Те сонував..одеднаш се појави и ме фати за рака. Додека одевме така еден до друг ми кажа: Има време за нас. Ќутев ама потоа ти одговорив дека мене вака ми е добро. Кој лажеше..?
Ми фалат прегратките, ми фалат бакнежите, ми фалат слатките зборови, ми фалат држењата за раце, ми фалат треперењата, ми фали возбудата. Само не знам дали ми фалиш ти...
Понекогаш мислам дека ме мразиш. Дека се ми правиш намерно. Дека немаш милост ни обзир кон мене. Дека не ти е ни гајле. Понекогаш сериозно се сомневам дека ако ме нема ќе ме бараш. Ти не ме сакаш.. Чим можеш толку тивко и суштински да ме рушиш.. Јас барем сум директна. Нема скриени намери со мене. Ама ти.. ? Не знам.. Повеќе не знам... Еј... Не ти верувам!
Добро е што не ме сфати погрешно, морав тоа да ти го кажам со одбрани зборови... Мило ми е што почнуваш да ја менуваш и таа твоја една и единствена маана само така продолжи ќе бидам најсреќна Ете не било ни тешко, ни страшно
Е баш си идиот! Кај те трпам со денови, де те има, де те нема, уште ова фали. Јас будалата си идам на полноќ од работа и уморна капната прифатив да се видиме бидејќи ти претходно ми рече, за на крај одкако си извадив и алишта и све, да ми кажеш си се договорил за некаде со другарите. Е*и се слободно. Знам и јас да сменам понашање говедо едно. Ама ќе видиш ти. Те познавам, ко пес ќе трчаш одкако ќе оладам а тоа за брзо ќе бидни. Ова вака излеа одпоќе внимание ти дојде од моја страна па не знаеш што со него. Мрш.
Сакам да сум сега некаде на покрив со тебе и да си филозофираме во прегратка На моменти не ми се верува дека постои толку мило, софистицирано и паметно суштество како тебе... Навика ми стана да си читам пак разговори од пред неколку часа, и да се топам и насмевка да ми се разлева на лице I can't wait to see you and hug you...
Колку солзи што пролеав за тебе толку чуми да те удрат по глава! Секоја солза скапо да ми ја платиш! Никогаш да не куртулиш од мене,постојано да ти сум во глава, ниедна да неможеш да засакаш, никогаш да не ја заборавиш мојата милостива насмевка и мојот глас да ти одзива ехо во ушите секое утро да се будиш така како кошмар да ти бидам во соновите цел живот и сенка зад петици, никогаш да не оздравиш АМИН! Подобронамерна клетва никад неможеш да добиеш позз