Секогаш бев против тие врски на далечина. Кога некоја другарка имаше дечко на далечина се чудев како може да го издржи тоа. Не дека сега не ми е тешко, не дека сме којзнае колку оддалечени, но сепак ми недостигаш кога не те гледам недела-две, сега дури ќе бидат и три. Тешко е кога сакам да те видам бар секој втор или трет ден, а јас те гледам толку ретко. Сакам да те држам постојано за рака и да те гушкам, мене овие социјални мрежи не ми прават да ми недостигаш помалку... Се надевам стварно следната година ќе се преселиш тука, стварно ќе биде полесно...ако уште сме заедно, но се надевам ќе бидеме... Ќе ја издржиме и далечината и тоа ќе биде доказ за нашата љубов, колку е силна и колку може да помине преку се.
Повеќе те знам тебе...отколку што се знам самата себе... Повеќе ти верувам тебе...отколку што си верувам самата на себе... Повеќе те сакам тебе...отколку што се сакам самата себе...
Посакувам да се сретневме под други околности и во друго време ! Вака... мислам дека е предоцна да се исправаат нештата
Ти текнува ли за мене понекогаш? Толку многу те сакав и ти верував, а ти ме остави без збор. Многу ме разочара. Помина многу време, а се уште те мислам. Не заслужуваш. Само болка и солзи видов од тебе.
Смешен си еј! Дали сум сакала да се видиме, ма ни под разно. Не ми ја расипувај вчерта минатата година на овој датум се гушев, умирав поради тебе. Но ете помина се, добро сум, продолжив со животот како никогаш да не те имало, те избришав како што ти го направи тоа одамна. Никогаш не праша како сум после се, сега ми велиш сум те заборавила, секако, да не треба да те памтам . Ти си ми лоша лекција од која многу научив, лекција која никогаш нема да се повтори. Поради тебе ја изгубив довербата во сите, не верувам во никого , се претворив во себична личност која не верува во љубов.
Можеби и ти ќе почувствуваш на своја кожа како ми беше мене, како ми е мене, можеби еден ден ако дознаеш што е љубов. Само знам дека ти не си доследен за такво нешто, ќе уништиш се бидејќи не знаеш да цениш: почит, искреност, љубов. Ти не знаеш да ја цениш личноста до тебе. Се додека внатре не почне да те боли, тогаш ќе дознаеш што се си изгубил.
Љубов не го сакаше ти ова? Што е сега, зошто тој очај и желба за уште една шанса? И самиот рече дека сум ти едноставно совршена. Ти бев грнче на капачето ти се вклопував совршено. Но тоа ебено совршенство не постои нели? Го чекав денот кога ќе сфатиш што си изгубил и ќе бараш прошка. Кога си затрескан во едно нешто не гледаш ништо друго околу тебе. Баш така. Те сакав толку што не можев да видам колку само подобро пропуштам. Како после тебе? Јас како знаев и умеев продолжив со животот види ме среќна сум, те замолувам не ми го уништувај тоа. Љубов не си центар на светот само си една од безбројните ѕвезди на небото. Бев покрај тебе секогаш кога немаше каде но овојпат нема. Јас продолжив со животот направи го и ти тоа. И не гледај на мене како пропуштена шанса туку како добра лекција за како со девојка која знаеш колку вреди и знаеш колку само те сака..