И после 8 долги години сеуште си присутен... Далеку од мене ама присутен во утрата, зајдисонцата, ноќта, виното, милион стихови, фрази, циметот во секојдневното кафе, тишината кога ја имам само за себе... И секој пат кога некој ќе го изговори зборот ВРЕМЕ! Зошто времето лечи све велат, но не и тебе, не и нас, не и тоа што бевме некогаш! И тука си ми стуткан при срце за цел живот да ме потсетуваш за погрешните одлуки и за тоа колку можевме. Зарем беше битен некој друг додека до зори се кикотевме по топлите асфалти со пиво и моите штикли во рацете? Зарем беше битно туѓото мислење додека ги раскажувавме нашите цели, соништа, желби и се што ќе исполневме заедно? И постоевме само ние двајца, чекоревме само ние двајца, иако низ толпа народ, сепак само ние двајца ! Малку е целиот спокој на светов за да се мери со спокојот што го имавме кога ќе заспиеме еден покрај друг со испреплетени дланки, срца, воздишки ,ништо не е споредливо со тоа чувство! Сега те буди друга, и јас се будам покрај друг, но ништо не е исто... Залутавме низ животот слепи, глуви, неми, такви сме еден без друг! И знам дека ме бараш додека чекориш по нашите улици и знам дека срцето ти бие три пати посилно додека ги пееш нашите рефрени и знам дека знаеш дека и мене ми е исто! Непребол си, а можевме пак одново по жешките асфалти со пиво во рацете...
Се каам што те познавам. За гадење да не праиме муабет. Само да помислам на тебе ми се повраќа. Буквално.
Едно место, а толку многу чувства распламти во мене... Прв пат поминав покрај кафичот откако таму го испивме нашето последно кафе, местото каде бевме само јас и ти далеку од сите љубопитни очи... На ,,нашата" маса седеа сега еден маж и една жена, ми се врати сликата од нас двајца и уште повеќе сфатив колку проклето ми недостасуваш... Кога веќе беа разбранувани моите чувства, намерно отидов на паркингот да ја почувствувам уште еднаш твојата најсилна и најдолга прегратка, прегратка за разделба, прегратка која никогаш нема да ја заборавам. Очите ми се наполнија со солзи, ги скрив никој да не ги види и продолжив да чекорам храбро понатаму. Ќе чекам да дојдеш, да ја доживеам вистински таа прегратка, тогаш ќе те гушнам уште поцврсто и подолго.
Едвај чекам да минат деновиве и конечно да дојде 9ти август за да те изнагушкам, изнамирисам и бакнувам со часови. Нема во скоро време пак толку денови без да се видиме, ти ветувам.
Не знам како да ти кажам, имаше ноќи кога ќе ги затворев очите не можев да се сетам убаво на твојот лик ама сепак те чуствувам. Љубов ли е, што ли е? Боли и не поминува...
Фалиш, упм. Едвај чекам да поминат овие 3 месеци за пак да те имам во прегратки. Самата твоја појава ми носи радост, а помислата дека за некој месец далечината од 200 километри ќе се претвори во неколку чекори и ќе те гушкам многу многу многу ми дава сила да го издржам ова лудило.
Сакам до крај да бидам искрена, како и секогаш што бев. Повеќе од се ме боли што не беше ти искрен со мене, туку ми кажуваше приказни кои сакам да ги слушнам. Едноставно се прашувам дали те знам малце? Знам дека те сакам, ама веќе немам сила, твојата неискреност ми ствара одбивност. А немам сила ни да ставам крај. Ќе има ли некој друг како тебе? Дадов се од себе, се трудев да успееме, ти укажував на грешките, се трудам и јас да се променам, ама овие неколку месеци ме уништија скроз. Не знам дали ќе издржам. Ако не успеам, извини...
Нема зборови со кои може да се опише ова денес, твоите прегратки и бакнежи Ќе го паметам долго датумов, таа клупа и тоа прекрасно зајдисонце, тие спонтани моменти со кои ми ја згреа душата Те сакам премногу