Не знам од каде да почнам, жал ми е што не успеавме, жал ми е што никогаш нема да се видиме и покрај 5 години зборување, немам ниту сила ниту храброст да те видам покрај сите лоши работи кои се случија, среќа или не среќа што си далеку, како ли се чуствувам кога ќе ми каже некој да идеме во твојот град, голем град, но толку тажен за мене, затоа што знам дека и кога би дошла не би можела да те видам, толку блиску а толку далеку, можевме се да имаме, а не да имам на листа забранет град, не би сакала никогаш да идам таму, знам дека не би издржала, посилно е од мене, подобро е засекогаш да останеме странци кои никогаш не успеаа да се запознаат.
Конечно искочиме, не беше лошо воопшто, баш беше забавно. Само сеуште мислам дека нешто ме лажеш. Немам доверба во тебе. Но можеби и не сум во право, којзнае...
И сончевите зраци кои наутро ми се разлеваат низ собата, ми се поубави кога покрај нив се будам и со помислата на тебе Толку нешта нѐ поврзуваат, и толку емпатија... Не можам да си ја контролирам таа топлина и насмевка што ме облева кога разговарам со тебе, од длабоки теми во кои сфаќам колку не постоела личност со толку разбирање како тебе досега во мојот живот - до оние лабави муабети за серии, музика и хумор. Ептен си ги сакам и ми се посебни сериите и песните кои ги дознавам од тебе, си знаеш Сакам да се стопам пак во твоја прегратка, и пак и пак... се надевам ќе биде наскоро Мило мое, колку само ми значиш...
И на двајцата нека ни се проклети работите и парите. Ми фалиш како никогаш до сега. Ни една порака, ни една слика и ни еден телефонски разговор не можат да ми ја смират душава како твојата прегратка и твојот мирис. Уште малце. Ветувам!
Кога и да ме праша некој за тебе или за некогашното ние, раскажувам на еден од следниве два начина: #1 Го запознав сосем случајно на најнеочекуваното место во градот. Насмевка и очи кои не ги симна од мене. Не можам да кажам дека не ме воодушеви фактот што и покрај тоа што бев без грам шминка, мокра од дождот и со коса во тотален хаос од влагата, тој гледаше како само мене да ме очекувал Кога седев дома со паломи до мене, настината и без малку сила, твојата порака дека конечно ја пронајде девојката во чии очи се заљуби, ми делуваше како најпосакуван лек ... Љубов беше, знам #2 Тој беше сељак, јас не. #краткаљубовнаприказна Вечерва, посоодветно делува второво
Мислев дека секое чувство се опишува со зборови додека не те запознав и не ти погледнав во очи Кога ги гледам тие убави очи, како да се гледам себеси. Понекогаш мислам дека наоѓајќи те тебе, го најдов изгубениот дел од себе кој отсекогаш сум го барала. Како да сме едно, во две различни тела... Невозможно е да се опише таа длабока интимна поврзаност што ја чувствувам со тебе кога ме гушкаш, кога си разговараме, кога ме бакнуваш и допираш, кога ме скокоткаш и ме тераш да се смеам како луда.. Се' си ми ти мене, душиче
I guess that no one ever really made me feel that much higher Te deseo, cariño, boy it's you I desire
Уште ми трепери срцево кога ќе помислам на моментот кога прв пат ме бакна, прв пат ме гушна. Никогаш претходно не дознав како изгледа тоа чувство. Тоа за мене беше нешто најволшебно. Од тогаш наваму мојот живот се смени на подобро, мојот живот има смисла. Ти благодарам што си со мене и што секој ден знаеш да ми го разубавиш без разлика како сум се чувствувала претходно. Те сакам најмногу од се' на светов. Среќна 15 месечнина.
Го сакам спокојов дур читам книга, а ти развиваш нови технолошки идеи,ми мириса на багремов мед од кујната, а во душава блажина како од највкусните пралини на светов.И кога без повод, онака си праќаме сублиминални пораки со поглед или ќе си довикнеме:Те сакам....И јас тебе. Тишина.
Секое сабалје ме бакнуваш пред да излезеш на работа, ме бакнуваш и за добра ноќ. Ама знаеш, многу ми е слатко кога јас уште сонлива ги подавам усните за да те бакнам. Тоа ми прерасна во навика и инстинктивно се будам. И кога нема да се случи тоа го чувствувам твојот бакнеж во чело или образ. Има ли подобар начин да започне денот...
обожавам кога спиеш гол до мене..прикриен со чаршав само преку газето... кој знае ти во кој сон си ваков уморен..ама најубав си вака спокоен..