Грешно ме сфати... Помина проклет месец без да те видам, без да те слушнам, а ти ми недостасуваш проклето. Ми недостасува некогашната близина. Сите емоции се тука на место, само не и ти.
Секогаш ми ги подаруваш најубавите денови, ме почитуваш мене и моите најблиски, а јас како и секогаш се сомневам во твојата љубов иако во очи ми кажуваш колку ме сакаш. Не знам што ми е, но знам дека и јас те сакам.
Љубов моја,знам дека се што кажа е лага,ќе ,имам трпение и наскоро ќе бидеме заедно верувам знам и и мам интуиција.Иако сега малку сме разделени знам дека и двата се сакаме.
Беа повеќе месеци, еден по еден се ситнеше...останаа денови Сега нив ги одбројувам ко часовник. Со душа чекам пак да ти се фрлам во прегратки
Најљубов. Кога ќе ме стиснеш во себе толку силно колку да ти ја мириснам убавата душа. Колку да ми буричнеш во хаосов под косата и да створиш оаза, и колку само да ми го завиткаш срцево во мирнини... Па да ги смириш сите бури и невремиња... Во утробава закотвена чудно убава смиреност, мирно море под нозе и во мисли додека заспиваме и се будиме припиени еден до друг.
Некогаш знам да претерам, знам. Да ме фати оној преран пмс. Но, не очајувај. Тоа е минливо. Се мразам себе си тогаш знај. Се мразам за секој изговорен збор. А тогаш само сакам да ме гушнеш и да ми кажеш се ќе биде во ред. И да не е, доволно е тоа да го слушнам од тебе.