Некогаш сакам да те тепам со машка, бела сандала, оние со црн ѓон и 3 каишки, од кои третата е стегната и малото прсте излегува надвор. А, некогаш си ми толку... не знам... прцул, што си викам очајно треба да сум покрај овој за да функционира во овој глуп свет. Потполно го сфаќам значењето на „Знам дека ништо не знам“, ама затоа те осеќам. Некако чудно. Ако почнам да објаснувам, дури и на мене ќе ми звучи ко булшит. Фала што те трпам и фала што ме трпиш. Мислам дека делиме исти трауми. High five! Уште да научам да не ги проектирам стравовите и да покакувам секогаш кога ќе помислам „Еј, можда со овој и ќе биде супер!“
Добро зошто ми правиш да сум најлигаво clingy суштество евер Никад не сум била ваква и пречудно ми е, ама убаво ми е. Не си свесен колку многу те сакам.
Неможам да поверувам дека те познавам од мојата 16 година и кога ќе ги погледнам годините назад, низ што сме поминале, верувај пресмешно мие. Секогаш сум знаела што чувстувам за тебе, ти за мене. Пресреќна сум што до детаљ ми го прераскажа денот прв пат кога ме виде. П.с фала што ги трпеше сите мои невротични напади и пак стош покрај мене ❤
Ме боли далечината Ме боли што не знам како да постапам Кажи ми што да правам Дали да те напнувам секој ден за да ти покажам дека сум покрај тебе, или да те оставам на мира... Кажи Што и да е помалку ќе боли од тишинава
Денес те спомнав онака несвесно кога зборував со другарка ми,ја советував нешто за дечко и,и направив споредба за него со тебе... А си ме спомнал ти некогаш мене,неважно дали намерно или случајно????
Ги преќутев и ги прифатив сите маани кои ти ги имаше, а тебе ти сметаше една моја И со друга да те гледам само среќен да те гледам
Досега не ме имаше спомнато во друштво, а најмалце па ја имаш оговарано мојата врска. Ох бе, уште ли ти е криво ?