Вчера една другарка ме праша за тебе, па по краток, јасен и концизен одговор следуваше уште едно прашање, како е можно уште омраза да чувствуваш? Како да ти кажам, мене таа омраза спрема тебе ме одржа во живот. Ми даваше мотивација да не паднам во бездна од која тешко се излегува, да се трудам секој ден да се надоградувам на професионален план за да бидам подобра од тебе, да се трудам да сум физички активна за да изгледам подобро, да излегувам и да запознавам нови луѓе и да не се затворам дома. Ако бев индиферентна или ако ја немав неа, највероватно ќе западнев во еден репетитивен круг на просек, баш каков што си ти. Никогаш нема да престанам да те мразам, тоа е детски знам, недораснато, какво сакаш наречи го, ама моето тело не е криво што со секој атом од истото проектира една таква силна емоција кон тебе. И да, подобро ќе чувствувам омраза, барем тоа е силна емоција, отколку да сум емоционален трупец и вампир како тебе кој ништо не осеќа. Вака барем во живот ме одржува. А ако ја осеќам значи дека сум способна да чувствувам и други работи, здравје некогаш.
Каков вчера да беше... Ни во еден момент не сум помислила спротивно од онаа ДА што ти го кажав, јас не би можела да го замислам мојот живот ако ти не си во него. Те љубам секој ден повеќе и повеќе, се си ми
Би сакала да те сретнам само... Дечко од Дебар Да си помуабетиме само,нес еден да ми напраиш по мој вкус.
Не, не знаеш колку те сакам Не знаеш колку можам да сум спремна да ја ставам раката во оганот по тебе Не не знаеш колку сакам да ти угодам за да ја видам твојата насмевка и твоите сјајни зелени очи И кога сите беа против нас ние им ја покажавме љубовта И кога сите беа против нас ние им ги затворивме устите со успесите и долговечноста Е сега молчат не зборуваат намаат поттик и можда и се каат за сите горчини Би сакала да ми досволиш за секогаш да ја држам твојава рака да чекорам со нејзе да ме топли до срцето и да грее кога ми е ладно Те сакам..