Знаеш дека сум нестрплива, не ми давај hints за тоа што си спремал за мој роденден. А едвај чекам да те видам и тебе и тоа што си спремал, ме ставаш у мисла. Ама добро се снајде со изговор за шо ти бил хамерот и украсната ќеса. Ама пак не можеш со мене, јас се откривам. Ајде утре нека дојде, да видиме Плус многу ми е криво што недела порано треба да прославам роденден со тебе, а баш сакав на денот со тебе. Но, мора да имам разбирање дека сега учиш и тие денови полагаш битни предмети, ако ги положиш и поминеш супер ќе бидам уште посреќна, роденден секако е само еден ден.
Фала ти љубов што си покрај мене во вакви моменти. Знам дека последнава година беше тешка, знљм колку те уништуеше мојата психа ама ете, отстрането е дето што предизвикувало такви мисли. Те сакам, да знаеш. Ја ценам секоја ситница, секој момент што ми го пружаш со внимание и љубов и грижа и среќна сум што се имаме. Те љубам! <3
Сончко мое, те молам биди ми љубов во вистинската смисла на зборот. Знаеш не те излажав за тоа што мислиш, премногу сум искрена со тебе и не би те никогаш излажала, тоа ти го докажав сите овие години и нема никаква причина за да го мислиш тоа. Но, сепак небитно е и да мислиш дека сум те излажала, бидејќи не можам веќе да се расправаме, немам сили за лоши зборови да си кажуваме, ми требаш стариот ти, ми треба љубов и нежност. Тоа, за да ми ги дадеш, знаеш ти реков дека го кажав од бес, повреденост и нервоза за сиот труд и што знам од колку многу работи се откажав за да го овозможам тоа и ништо не бидна. Прифаќам и да мислиш дека сум те излажала само биди ми љубов во вистинската смисла на зборот. Зборувај ми како понапред убави работи, гали ме со нежни зборови, одведи ме да се одморам од се, да заборавам се и да добијам се од тебе... Ми фалиш ти, оној на кого му верував бесконечно, оној на кого можев да се доверам за се, оној со кого бев сигурна, оној со кого имав љубов од бајките, оној покрај кој блескав, оној со кого разговарав за се со часови... Ми треба тоа време, ми треба тој сончко мој, ми треба да те гушкам и бакнувам до бескрај со восхит на мојот човек. Те сакам премногу и затоа не ме разочарувај повеќе, туку љуби ме се повеќе и повеќе.
Во моментов кога се ми е дојдено преку глава,само ти си ми лекот... Ти,баш ти,ти кој направи се за да ме оттурнеш од себе,а јас сеуште те барам во сечии очи и сечии раце Не,ова моето не е повеќе љубов,не знам ни сама што е,ама ми требаш денес
Надвор е студено, во собата свети ламбата со пригушено светло. Ние облечени двајцата во топли плишани пижами, покриени со топло дебело ќебе, гушнати еден до друг, јадеме Милка бабли (омилена ти е знам ) а ти нежно ме галиш по косата и со раката ме припиваш до тебе. Ме потсетуваш на нашите убави мигови при што не можам да ја тргнам насмевката од лицето од среќа. Полека ми се приспива, ги затворам очите, ги чувствувам твоите топли усни на моето чело и ти заспивам на градите... Во вакви мигови заборавам на се' што ме повредило и само можам да бидам среќна