Ми се измешаа емоциите. Оладев. После толку време оладев и се плашам дека никогаш нема да биде исто. И ти се смена. Стана понервозен. Но, не и поладен, како мене. Не го гледав твојот проблем како проблем, и те мачев ден по ден. Сега те гледам како друг човек. Во последно време имаме повеќе кавги. Дали е само тежок период или тоа беше тоа? Мислев дека ти си човекот на мојот живот. Каде ли е таа мисла во моментов? Сакам да сум среќна пак. Со тебе.
Не можам со тебе ниту без тебе. Цел ден со луѓе околу мене, но ми фалиш само ти, постојано си ми во мислите.
Мислев дека навистина можам да сметам на тебе во тешки моменти, сфатив дека воопшто не било така. Искрено, ме изненади негативно а навистина многу те сакав, навистина.
Еднаш многу ти згрешив и силно те повредив. Вечерва ми се врати филмот од тој ден, листајќи низ пораките во телефонот. Не можам да ти опишам колку ми е жал и колку се каам за сета болка што ти ја нанесов. Ти ми прости, но јас не можам да си простам самата на себе. Те сакам многу и тоа ќе ти го повторувам секој ден. Ти си ми моето се'. И без разлика низ што минуваме, добро или лошо, заедно сме. Тоа е најважно.
Тебе те гледам радосен и спремен за нов почеток.А јас? Јас патам и ми е тешко.Викаш се ќе се среди ама како? Ти си радосен а мене ме гледаш како патам.Не викам да не гледаш како ти е тебе, ама види како ми е и мене.Не верувам дека ќе се среди.Ако љубовта е јака можеби и ќе се среди.Ајде са видиме.Ти пробај и среди.Јас неможам ништо.
Не си ни свесен колку сум среќна кога ќе те насмеам. И... ти се колнам дека поубава насмевка не сум видела.
И после толку години заедно, љубовта моја расте од ден на ден повеќе. Те сакам. Колку си само среќен кога ќе ме насмееш или израдуваш Знам дека тоа е вистинската и искрена среќа. Кога ќе ме гушнеш заборавам на се, твоите прегратки имаат магична моќ. Те гледам моментално како спиеш, и сакам да ти кажам колку среќна ме правиш секој ден. Ама ајде на те будам, ќе си пишам тука
Знам дека велат дека бајки не постојат и нема такво нешто како принц на бел коњ што ќе дојде да те спаси, но кога се појави во мојов живот беше so damn close to that. Се појави во период кога најмногу ми требаше иако тоа го сфатив подоцна. Денес не можам да замислам што ќе беше со мене да те немав тебе. Ти не си принц, ти си ми многу повеќе од тоа. Љубов, среќа, живот...се'!