Ти си онај тип на машко што мене стварно ми одговара! Ретко некој вака да ми остави впечаток. Незнам бившата дали има малце грам мозок што те оставила али јас не би те пуштила така лесно Незнам како ме гледаш ти, ама јас после ова денес дефинитивно те гледам со поинакви очи и ич не ми се битни годините. Срцка си.
Јас после тебе не сум истата личност.Пола човек сум со скршено срце.Душата ми е распарчена. Јас не ни можам да сакам друг како тебе што те сакав.Сакам само мир,затоа што години поминаа а јас не можам да те извадам од срце.
Се сеќавам кога немаше ноќ, а да не мислам на тебе. Години и години ми беше љубов, уште од мали нозе, но вечерва кога те видов конечно не почувствував ништо. Не си свесен каков терет падна од мене со сознанието дека те нема во моево срце, во мојава глава. Не си свесен колку сум среќна што срцево го отворив за друг, а тој друг колку и да е далеку сепак е присутен со мене, неговата енергија и топлина е тука, за разлика од тебе што ми носеше само мрачни и тешки ноќи. Фала што ме научи како човек не треба да се однесува, фала што ме научи како е да се сака друг. Фала што ме испрати во туѓи прегратки
Сè што мислам веќе ти имам кажано. Немам тајни пред тебе во врска со нас, драг мој. Се обидувам да ти најдам маана, но ја немаш, а ми треба да имаш. Ми треба да имаш макар една лоша особина за да ми биде полесно утре кога ќе се разминеме со патиштата. Мојата грижа на совест ја поистоветуваш со љубов, а не знаеш дека е само човечка, универзална емпатија која многу скоро ќе згасне, кога ќе ја видиш мојата друга страна. Онаа која вистински постои, но оние кои ја виделе не посведочиле да кажат дека е тука. Таа е сосем спротивна од сликата која ја имаш креирано за мене. Не ме терај да ти ја покажам, иако се плашам дека деновите до сознанието се одбројани.
Ти си најубавото нешто што ми се има случено, толку убаво што уште не ми се верува дека ми се случуваш Не знам како да ти се заблагодарам за самото твое постоење во мојот живот, како доволно да ти покажам колку ми значи секој од тие твои мили и нежни зборови, сета таа поддршка, надеж и мотивација што ми ги даваш... А кога ми велиш дека ти е толку подобро и полесно откако си ме запознал, се чувствувам поуспешно од било кога Навистина имам многу среќа да бидам сакана и да сакам таков прекрасен човек како тебе...
5 дена откако замина пак во таа земја, а мене ми се како 50 .. Уште цели 3 месеци ни остануваат.. но ќе издржиме љубов. Мразам разделби знаеш. Ми фалиш премногу среќо моја Едвај чекам да се вратиш, ноември е наш месец
Фала ти за прекрасните моменти што ги имаме преживеано. Посебен си човеку, не си ни свесен колку си посебен. Знам дека ќе ги има уште многу. Те љубам.
Ме прашуваш дали сакам да сум со тебе, да ги тргнеш сите останати и да бидеш само со мене. НЕ. Не сакам.Не сакам од безброј причини. Прво ради себе,ради својот образ и семејство.Не сакам никој да повредам,доволно беше. И да не беше тоа причина најголема,сепак одговорот ке беше НЕ. Зошто? Бидејќи знам дека само време пополнуваш, знам за што ме бараш.Кога другата ќе ти здосади ,или ќе се искараш,мене ме бараш. Кога идеш тука,ме гледаш како кукла,а не како човек, а викаш те сакам што си природна. НЕ, неа ја сакаш, на мене се палиш. мене ме посакуваш, но далеку од тоа да ме сакаш. кога ти е досадно ќе ме побараш,кога нема да ти крене таа,кога таа е зафатена. Љубоморен си за неа, затоа што ти значи. Ако вистина не ја сакаш,нема ништо да те интересира , а не цело време на штрек да си дали е со некој,со кого пишува......и ред други работи. Во твојот поглед има само поглед на заводник,мислам со очи ќе ме изедеш. ама во срцето ти нема ништо. а и да не беше така и да ме сакаше навистина како што збориш ,сепак одговорот мој е НЕ. Доволно беше. Твоите празни зборови истурај ги на други. совет би ти дала,повеќе на дела отколку на зборови да покажуваш љубов. Ама и така да беше одговорот мој ќе беше НЕ. Но и покрај се, те сакам ,никогаш неможам да те мразам, ти си моја позадина,моја сенка,неможам да замислам да те немам во животот,па макар и да не збориме ,па макар и да бидеш со 30 други
Еден во милијарда си. Да не беше ти, немаше да бидам ни омажена, ни да имам дете. Благодарна сум што постоиш