Додека го носам ланчето што ми го подари се осеќам како да си ми некаде во близина, ќе го носам постојано за да се осеќам така.... Ми недостигаш многу, на понеделников што следи иако ќе ми биде еден од најглупавите денови се радувам што ќе те видам тебе после тоа.
1-ви септември... Си го реминисцирам летово и иако и оваа година го поминав воглавно во монотонија во градов, сепак ми беше посебно, како што ти кажав - само поради тебе Клише сум, и ќе барам од месецов да биде добар со нас... барам и се надевам на повеќе време со тебе, во заедничко уживање во есента Истовремено си ми и мир и возбуда, и сила и слаба точка... најмило мое
Нашата среќа допрва доаѓа, ќе издржеме се штом се имаме еден со друг. Тука сум секогаш, кога и да се свртиш ме имаш до себе !
Сабајлево на седмо небо ме однесе буквално во секоја смисла Додека светлината од надвор полека навлегуваше во собата, а цел град се уште мирно спиеше, ние бевме будни и опиени од љубов Од спиење нема спомени, а овие спомени ќе бидат зачувани само за нас, за кога ќе бидеме стари да има што да зборуваме После ваков почеток на денот оди тргни ја насмевката од лице
Те мразам.. Во вакви моменти те мразам... Какво срце имаш.. Што мислиш... Мислиш ли воопшто?! Требаше да претпоставам. Ама јеби га, понаивно суштество од мене и сам си свесен дека не најдуваш. ...До кога бе?! Па ќе ме барал за жена.. Далеку сме ние од тоа друже. Мноооогу далеку! Боже, којзнае во иднина што ме чека... Не ми мириса на арно.
Секогаш кога ке помислам на тебе ми се појавува физичка болка во градиве , не можам да дишам .... Ти благодарам за све , за тоа што ме остави за друга , за тоа што заборави што све направив за тебе , ти благодарам што ме остави иако знаеше дека ти ми беше све !
Знам дека кога и да ти речам дека си бил во право, се насмевнуваш во фазон "Знаев дека тоа ќе го кажеш!". Ама, да ти кажам, ПАК беше во право и за ова.