Не сум повеќе вљубена во тебе продолжувам со животот како никогаш и да не си бил дел од моето срце.....ама пустошот што ми го остави во мислите не поминува,вгнезден е длабоко во мене и искрено се потешко ми е да се изборам.....на моменти се чувствувам како да не заслужувам љубов,чувствувам дека нема да можам некому да верувам...како да не ни остана никој друг кој би се заљубил во мене...целата година на ниско вреднување и егоцентричност, фрлањето на трошки љубов си го направија своето....Честитки на победата,успеа дури и во мојата глава да предизвикаш сомнеж навостина честитки
На почетокот од нашата врска...ми кажа дека времето не го памтиш по датуми...туку по песни.. После толку години поминати...сватив колку вистина има во ова.. Секоја песна што си ми ја посветил...ме потсетува на дел од некое време...и место...поминато со тебе... Оваа песна е песна кога се роди нашата голема љубов...песна со која ми покажа и докажа дека постои вистинска и вечна љубов...песна со која ме направи од обична девојка...совршена твоја жена... Ти благодарам што ме научи да сакам вистински и искрено...затоа што БЕЗ ТЕБЕ...ќе ме нема ни мене..
Имам навика да пишувам во темава само кога сум скршена од болка. Или лута. Ги читав сите постови, и не сум напишала ни еден среќен. А не дека сум немала такви моменти, просто тогаш сум себична и не сакам да ги делам со никој. Нејсе, се најдов на прагот на уште едно раскинување. Пак по моја иницијатива. Не оди, знаете, кога нешто се прави со сила и не оди, џабе и сите ѕвезди да се спојат. Долго време ме мачеше врската и не сакав да го повредувам повеќе човекот бидејќи беше повеќе од очигледно дека тој е оној кој повеќе вложува, а од моја страна добива сосем малку. Некој период се трудев да возвратам, но просто не ми доаѓаше од внатре. И знам дека иако болна, разделбата беше најдобра одлука. И се одлучив на тоа и дојде време да соопштам. Знаете, многу пати низ нашата врска во лутината ќе ми кажеше некој работи кои смогнав сила и ги опростив. И после сите работи што ги слушнав сабајлево си викам која будала си човече.... Многу е интересно како луѓето се менуваат кога се повредени. Никогаш не очекував од човек кој ми ги спушти сите ѕвезди, кој ми пишуваше љубовни песни и писма, кој наводно ме сакаше со цело срце, човек кој беше спремен да се задоволи со трошка љубов од моја страна само за да останеме заедно, од таков човек, во 5 минути пред мене да се појави чудовиште. Не знам дали е во човечкиот порив кога некој се чувствува повредено, инстинктивно да почне свесно да повредува, или некои работи се кажуваат така од лутина, или можеби сакаше последните зборови кои ќе ми ги упати толку да ми се врежаат во срце и да ме повредат, иако низ целиот овој процес се потрудив максимално да не го повредам и да го заштитам од мојата самодеструктивност. После долгиот пост кој го склопив и во кој надолго и нашироко си го послав срцето и му ги дадов сите причини зошто раскинуваме ( да, го напишав како фб порака, бидејќи тет-а-тет средба не сакаше ), ми врати дотичниот дека му олеснало што сум му раскинала и дека подобар момент за тоа не сум можела да одберам. Дека има блиска особа на која досега не и дал шанса, која го сака неизмерно и која го заслужува неговото внимание и која ќе ја жени. Не го разбирам моментот и потребата за сооштување на оваа вест. Да имаш толку крволочна желба да зададеш последен, болен удар на некој со кој до вчера си делел се, не ми е јасно. Можеби јас сум будала што се обидувам секогаш да сум добра со луѓето, може сум наивна, може уште не сум научила да живеам како ѓубре, бидејќи очигледно е дека таквите подобро поминуваат. Не знам еве. Со среќа нека му е, нашето немаше да го биде никогаш, тоа беше повеќе од јасно, само многу ми е криво што ми ја руши цела слика за него што ја имав како човек.
Само ти можеш притисокот во 12.30 на пладне да ми го дигнеш до 200. Не знам по кој пат да ти повторам да ми се скинеш с курца. Мрш!
Што повеќе да му кажам, знае дека го сакам повеќе од се на светот, знае дека што и да се случува јас сум секогаш од негова страна, а тој... тој само си го тера неговото, секогаш другите се побитни од нас, море се е побитно од нас... ете пишувам, слушам једино моје, плачам, гледам како ми се руши животот, светот се распаѓа а јас што можам повеќе од тоа да сторам ааа? Вчера ти беше побитно пивото, отколку јас и син ти, одите надвор да пиеш, а нас не остави да плачеме, зар така се прави на жената и децата, син ти не си свесен колку плачеше, велеше ќе немам татко, а јас што можев да му одговорам? ете не знаев, не знам ни сега... сабаајле те видов пак дома, ти што ме праша до кога може да седам овде, е до кога де? до кога? Знам дека кога тогаш ќе дојдеше до оваа, уште на самиот почеток јас и ти не бевме еден за друг, но ете некако останавме заедно досега, но отсега што ќе биде со нас? Очигледно ни јас немам некој одговор, од една страна те сакам до мене, ми требаше многу време да те засакам, не сакам да си одиш, но од друга страна, зошто ми го правиш оваа? Ќе видиме каде ќе не однесе патот, дали ќе продолжиме заедно или не, но ако во брзо време не се решиш да разговораме, да ми објасниш се, после ќе биде многу касно, ќе се видиме таму каде што ниту јас ниту децата не би сакале, а за тебе не знам... Ахх животе, што ми задаваш вакви работи?
Се сеќаваш ли како се запознавме? Доволен беше само еден поглед, еден збор и неколку текили, за да се навлечам на тебе. Доволни беа неколку дена за да ти се отворам, да ти верувам и да те чувствувам блиску. Доволен беше еден месец за да се заљубам во тебе. Е тој месец ме заеба во животот. Месецот заврши, ти замина и ми ја зеде сета љубов, сета надеж. Секунда беше доволна за ми го срушиш светот. Живеев неколку месеци во сивило, темнина и тага. Се додека не почнав да излегувам од тој мрак, расцветав и се вратив во реалноста. Но, се врати и ти, ми ги скина цветовите и ме врати во таа црна дупка повторно. Доволен беше еден поглед и еден збор да ме извлече од тоа дно. Но не, ме остави да гнијам. Секој поглед беше лажен, а секој збор остар нож со кој полека ми го сечеше срцето. Помина време. Помина болката. Помина и мојата љубов. И поминав покрај тебе и не почувствував ништо. Сега сум празна, а сепак среќна.
...И на крајот на денот на твоите гради заспивам... ..твојот мирис го впивам ..твоите раце се околу моето тело.. И ти со тој кој ги знае сите мои тајни ...кој ми ѓи лекува сите рани ...кој ѓи брише моите солзи и стравови ...кој ме чува како мало девојченце во овој страшен свет ...оној кој ѓи смирува моите лудости и исполнува сите мои фантазии ...истиот тој кој ме гали по косата додека не заспијам ...и ме држи за рака кога се соочувам со моите најголеми немири.. и се останато станува толку небитно...
Ми сметат тие курвите што ги следиш не можам да ги поднесам разбери ме . И доста со тој инает те молам.
Ќе успееме, веќе го гледам денот кога ќе се среди се и ќе си кажеме дека остваривме некој наш сон. Нетрпелива сум чекајќи го денот кога ќе скокаме од среќа
Те гледам на фб поубав си отколку што беше, позгоден, изменет, мажествен, поминаа 9 години а од тогаш те немам видено, никогаш не ни се вкрстиле патиштата низ градов, зарем толку е голем? Но, уште не си се изменил, гледам пак трчаш од девојка на девојка. Ах, колку те сакав и колку солзи потекоа за тебе.