Пак ме одблокира на фејсбук, нема кај па сега таму ќе пишуваш. На игнор си џабе пишуваш немам намера да ти вратам. Продолжувам со животот и не се навраќам во минатото, доволно тапкав во место.
Секоја ноќ пред да заспијам, помислувам на твоите прекрасни очи и се молам никогаш да не престанат да светат за мене .
Срце си Ти благодарам што секогаш ме трпиш, ти благодарам што си ми поддршка и мотивација за сè во животот
Малку фали да изустам колку те сакам, но учена од претходните искуства и совети дека не треба секогаш да ги изразувам емоциите колку и да сакам да ги кажам. Нека, ќе почека моето прво те сакам. Ти биди си таков каков што си како до сега. Прекрасен си, не велам не, но толку добрина од тебе, не е на добро. Ќе видиме што ќе ни донесе иднината, далечината, сето она што доаѓа со тоа. Нешто има во тебе, не знам, нешто што не ми дава мир, нешто што не можам да го опишам а врската ни оди со толку брзо темпо на што не сум навикната, ама сепак, те сакам.
Имав некое претчувство дека ќе те видам,и те видов.... Јас со другарка,ти со другар...си свртивме глава пак... И си докажав дека сум те заборавила скроз....ама никогаш нема да заборавам дека немаме ни едно здраво и покрај се што поминавме
„А јас и ти, две небески тела на тронот на универзумот, искапени во раскош од светлина, што чекаат еони за да се љубат. За нив познати како R-3245 и Х-4332, оти брзо ги потрошија имињата на сите свои божества, сатири и нимфи, оти брзо им ја снема сета фантазија...“
има ли поубав момент од оној сабајле ,кога сите три ти се фрливме на спална да те будиме и да те гушкаме ?
После толку месеци ти пишав, да те пофалам за промената. Знам колку се трудеше, колку двајцата бевме посветени на вежбање... Иако треба многу лута да сум ти, да те мразам, знаеш, не сум ти. Можеби да дознае дечко ми дека сум ти пишала и ќе биде лут, но ти пишав за да те пофалам, дека ти вредело вежбањето. И покрај тоа што твојот однос кон мене беше никаков пред да раскинеме, сепак еден филозоф кажал дека некоја личност сме заборавиле ако не осеќаме ни лутина, ни омраза, ни љубов кон неа. Епа јас конечно сум те заборавила, рамнодушна сум. Дури сум ти благодарна, дечко ми знаејќи за твоето лошо однесување кон мене ме цени уште повеќе и се однесува прекрасно. Во право беше дека не ме заслужуваш и дека заслужувам некој што ќе е достапен за мене и ќе ме сака секој ден, а ти ќе си најдеш некоја како тебе што не и е гајле за ништо. Убава лекција ми беше, дури не ми се верува покрај тие денови кога плачев дека сега дури воопшто не сум ти лута. А зошто и да ти бидам, кога до мене имам прекрасна личност што ме чува и пази како принцеза и што си ја сакам премногу. Можеби ќе се зачудиш за мојата порака, бидејќи мислиш дека те мразам, но ете не те мразам, напротив, не сакам да те памтам по крајот, ќе те памтам по почетокот во кој што смеев и бев среќна вистински. Ти благодарам за лекциите на кои што ме научи.