај си, пиј си.Нема да имаш веќе замарач до тебе. Широко ти поле и на љубовен план. Само осетив олеснување.А болката нема да згасни оти те знам каков човек беше и како ме гледаше а сега се смени за 360 степени. Можеби никогаш нема да престанам да те сакам ама барем ќе бидам здрава во разумот а вака ти ме уби.Сакав само да сакап да си со мене и да планираш прво со мене се и да бидиш одговорен. Ништо фазла. Збогум.
Ми кажа во очи дека ме сакаш. Одамна го немам слушнато тој збор што многу значи. Се изненадив, мислев дека си човек кој ги крие емоциите, но изгледа дека погрешно сум го проценила тој дел. Ми подари убава вечер и уште поубаво утро. Ти благодарам.
А, знаеш што е најтешко? Си ветив дека нема да пуштам солза за тебе, и не го исполнив ветувањето..... Сила ми треба...
знаеш ретко се дешаваат вакви средби,ваква привлечност и страст...но залудно е се... Те пуштам,овој пат засекогаш те ослободувам ти давам криља да полеташ и да не се вратиш... Јас несакам веќе напор да давам,ни да се трудам,ни да се борам Ни да молам овај пат нема Ни да се објаснувам Едно нешто само побарав од тебе а ти несакаше да го исполниш додека јас за тебе направив се војував војни на сите фронта се соочував,те бранев,те чував., не вредеше,воопшто И во најтешките бури на мојот живот наоѓав сила за тебе.. И вон граници кога бев имав време за тебе и лажев мн пати за тебе и те криев од светот за да не бидеш повреден не требало Збогум
Сакам само да знаеш дека нема толку лесно да се откажам од тебе.. Можеби подолго време не зборуваме, знам поради мене и знам дека јас ти го скршив егото ти ја убив машкоста, јас го прекинав ова бидејќи од што те сакам бев збунета и не знаев како да реагирам во одредени ситуации.. Тешко ми е и не можам повеќе да те игнорирам и да не зборувам со тебе бидејќи мислам дека ќе експлодирам или ќе полудам,а и самата работа која ја работиме е наменета за да ги спои луѓето. Не можам повеќе да поднесам да бидам подалеку од тебе и само потајно да те гледам, а пред тебе да се преправам како да си мртов за мене, се прашувам како сум издржала до сега Колку и да глумиме дека не можеме да се поднесеме знам дека умираме еден за друг. И сакам ова да се реши еднаш засекогаш..Почнува да ме боли тоа што мислиш дека сум се откажала од тебе и се обидуваш да стапиш во контакт со секоја девојка која е до мене само за да ме извадиш од такт. Згрешив знам и спремна сум да го поправам ова, ќе се борам и против себе и против тебе ако треба. Бидејќи знам дека ти си мојата душа и колку и да се обидував да те заборавам срцето никогаш не ми го дозволувало тоа, а посебна приказна се ноќите кои сум ги исплакала за тебе. Се трудев да се отворам пред тебе со денови, месеци но ме болеше љубовта кон тебе, верувај. А спомените секој ден се повеќе и повеќе ми отвараат рани кои не ми даваат мир. Па крајно време е да ставам реакција на секоја твоја акција. Сум те засакала, сум те сакала, те сакам и секогаш ќе те сакам.
Што ми требаше да чепкам каде што не треба. Може е невројатна случајност, пробувам да се убедам во тоа. Не смееш да го правиш ова, не сега, кога конечно најдов мир. Морам да си легнувам порано..
Плачи еднаш силно за сите пари. Утре ќе бидиш нова. Јас раскинав врска и се осеќам изгубено.Ми фали утеха, совет тоа ми треба.Некој да е до мене.Оти сама само ќе плачам.Вака барем малку ќе поплачам малку ќе се смеам. Сакам да се радувам на слободата!!!!!!!! Само не знам колку долго ќе ме држи оваа тага и збунетост.
Една година без тебе.. Помислуваш на мене некогаш? На времето поминато заедно? Што ќе се случеше ако беше човек и сега бевме заедно? Како ти е со неа? И го кажуваш истото што ми го кажуваше и неа? Сеуште немаш швалерка,можно ли е да си и верен на жена ти? Ја лажеш како мене што ме лажеше? Само одговори на прашањава сакам да ми дадеш... А и да не заборавам,среќна нека ви е годишнината, од срце и посакувам на саканава твоја до година како мене со неа што ми нсправи да и направиш и неа со некоја како неа и да почуствува на своја кожа како е да се гради среќа врз туѓа несреќа..
Ме радува тоа што ми веруваш многу. И знај дека никогаш нема да ја изневерам твојата доверба кон мене.
Поддршка..кога ти бе мене ми даде поддршка? КОГА? не знаеш дека се борам со анксиозност,не ни ти кажувам...но кога ти мене ме праша,како ми е без тебе? Таа проклета Германија,таа нека те поддржува,таа нека те сака,нека ти кажува милни зборови...Немаш ни 2 мин време за мене...За кого се бориш ти??? За себе или за нас ???? Колку сум ти јас тебе важна во животот твој??? Што ти е важно тебе на тие твои 33 години? Да заминиш да работиш во Германија? Љубов,не ти треба???