Се фаќам себе како читам сликичиња со текстови во кои се пронаоѓам. Уште посмешно, следам психолошки „трикови“ што некогаш сум ги прочитала во списание во 2006та. Аха, нозете ти се свртени накај мене, зениците ти се шират, ја креваш чашата истовремено со мене... ко тоа што пред сите ми ги бакнуваш рацете да не е доволно. Ко тоа што ти се тресеа и глас и тело кога ме праша да бидам само твоја, да не е доволно... Зошто кога еднаш, некогаш, еден ќе те усере емоционално, делува дека секој нареден иде со истата намера? Голема сум, треба да знам дека секој човек е свој универзум, ама... Ама па мислам дека и покрај тоа, те засакувам, али ќути си.
Дно дна ми беше денеска понашањето твое..Кај имав напорен ден и на крајот од денот кога мислам дека имам посебен свет со тебе за кој знаеме само ние двајца ти ми додаваш грижа на лицето.Се прашувам кај згрешив со тебе,што направив погрешно.Разбирам дека и тебе ти е тешко, ама јас не сум издувен вентил..Се што не можеш на другите да им кажеш в лице јас сум тука..Ќе се тешиме со старите времиња колку било подобро порано.Се додека не ми дојди преку глава еден ден. Па и јас од камен да бев ќе се срушев досега....
Ти велиш дека мразиш луѓе со маски.Епа и јас мразам такви луѓе, но јас ги мразам бидејќи јас не сум таква,а незнам зошто ти ги мразиш кога и ти носиш разни маски, го криеш вистинското лице ,имаш 10 маски резерва.Мака ми е само што мислиш дека некој е наивен и глуп.Можеби испаѓам во одредени моменти стварно будала и понижена,но верувај не е така воопшто. Свесна сум за се и знам дека сама се потценувам,но тоа сум го правела од преголема почит кон тебе,Но сфатив дека ти таа почит ја злоупотребуваш и си викаш ќе правам со неа како ќе ми текне,како и да е таа на крај ќе попушти наивна е. Ќе и симнувам цел свет,а после тоа ќе си замаинам без збор и ќе и се јавам да ми резервира да одам да шетам со другата,па таа ептен ме пичитува и неможе да ме одбие,ќе и кажам некој убав збор и ќе биде се во ред. Не е така, бидејќи тие убави зборови веќе почнаа воопшто да не допираат до мене,сфатив дека сум ја направила најголемата грешка во животот,ама тоа е,нема назад.Само обиди се да ја зачуваш таа почит што ја имам кон тебе како човек,зошто малку фали и тоа да го снема ,е тогаш и што сакаш прави, во моите очи ќе бидеш само еден обичен човек,ништо повеќе.
Фала и на мајка ти што те родила за денес да бидеш дел и од мојот живот. Те сакам. Не престанувај никогаш да ми покажуваш и кажуваш дека ме сакаш.
Види вака , не одрекувам дека немам чуства за тебе , дека не мислам на тебе , но постои но ..... Не можеме да сме заедно , јас не функционирам како што сакаш ти ... Не ја разбирам твојата упорност ... Откажи се од мене , не сум спремна за нешто ново , ниту имам волја за било што .... Мене ми го убиле и последното чуство во мене , но ти никогаш ништо не ме праша за тоа ... Не ме праша зошто сум сурова личност и што ми ја изело душата ... Знаеш дека си себичен ? Не ја свакам твојата упорност и откажи се од мене , не знам што да те долажам веке за да кренеш раце од мене ! Не ми е потребен никој ... Позз