Кажи ми, што ќе ми се сега твоите кукања дека погреши и дека ти е жал што ме изгуби? Што ќе ми е сега твојата покана да дојдам таму кај што си и да почнеме заеднички живот? Кај ти беа овие планови сиве овие години, кога мечтаев за истите? Во ниту едно сценарио не си замислував дека тебе ќе ти кажам не за овие работи. Болиш, и ќе болиш секогаш. Сите неостварени планови ќе ми остават белег во срцево, со надеж дека ќе ги реализираме во некој друг, паралелен универзум
Што станавме ние? Зарем толку бргу избледовме... Понекогаш помислувам на тебе. Особено пред да заспијам. Понекогаш и кога се будам, но знам веќе одамна нема порака за добро утро од тебе... Знам, јасно ми е, те нема веќе. Не ми фалиш. Можам без тебе. Доволно ми е ова. Доволно ми е брзото кафето што го пиеме по неколку часа, доволни ми се малите прошетки од неколку километри. Доволни ми се кратките муабети кои немаат крај. Доволно е. Нашите души се разбираат. Ние не. Мене ми умре егото, тебе ти се роди. Јас избрав да се сакам самата себе и да пробам да бидам среќна, ти ги избра годините, угледот, илузија за совршена врска... Но, секој со своите одлуки и по својот пат. И на крај пак твојата душа ја бара мојата. Тие знаат, она што ние не. Тие секогаш наоѓаат начин, време и место за да се пронајдат, ние не. Ние премногу се плашиме да бидеме заедно. Вака доволно е. Се надевам дека бргу ќе сфатиш што сме ние.
Ме праша...дали те сакам како првиот ден.. Не те сакам како првиот ден..те сакам многу..МНОГУ повеќе...
Изгубив и образ,изгубив и чест со тебе, ама дали вреди се тоа? никогаш неможам да си простам што направив со тебе .Прва грешка ,а 100% сум сигурна дека е и последна грешка ваква.Ги рушив сите принципи, ги погазив сите мои зборови и размислувања.А зошто ? Највероватно бидејќи никогаш не сум сретнала човек со толку сличности на мене. Една душа поделена во две тела.Барем така мислев. Никогаш неможам да си простам што направив. Ти знам дека не чувствуваш она што јас чувствувам,дека ти имаш потреба само да добиеш гола помлада девојка во кревет, а кај мене е друго,кај мене е многу повеќе од тоа.И со кој памет си дозволив до тоа да дојде,неможам да си простам.Од кога се деси тоа ти ја немаш ни истата почит кон мене што ја имаше.Сега ме гледаш само како особа што можеш да ја имаш кога ќе посакаш.Ќе и кажеш некој збор убав и ќе ја имаш.Ама сама сум си крива за тоа,сама сум крива што дозволив да се деси тоа,премногу лесно и премногу мизерно од моја страна,а уште повеќе и чудно ,бидејќи многу шанси сум имала, а ниту една не сум ја искористила,ниту пак сум се впуштила во некоја авантура.Цел живот верна и чиста,за на крај баш кога најмалце треба,да направам глупост. Те замолив за пријателство, викаш не сакаш, а јас се трудам да се тргнам од тебе на мирен начин, ама гледам дека пак исто продолжуваш.Тогаш си викам,собери девојко сила и тргни се сама,немора да ти е пријател,немој да молиш за пријателство, го изгуби веќе тоа и помири се.Го немаш она што го имаше порано,сама си крива. Да можам да го вратам времето,би било идеална опција. Со кое право ме допораш,со кое право си поигруваш со моите чувства,кога ќе ти текне,зарем немаш малку душа?НЕМАШ.Ти имаш само потреба за секс,ништо друго.Ја сакаш една и ќе ја сакаш до крај неа. Не ми се верува дека паднав на зборовите дека јас и само јас сум прва, ти сијам и ред други .Не ми се верува дека сега на овие години паднав на тоа.Како порано не паѓав на тие зборови и уште што не други работи и дела и зборови.Ама не, не беа тие зборови причина.Причина беше ти како човек,те запознав подобро од сите овие 3 години ,видов многу сличности со мене.Тоа ме спои до тебе. Господе, сакам да излезам од тука, бидејќи мизерно се осеќам и мислам дека не ми е место повеќе тука,знам дека и тој вика што стои уште тука со каков образ ако не ме сака.Си мислиш чим седи уште тука,значи и сама сака она што јас барам и сакам.Не, не е така.Верувај дека јас мизерно се осеќам и ниско што сум уште тука. Да бев само јас во прашање одамна ќе бев замината. Се потценив ради тебе , немам веќе никаква гордост и образ.Неможам никој да го погледнам во очи,а ти се уште сакаш да ме користиш. Само малку да знаеш како се осеќам и што чувствувам,можеби ќе ме разбереш и ќе ги ставиш во обзир моите молби да прекинеш,а не твоите потреби за секс И покрај се , остави да те сакам како човек.Немораш да ми бидеш ни пријател,нема со сила.Ништо неможе да е како порано,сфатив.Душата ми знае колку те сакам и колку ме боли. Да ти се плукнам и во тие пари што ги имаш и други што трчаат по нив , а ти како луд мислиш дека те сакаат. Тикви те сакаа.Ако една од нив барем малку те има сакано како јас што те засакав,симнувам капа.Те удрила парата во глава,мислиш можеш љубов ќе купиш со неа.Оди уживај ,прави што сакаш,мене остави ме.Премногу грешки направив со тебе.Итоа најмалце кога требаше.Забрането овошје си ти и јас.Дури ова кога го пишувам и кога пишувам дека стварно те засакав,мизерно се осеќам и лошо и се осеќам идиот спрема другите и си викам алооо со кој памет ова за друг пишуваш,ама ова само јас го знам и никој друг .Сепак ме гризе совеста. Ама се ќе помине, почнува по малце и кај мене да се средува и да се враќа во нормала,да имам нормален живот каков и што имав. Викаш ќе се тргнеш кога ќе ме замразиш.Неможеш да ме замразиш,бидејќи незнам ни јас сама што е тоа што не влече еден кон друг ама врти сучи можеби телата не,ама душите и мислите пак се еден кон друг ,а не ми е јасно зошто.Никогаш нема ни да сфатам. само се надевам дека ова ќе остане наша тајна,барем малку ако има почит нема да каже,барем и другите да не ме гледаат со други очи,доволно сама лошо се чувствувам,не ми треба осуди од други. Не сакам цел живот што личност сум градела ,за една грешка да ја изгубам таа личност и почит. Имам многу да ти кажам,ама се ќе остане во мене.И ова го пишувам да се олеснам,неможам тебе да ти го кажам ,веќе нема сврха никаков муабет,џабе е се. Под кожа си ми,во душа си ми , ама ќе бидам настрана и подалеку.Доволно ми е и од далеку да те сакам,да знам дека си добро. А уште повеќе се мразам што се ова го чувствувам за човек што ни еден дел ни мала третинка не чувствува исто спрема мене.Барем да ми биде полесно за грешката што ја направив.Буквално му е гајле за се.Е ЗА ТОА НАЈВЕЌЕ СЕ МРАЗАМ. Како и да е , чувствата додека умрам тие ќе бидат, штета што се кон погрешен човек.И да не сум тука, никогаш неможам да ја тргнам душата и мислата од тебе.Ама со тек на време барем ќе ублажи болката.А ти продолжи тие убави зборови да ги кажуваш на други, те бива за тоа,сигурна сум дека досега сите паднале само на тие зборови и на твојот џеб,а не во тоа внатре во тебе што имаш во душата и срцето твое. Штета што секој гледа таа твоја добрина да ја искористи.Ама и ти добиваш корист од тоа така да продолжи си така,МЕНЕ ОСТАВИ МЕ
Ми стана најсветлата точка во животов, ми го одбележа летово со најпријатна топлина Не можам да ти опишам колку те обожавам...
Ми фали да го сетам твојот мирис, ми фали твојата прегратка во која се осеќам сигурно. Ситно се брои ... Потоа мислам дека сите коски ќе пукаат Со душа чекам пак да го осетам твојот мирис . Со душа чекам да ми дојдеш.
ке престанеш ли да се однесуваш така со мене ? што ти е проблемот? зашто не си толку насмеан веке? кога се лигавам те гушкам те бацувам, бегај ми викаш...кога не го правам тоа, зашто не го правам тоа... одлучи се веке што сакаш.... те сакам...премногу, дури боли...
Ти... ти си дефиниција за емоционален ролеркостер. Не пошто си нестабилен (ок, мора да си малце, иначе не би те свидела на прво место ), туку пошто јас сум ултра-мега-гига нестабилна со моите чувства, стравови и што не. Се осеќам ко да те знам од почетокот на времето, а и ко прв пат да се запознавам со тебе. Растргната сум помеѓу „Леле, иста будала е, што ако го најдов правиот?“ и „Мех, види колку е подинамичен, не можам јас да се сносам со тоа.“ И леле, ко преку 9 брда и мориња да си ми. Ти викам ја идам со багажи и трауми, параноик сум, ти „Не се губи, ела да те бацам.“ Супер фино, дури не ти дојде да ме бациш кроз прозор. (Океј, технички, ме имаш префрлано и преку прозор, така да и тоа е пројдено... ) Знам. Немам доверба, мењам расположение, не покажувам некакви завидни емоции, ама не е дека ги немам. Малку е рано, малку појче сум cuckoo и шта чеш. Bear with me, I'll make it worth your while.